Снаи и золви

Дискусија во 'Брак' започната од tocka, 28 јануари 2011.

  1. AmericanWoman

    AmericanWoman Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    559
    Лета снаата, ама лета и синот :)

    И јас се согласувам дека е пожелно да се обезбеди посебно живеалиште пред бракот, но свесни сте колку е тоа тешко во Македонија. Не мора одма осуда на луѓето кои од разно разни причини останале да живеат во заедница со постарите. Поентата е како да се најде хармонија при живот во таа заедница.
    Не се слагам дека снаата треба да биде безгласна буква во семејството бидејќи не израснала во таа куќа. Сигурна сум дека финансиски придонесува многу повеќе од золвата за одржување на тој дом. Евентуалното право на наследство на таа куќа ( не е веќе дом, туку е куќа ) на золвата не и дава право да се понаша како газда. Далеку од тоа дека нема право золвата да се врати дома да се види со нејзините, и јас си одам кај моите и седам некое време, но свесна сум, а веќе и самата почнувам да се осеќам како гостин во таа куќа. Јас имам многу близок однос со моите родители, се слушам по неколку пати во денот со нив, кога сум во МК често знам и да останам кај нив дома некое време, но се си има граница.
     
    На BoaVista, Kate Rina 93, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. princess5

    princess5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    4.998
    Допаѓања:
    34.764
    Пол:
    Женски
    Се знае... но за некои од снаите е проблем ако и золвата ја следува :)
    Што би рекла и јас среќа што ИМА татко што да подели и мислел на 2те деца Исто:D (иако сме независни и 2та)
    Пс.да се редактирам не дека јас сакам дел или како и да подели Туку тој така си мисли ...а да се карам со брат за имот немислам
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mami3

    Mami3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2020
    Пораки:
    1.669
    Допаѓања:
    2.815
    Пол:
    Женски


    Kako ostanuva na bratot????
    Pa zenskite deca za sto se....
    Imam dve kerki (i jas kerka ) ni vo ludilo ne bi gi ostavila bez nisto!
    A i bratot kako brat ako ima 2 grama i toj ke znae deka i tie se deca na istite roditeli...
    Sin mi utre da im kaze na sestrite se ostanuva na mene vie snaogajte se
    Izvini ama ne sum gi rodila za da gi "dadam vo nekoja kuka" i nekoj da gi tretira na ovaj pogore napisan nacin!
    Boze mili sto covek nema da cue!
     
    На Elena1001, cresa-jagoda, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.659
    Допаѓања:
    175.146
    Пол:
    Женски
    Јас и си сакам пола и ќе се налутев ако не ми дадеа пола. Па ако требаше и ќе се скарав со брат. Оти имаше што да се подели.

    Да имаа моите само еден 50м2 стан ќе сакав и од тоа дел. Ама ќе го оставев брат ми таму дур се снајде. 5 10 години , колку ќе му требаа толку. Ама ќе се договорев еден ден да ми ја исплати половината.
    На гости ќе одев , кажав. Со осет.
    Секојдневно чмаење без врска ќе ми ствараше нервоза пред се на мене, а сигурно и на нив, на снаата и брат ми.
    А снаата до утре може да се лути што ќе земам дел.
    Јас со неа тоа не би го разглабала:)
     
    На ocicka2014, cresa-jagoda, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.588
    Пол:
    Женски
    Друг битен момент што сите го прескокнавте е тоа што золвата не само што на секои 2-3 дена оди кај нејзините и останува по 15, на страна тоа, туку оди со мало бебе, притоа знаејќи дека братот има поголемки дечиња кои се гласни за нон стоп да ги кара. |( Зошто побогу да му го праам тоа на бебето и на децата?!? Оти ми е досадно?! (facepalm)
    А за да ја оправдате еве што додадовте на приказната:

    - пффф таа(снаата) ќе кажува кој како ќе доаѓа (а уствари девојчето си се пожали само на форум ебате беља)
    - ради неа (снаата) старите да не можат да си го видат внучето (не сироти тие снаата строго им забрани да си го гледаат внучето) (facepalm)
    Дал сте нормални како си додавате некажани зборови?!

