Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.394
    Најдобро што родители може да ти дадат е да ти платат врвно образование, надвор по можност и да ти дадат ум кога ќе ти треба. За љубов и поддршка по дефиниција се знае.
    Стан после сам ќе заработиш.
    Џабе куќи муќи ако те е..т во мозок после.
    А со брат или сестра на нож , а некои буквално со нож се, срам е за старите, нивен грев оти не се фер, за да му учинат на едно, си ги трујат децата меѓу себе. И да ги прашаш, пак не разбираат што направиле.
     
    На Elena1001, TeddyGrey, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    @Cosmi Ако гледаме надвор од холивудските оквири, оние луѓе кои сакаат да успеат - успеваат. Јас имам слушнато само за неколку предбрачни договори и во еден од случаите истиот вредеше.

    Како и да вртиме, од моја гледна точка, љубовта не е никаква гаранција. Ниту за мене, ниту за моите деца.

    Мислам дека веќе пишав, јас не можам да гарантирам за себе си дека нема да направам некоја непромислена работа за 20 години, а уште помалку можам да знам дали ке го држи паметот него. За да сите бидат заштитени од финансиски аспект постои потпис кај нотар.

    Мене во најмала рака ми е лудо, и двајцата партнери да вложуваат, на имотен лист да стои само едно име, а во иднина да зависи животот на другиот партнер и децата.

    Нека ме поправи некој правник, но мислам дека си грешка. Јас мислам дека, доколку дојде до развод, партнерот не може да го зеде наследството од родителите. Но, доколку, партнерот сака, може да го стави мажот/ ја стави жената како ко-сопственик на имотот кој гласи на негово име. По некоја логика - наследуваш имот и можеш со него да правиш што сакаш.
     
    На WildMk и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  3. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Ни јас не сум правник, но пошто и јас и дм имаме имот за наследување, а нели сакаме правно предбрачно се' да средиме, се распрашавме и ни кажаа дека наследството не се дели, т.е. не може да биде наследник снаата/зетот.
     
    На Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Дури и ако е во брак доделен поклонот/наследството?
     
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Дури и тогаш.
    Има разлика меѓу стекнато и наследено.
    И фала Богу што е така.
     
    На Feminka22, cresa-jagoda, NarCis@ и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Не не, јас мислев на веќе наследен имот. Да речеме, синот добива куќа и истата е на негово име, значи во имотен лист стои неговото име, дали во тој случај може да ја стави и жена му како ко-сопственик?
    Јас мислам дека откако партнерот ке го наследи имотот, може да располага со него, т.е. може да го продаде, да го подари на друг, па и да ја стави жената или мажот како ко-сопственик.

    А за наследување го знам законот. Имот кој се наследува по склучување на брак, не е предмет на делба во случај на развод.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller и WildMk им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.978
    Може да ја стави како косопственик од причина што тој веќе располага со тој имот.
    Во тој случај и таа секако и понатаму има право на дел.
     
    На cresa-jagoda, Rebecca_R и WildMk им се допаѓа ова.
  8. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Значи дојдовме до она што го зборевме јас и ти на почеток. Од правен аспект, доколку сакаш, можеш да ги средиш односите.

    Љубовта не е никаква гаранција. Ако е, тогаш нека докаже мажот дека ја сака жена си и нека и препише се на нејзино име.
     
    На Feminka22, cresa-jagoda, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Ако заработуваш за основно, или поточно трошиш од месец за месец, зошто воопшто би размислувала за договори и бараш сигурност некаква во случај на развод? Сте влегле во брак само со плати кои покриваат основни трошоци, сте купиле нешто ситно за да ви е вас лично поубаво и поудобно дома, па со што сакаш да си заминеш? Ивана Трамп за сиромашни нешто? Спратот не е твој освен кауч и спална пример може да си земеш, ти кај твоите ќе си одиш, тој кај неговите, од кај што сте дошле. Кола ако сте купиле во брак ќе се дели на пола, што друго? Пари на сметка ако имате нешто плус никој не може да ви ги земе, не разбирам, што ќе делите?
     
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Некои имаат многу.
     
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Кажав за кои, просек некој во Мк.
     
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Тие не прават предбрачни договори де.
     
  13. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Не ни живеат со свекор, золва и девер во иста куќа а јас такви постови читам овде, не за тие двајца или тројца за кои сте слушнале дека имаат предбрачен.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Можеби и добро е да имаат предбрачни сите. Многу жени кои се во насилни бракови немаат финансиска можност да се одделат.. па остануваат и страдаат.
     
