Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.592
    Допаѓања:
    69.678
    Пол:
    Женски
    Доволно е со оф топици и навреди. Ако сакате да продолжите со некоја нормална дискусија без навреди префрлете се во соодветна тема, овде е доволно и ќе следуваат банови.
     
    На SummerGirl, @crnaovca и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. Elena1001

    Elena1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2016
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Незнам зошто сите се запнаа дека си отишла од нешто твое поради брат ти и снаата.
    Прво не е ништо ама баш ништо твое т.е собата или дел од киќата итн, тоа е на твоите родители и откако си завршила образование тие слободно можат да ти речат дека сакаат да живеете посебно. Ако тие сакаат дури и на снаа ти ќе ја препишат куќата или ќе ја препишат за догледување. Тоа е нивно.
    Второ бидејќи е на твоите родители тие одлучиле дека е дозволено брат ти да си донесе жена. Тие истите одлучуваат дека ќе замижат на се. И тоа е веќе нивен однос.
    Трето, одамна одлучиле дека ти си вишок и нема место за тебе. Мајка ти била спремна да останеш во лош брак само да не и се вратиш дома. Претпоставувала дека во иднина ќе има вакви проблеми бидејќи никогаш не била спремна да го пушти брат ти од таа куќа.

    Од каде можеш да знаеш дали можеби мајка ти го молела брат ти да не оди домазет. Којзнае какви биле муабетите меѓу нив. Можеби и снаата така се однесува бидејќи неможат да си одат од таму. Можеби им става на знаење дека ќе се однесува така со нив поради тоа што останале таму.
    Брат ти е виновен за шамарот но твоите ни пред ни потоа не те заштитиле, зошто е така само тие можат да кажат.
    Јас повеќе би се лутела на мајка ми отколку на брат ми.

    Ако не успеете да си ги средите односите за вакви убави работи утре ќе се немате ни за лоши, а верувај дека лошто знае да биде баш лошо.
    И секогаш си тргнувам од прашањето, дали ако дознаам дека пр.брат ми е болен или внук ми дали би отишла, што зарем тогаш ќе ги заборавам шамарот и веќе кучето нема да ми е на прво место.
    Одговори си сама.
     
    На Stressed Out му/ѝ се допаѓа ова.
  3. m.m12345

    m.m12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    318
    Имам пишано наназад пост дека мајка ми е најтоксичниот лик во приказната.
    Точно е дека не е ништо мое но ако е така не е ни на брат ми. На родителите се води куќата. Нив никој не го праша ниту за женење, ниту за куче туку така се наредија картите. Значи стана тема неколку пати да седат кај снаата но таа не сака, пишав погоре. Дури и сватовите се изјаснија ако е нужно нека идат таму, но моите имале машки деца требале да создадат. Точно е дека моите не преземаа ништо а за тоа многу ќе се каат еден ден. Како и да е јас воопшто не се чуствувам избркано. Очите ми ги отворија и фала им. Иако плаќам кирија ми остануваат пари ппвеќе од порано и многуу поодморена сум. За разлика од порано кога морав да купам и зготвам за 5 луѓе. Моите купуваа но секогаш мешто фалеше од храна до хигиена. Ниту можев да одморам како човек, цели ноќи се тропаше и галамеше пред врата. И ред деуги работи да не набројувам и не, не се тешам со ова, вистина е очите ми ги отворија и фала им во спротивно вечно ќе слугував сигурно и детето ќе им го чував.
    Јас одамна решив за мене тие двајца се избришани, мајка ми исто и така е најдобро. Ако почнеме пак да контактираме само ќе има недоразбирања ништо друго.
    на крштевка најверојатно нема да идам.
     
    На riba79, mKdevojce, ALISA0000 и 21 други им се допаѓа ова.
  4. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.355
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски

    Како и да е ти си ја надраснала ситуацијата и си излегла од куќата.Вложуваш во себе и имаш мир тоа е најважно.Правилен избор што треба и брат ти да го практикува.Ама негов избор.
    Мајка ти како и многу што ги има такви,е сеуште со оние застарени размислувања.Ако се машки треба тука да останат и да ја догледуваат(секако нема).Па што ќе речат комшиите итн.Нив не можеш да им ги смениш ставовите,тие така се пораснати.Се најдобро
     
    На LibreGirl, noteforself, Panda00 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.034
    Пол:
    Женски
    Да можам би те гушнала :hug:
    Биди среќна што си се тргнала верувај ќе го осетат твоето отсуство, или веќе го осетиле затоа те побарале. Сега нема кој да им слугува. Знај си ја својата вредност а вредиш бесконечно многу!
    Кога ја дознав целата ситуација и мој совет е да не одиш на крштевката. Преку шамар никогаш не би поминала.
     