    Да, домот на родителите припаѓа на сите нивни деца еднакво. Тоа сепак не значи дека не треба да се има осет за сите останати кои живеат во него само поради свои лични каприци. Мислам вие немајте си осет, ама.. нат најс дечки.

    Кога се живее во заедница сите прават жртви. Зошто во заедница никој од лепота не живее туку од што мора. И за да на сите им е малку поубаво сите треба да имаат бар малку осет. Едноставно е многу. Само ете, некои повеќе сакаат од инат да комплицираат.

    И дај не глуматајте како не знаете колку е тешко да се живее под кирија со македонска плата. Срамота е за сите што сте се снашле и ви се посреќило, да сте толку дрски и зајадливи кон оние кои сеуште си го бараат своето место под небото.
    Никој не побара совет дали и како да се оддели, па извадете си ги носевите од кај што не им е местото.
     
    На BoaVista, Pelargonium, Кена Рис и 16 други им се допаѓа ова.
  6. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.969
    Пол:
    Женски
    Просто е бе Џони. Правно гледано кои се наследници, децата? Или децата со своите сопружници? Дај, не го тупете! И ова што @Mantub го збори е баш за заштита на правата на жените. Ја изедначува сестрата со братот, а не (што за жал се уште е чест случај) женското се исклучува од наследство. Снаата е гост во куќата на мажот, па вие како сакате кажувајте. Во случај на развод се знае кој си заминува ;) И место да се советуваат жените да бидат самостојни и да тежнеат кон сопствен дом, ние се уште се занимаваме со средновековни теми и мешање во туѓ имот и односи.
     
    На bittersweet, cresa-jagoda, kukla21 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Ама нема врска муабетов со правни односи, тоа си е све у ред се сложувам дека така треба да е. Ама да кажеш дека снаата е гостинка у куќата на мажот и неговите родители е малку невкусно.
    И никој не е прост и глуп толку за у случај да може да си дозволи самостоен живот да се реши за живот у заедница.
     
    На Pelargonium, Kate Rina 93, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Лета и тој ако мисли дека куќата ја заслужува повеќе од сестра му. За родителот двете деца се исти, и ако братот мисли дека сестра му треба да пази кога доаѓа, колку седи и слично, мене лично мнпгу би ме налутило. Ама тоа не се решава кога ќе направат 30 години и ќе се женат, ако цел живот ги воспитуваш на еднаквост, нема ни да дојде до ваква ситуација.
     
    На cresa-jagoda и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  9. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.659
    Допаѓања:
    175.146
    Пол:
    Женски
    Јас изгледа без осет сум.
    Живеам во заедница, т.е иста куќа различни спратови.
    Мм си има друга своја куќа, јас имам од моите стан.
    Ама одлучивме тука да сме , сите на куп:D
    И не, не се осеќам ко гостинка.
    Имаме можности скроз да се осамостоиме, али не ми пречи и вака. Т.е пробавме ама за брзо се предомисливме и си се вративме
    тука, пред очи да ни се орливе:D
     
    На Kate Rina 93, princess5, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Тоа е веќе друго, и јас би немал проблем да ти кажам право. Полна куќа луѓе поголем потенцијал за караници:rofl: Онака досадно ќе биде:D
     
    На Kate Rina 93, Svetoslava и Bubce38 им се допаѓа ова.
  11. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.168
    Пол:
    Женски
    Сарказам е тоа.
     
    На *Amethyst* и Bubce38 им се допаѓа ова.
  12. FVP

    FVP Популарен член

    Се зачлени на:
    26 септември 2018
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    1.201
    Пол:
    Женски
    Ајде да речеме братот и сестрата имаат еднакви делови од куќата, тогаш снаата има половина од братот. Таа не е бесгласна буква, но има помалку право од золвата. Од втор ред наследници двете деца на братот имаат по половина од половината, а бебето има 50% од целото.
     
  13. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.940
    Допаѓања:
    53.169
    Пол:
    Машки
    Кој збори за наследство ? Тука муабетот е за персонални односи, настрана на кого колку му припаѓа.
     
    На Annath, *Amethyst* и flawless_ им се допаѓа ова.
  14. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.789
    Пол:
    Женски
    Причина број 672 зашто не треба да стапите во брак без да си имате обезбедено свој дом.
     