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Ама чекај сега.
    Од една страна ок е предбрачен договор,за да тој што има повеке не биде оштетен,да не му земе партнерот.
    А од друга страна оној што има стан треба да и ја препише веднаш сопственоста и на жената.
    Зошто?
     
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.415
    Допаѓања:
    90.682
    Пол:
    Женски
    Напротив,баш со предбрачниот ке бидат шутнати без ништо бидејки постоечкиот закон дели на пола,со предбрачниот може да добие и ништо.
     
  17. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Мешаш сега насилни бракови и тука да, жените треба да имаат помош некаква ама нема врска со долгорочно обезбедување. Во нормални примери, кој треба да и обезбеди неа живот каков што ниту сама, ниту родителите можеле да и обезбедат, ниту партнерот за себе не може да си обезбеди? Збориме да има живеалиште за себе после развод за да не се враќа кај своите, така? Кој треба да и го даде ако партнерот уште живее со неговите?
     
  18. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.715
    Пол:
    Женски
    Не не, мојот став е дека во бракот никој не треба да биде оштетен. Доколку во некој момент љубовта заврши или некој изгуби памет, партнерот да има правна можност да го добие она што е фер да го добие. Од реален живот има примери каде што партнери останале на улица, ама и партнери кои културно биле ограбени.

    Значи вака, ако двајцата вложуваат пари во купување/ градење, двајцата треба да се сопственици. Ако станот е купен со пари на еден од партнерите или е наследен, тогаш другиот нема што да се меша, во случај на развод, ке делат мебел, апарати за домаќинство и кола. Доколку едниот дава 2 пати повеќе пари од другиот, истото да биде запишано на лист.
    Првичниот муабет беше дека нема резон снаа да вложува во имот кој е на име на свекор и свекрва, и обратно, зетот да не вложува пари во имот на име на баба и дедо.

    Цело време и љубовта се провлекува низ муабетот, а најчесто жената е таа што треба да ветува во дадениот збор, па прашав, зошто мажот не докаже дека ја сака со препишување на имот.
     
    На Cosmi, CameliaMiller, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.976
    Допаѓања:
    45.677
    Пол:
    Женски
    Еден мој многу близок пример имам што оди со муабетов иако е офтопик ќе го кажам. Пријателка на мајка ми, на 50 год дозна дека маж и 10 год си има љубовница помлада од него и дете со неа кое патем е 8 год. Имаат огромна куќа која беше негова наследена од неговите, фирма која заедно ја подигнаа, поточно таа ја подигна зошто жената е и интелегентна и мудра, тој не вредеше ни една солза нејзина ама ајде. Пари на сметки и свашта. Да дојде ден кога зедоа да се разведуваат и договорот бил се да препишат на децата, имаат 3, подеднакво за да не има кавги меѓу нив двајца кој што стекнал, а и меѓу децата. Да остане таа шеф на производство додека синот научи да работи, оти тој ќе ја води фирмата, а тој да биде како работник во фирмата, ептен оти ја беше жал во име на долги години брак да го остави без работа пред пензија за неколку години. И дојде денот кога дотичниот бараше од нејзе да препишат и дел од фирмата на неговиот син со љубовницата оти тој немал што да му остави после се што поделиле. Па не сакаше да потпише развод, ја мачеше со месеци, жената остана без заби, коса и нерви од стрес. Секако тоа не се случи, што праеше како праеше женава, то си остана без куќата која беше негова, не знам што и како направија, парите се поделија на деца на сметки и на сите по еден стан и купија, фирмата се подели на децата, тој остана со стан и сега ми е комшија, живее во стара зграда со две соби и од џип се спушти на скутерче.
    Во случајов да закон е да поделат се подеднакво, ама жената во никој случај не сакаше нејзината мака толку години, се што печалила и се што требало да биде за нивните деца, пола од тоа да остави на него за некоја си таму да живее на нејзината мака и пот.

    Така да не можеш да знаеш што ќе те снајде за 20 год, тоа е точно, оти они имаа среќен брак многу години. Обезбедување си треба, за недај боже.
     
    На Elena1001, TeddyGrey и Feminka22 им се допаѓа ова.
  20. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Треба, штета негова што не се обезбедил.
     
    На TeddyGrey и Feminka22 им се допаѓа ова.