    На nextredstyle, CameliaMiller, LibreGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.519
    Допаѓања:
    29.236
    Пол:
    Женски
    Леле жити све.
    Да нивно е и они одлучиле така и членкава може да одлучи више да не ги есапи 2%.
    Ако дојдеш кај мене и сама си јадам чоколадо ќе речеш ли па добро, нејзино е чоколадото, може со кого сака да го сподели?
    И ги молела бе. Брат ѝ е возрасен маж што се оженил и станал татко, со сила не може никој да го натера на нешто освен што ти ја знам, закани по живот.
    А дека ќе бил болен братот, можда е пресурово ама нема што само у лошо да попушта кога они нејзе не ја есапеле ни во добро. За внукот фала богу не важи истото
     
    На nextredstyle, CameliaMiller и JasBee11 им се допаѓа ова.
  7. MB993

    MB993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2023
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Секоја чест што не потпаѓаш на детски фори и убедувања. Само продолжи така, ти посакувам се најдобро. :l: А членкиве што тврдат дека треба тие да оделе, ти да си останела, очигледно не знаат што значи да имаш свој МИР. |(
     
    На ALISA0000, LibreGirl, Panda00 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. arwen93

    arwen93 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2017
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.034
    Пол:
    Женски
    Никаква поддршка не и даде на членката и никако не и помогна. И сега не сакам да одам оф топик и да продужувам со коментари на вакви мислења ама твоите кога би ја препишале куќата на брат ти или сестра ти а тебе би те избркале сеедно ќе ти биде?
    Според мене ако сметале дека брат ѝ и снаата треба да ја наследат куќата нејзе требало да ѝ купат стан. Ама очигледно полесно им е вака за нели што ќе кажат комшиите, срамота е. И не, не мора да трпам никого и ничие токсично однесување, не е битно дали сме фамилија или пријатели.
    И самата членка кажа сега има мир откако се тргнала а тоа е најбитно. Што е поентата да креираме сценарија што би било кога би било? Ако дојде до таква ситуација не дај Боже тогаш ќе си одлучи самата. Сега веќе е одлучено.
     
    На bookslover, CameliaMiller, LibreGirl и 2 други им се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.495
    Допаѓања:
    279.983
    Не оди, ни случајно со сила.
    Храбра си и паметна. :hug:
     
    На riba79, ALISA0000, JasBee11 и 5 други им се допаѓа ова.
  10. @crnaovca

    @crnaovca Активен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2025
    Пораки:
    70
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Само едно ќе кажам. Ти си ќерката на таа куќа. Се што поседуваат родителите тоа е и твое и на браќата... Не може една жена што дојде вчера да одлучи дека ништо од таа куќа не е твое...
     
    На JasBee11 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.603
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Ова важи за во салам фамилии.
    За во нејзината не. Пошо нејзините веќе одлучиле дека се тоа останува на браќата пошо се машки а она пошо е женско им смета на сите.
     
    На SummerGirl, BellaBibi, JasBee11 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    21.495
    Допаѓања:
    279.983
    Ништо не вреди ниеден имот, ако треба мир да немаш.
    Девојкава е многу паметна и најпаметно постапи.
     
    На SummerGirl, Nausicaa, JasBee11 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    15.091
    Македонските „питоми“ луѓе, тепале женско дете, па избркале од дома, вишок им е. Никако да не им одиш на крштевката на тие ѓубриња. Избриши ги скроз, а реално штетата е веќе направена и е голема, но биди силна. Тоа не е семејство, тоа е мачилиште, ИСИС камп.

    Па и ги хранела бе тие волови, им готвела, купувала храна, оф бе мизерии гнасни. Примитивци.
     
    Последна измена: 12 јули 2026 во 17:31
    На Mazegin, SummerGirl, ALISA0000 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.603
    Допаѓања:
    34.337
    Пол:
    Женски
    Таквите заслужуваат сите внучиња од синовите да им излезат дека не им се биолошки внучиња. Нека им се сотре лозата пошо нели , само преку мажето се пренесува тоа.
     
    На SummerGirl, arwen93, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    10.248
    Допаѓања:
    15.091
    Заслужуваат долга и бавна смрт и никој да не ги погледне.

    Ја викаат не оти им е гајле, туку да не ги зборат роднините. И којзнае какви приказни ќе шират после, ќе шират невистини дека доброволно отишла под кирија или дека тие плаќаат за да седи под кирија. Секое женско што не е рамноправно со машкото при поделба на имот е исто како сирак или бездомник.
     