    На BoaVista, Zumbula, thinkerbell и 6 други им се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.953
    Допаѓања:
    36.969
    Пол:
    Женски
    Ама тоа се збори цело време. Снаата имала исто право како мажот. А нема.
    Ќе се изненадиш колку има кои по сопствен избор живеат со стари иако имаат услови за самостојно живеење. Нивно право на избор, секако, само при изборот треба да се согледаат и последиците и да се прифатат, а не на форуми да се расправа за тоа. Мене ова ми е одлика на незрелост.
    Јас стојам на ставот дека е гостинка. Сум живеела со свекор и свекрва и сум се чувствувала како гостинка, иако луѓето беа крајно коректни. И не ми паѓало на памет да бранам и воведувам ред дали децата на деверот доаѓале или не. Ниту пак ми било гајле искрено.
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, Spidy и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Значи, баш ми е жал што некои се навредувате од зборот "гостинка" или "дојдена" ама тоа е факт и може баш затоа што е вистина ве боли. Не ми се посреќило мене, ниту кажувам дека јас имам палати и викендици па не можам 'обичниов' народ да го сфатам. Не, воопшто не. Ама секој треба со реалноста да си се соочи малце, глупо звучи да се каже дека си гостин кај некого, ама јебига гостин си. Ако толку ти смета зборот гостинка, повели оддели се. Ама да имам снаа, и да и пречи ќерка ми колку доаѓа, колку седи...ќе ја прашам кај се нејзините родители да и дадат? Пошо многу женчиња имаат брат, уста нема да отворат кога родителите се' му препишуваат на братот, и после мислат дека истото треба да се случува и во куќата на свекрвата. Епа нели сите прсти исто болат? Ако тебе твоите родители не те сакале исто како што го сакаат брат ти, не ти се криви други родители што си ги сакаат децата подеднакво. Проблемот на погрешно место го барате. Проблемот не е во золвата, свекрвата и така натака. Проблемот е во родителите на снаата. Родителите една лажица да имаат, на пола треба да ја поделат. Не ме интересира кој кај ќе се омажи, ожени, јас имам должност сите деца да ги третирам исто. Значи родителите ако не и дале, треба нив да им се лути. Ако пак немале да и дадат, со кој памет смета дека е во ред да бара од свекрва и свекор? Тоа што сме си со закоравени сфаќања, па золвата требало да има 'осет' тоа го препишувам само на менталитетот наш на ништо друго.
     
    На Zumbula, An-na, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Svetoslava

    Svetoslava Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2016
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    127
    Еве мене ме интересира вие золвите што одете по 4 ..5 пати во текот на неделата што седете повеќе од 3ч кај родителите а при тоа вашите родители живеат со братот и снаата на еден спрат ..... Шо правете толку време кај родителите .... Како го минете времето ? Тоа не ми е јасно ? Ако има некој нека објасне
     
    На Kate Rina 93 и Spidy им се допаѓа ова.
  18. Bubce38

    Bubce38 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    11.659
    Допаѓања:
    175.146
    Пол:
    Женски
    Да не ме сватиш погрешно, не се расправам.
    Ама зошто се осеќаше како гостинка?
    Во на маж ти куќата.
    Јас ич не се осеќам така. Ова ми е дома, еден ден на него ќе остане спратов.
    Другиот спрат на брат му.

    Можеби па оти си имам и јас свое , и мм си има , па затоа не се осеќам овде ко во туѓа куќа:^) или како на гости
     
    На Kate Rina 93 и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  19. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.818
    Допаѓања:
    97.390
    Пол:
    Женски
    Ама тебе не треба ни да ти биде јасно. Што ќе прави золвата во нејзиниот дом 3 саати во денот е нејзина работа, зошто тебе да ти се разјаснува тоа
     
    На cresa-jagoda, CameliaMiller, m.i.g и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Svetoslava

    Svetoslava Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2016
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    127
    Еве кај мене не е така јас одам во неделата еднаш на од прилика 2ч. пиеме кафе муабетиме како се да се видам со братми и снаата и така да ги видиме нивните деца , инаку преку неделата одиме со снаами и братми во парк шетаме деца и така па затоа ги прашувам тие што одат почесто како го поминуваат времете еве да размене различни мислења нели е форум :)