    Последна измена: 12 јули 2026 во 17:53
    На SummerGirl, JasBee11, LibreGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. butterflysk

    butterflysk Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    4.580
    Утре ако те ишамара тебе маж ти ќе ти кажеме заборави го шамарот битно да се имате за лошо, за арно на стари години. ^_^
     
    На Aschenputtel, Nausicaa, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  17. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    18.152
    Допаѓања:
    124.650
    Пол:
    Женски
    Немам на форумов поглупо мислење прочитано, а зачленета сум од 2012 ... Браво :bow:
     
    На theowndemon, Aschenputtel, Mumoftwo30 и 13 други им се допаѓа ова.
  18. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.610
    Допаѓања:
    10.665
    Пол:
    Женски
    Што има глупо во мислењето?
    Во право е сосема. Самата нејзина мајка била против нејзиниот развод, дали ради комшии, дали да не си нарушат комфор. Ајде се доселила, посвоила и куче, не на барање на нејзиното семејство. Вели му ја отстапила собата, што се прашувам, каде па живеел братов претходно и дали па тој воопшто имал своја соба. Исто така, вие не сте одбиле храна од кај свекрва, золва, што и да е? Се сеќавам во бременост, од нигде ништо не јадев. Од се ми се гадеше, ако имаше салата, ако јас не ја измиев, не ни јадев. Што можеби и тоа било причината. И на крајот не чекале, сепак си купувале за себе. Не знам за сметки како биле поделени, ама ако за тоа не давале, има право секој да се лути. Не значи дека ако сестрава го напишала проблемот, дека тоа е целосната вистина. Самата во неколку наврати, спомна дека им изнакажала се и сешто. А не може никој да ме убеди, дека може да биде имун на секаква навреда.

    Исто така, како знае дека нејзините, на снаата, со отворени врати ги чекале кај нив да дојдат, а овие решиле да се стискаат. А од друга страна, прво вели биле образовани, ситуирани, по ситуацијата со кучето, нискоинтелигентни. Ко прва снаа да е, што родителите едвај чекаат да се отарасат. Значи тоа не може да знае, каква е ситуацијата со нејзините. Може односот пред луѓе да им биде изглед на совршено семејство, дома покољ.

    Тие тргнале сами да живеат и веројатно се прерачунале дека кирија во Скопје и бебе е незамислива ситуација. Може затоа и одбиваат да градат, затоа што не се гледаат да живеат на куп. Мислам и кој нормален би градел, ако не планира да остане таму.

    Многу бракови започнале од заедници, но по имањето на принова, направиле многу повеќе.

    Имам куп примери. Сите што имаат деца моментално, почнале со најтрошно, или под кирија, или во мал стан, сега сите се ситуирани во големи станови, куќи, некои па и не знаат веќе колку имања имаат. А другиве што чекаат на бинго да им падне за да имаат деца, уште се заглавени или со нивните или некои чудни комбинации. Децата се секогаш мотив да одиш напред. Кога немаш и се задоволуваш со помалку.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. m.m12345

    m.m12345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    318
    @ArabellaStarfall снаата е од друг град, додека беа во врска со брат ми живееа во Скопје под кирија таа таму студираше, тој работеше. И тоа траеше можеби некои 2 години, а како живееле таму кој им готвел, чистел, перел навистина не ми е јасно. Мислам дека можеби и снаата не е мрзелива, туку можеби 'нашата' куќа не ја чуствува како своја и си одбира да си седи во соба. Откако го заврши таа факултетот се запросија и прво рекоа не сакаме свадба, но пошто таа е едно дете нејзините инсистираа и брат ми запна. На сета немаштија мајка ми заглави со кредит и направивме свадба, се вселија кај нас дома. Брат ми си имаше соба предходно со другиот брат ја делеа собата, а помалата беше моја пред да се омажам. Не ја одбиваа храната кога имаше оризче, мусака, месо, макарони компири на секаков начин, нешто пржено си јадеа и тие. Но на пример кога ќе се зготвеше некоја посна манџа, пире, риба или нешто што не им одговараше тие си јадеа надвор или ќе си купеа сендвич и во соба. Се случуваше при крај на месец навистина да нема ништо во фрижидер и тие не се замараа. Секој обид да им се каже нешто завршуваше со кавга. После извесно време почнаа да даваат пари за пазарување но направија проблем за кучето. Имам пишувано наназад д ане се повторувам
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    6.519
    Допаѓања:
    29.236
    Пол:
    Женски
    Да да ете гледате, скап животот, се нема за кирија, за греФ кутрите.
    Не знам стварно кој ги жали овие.

    Некој те примил да не се ебаваш со кирии, уште и бараш преку леб погача.
     
    На LibreGirl, JasBee11, _Vera_ и 5 други им се допаѓа ова.