Сонови

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Claudia, 22 ноември 2009.

  1. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    ХАХАХХАХАХАХА.Саро мори ме пресмеа...Колку си ти опседната со серијава... :* :rofl:
     
    На Glossy-girl и Sara123 им се допаѓа ова.
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Ова претпоставувам бил сон од попладневна дремка?!
    Имам слушнат дека се остваруваат соновите сонувани вторник наспроти среда, четврток наспроти петок и сабота наспроти недела, во периодот од 02-06ч.
     
  3. Macushkaa

    Macushkaa Нов член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2011
    Пораки:
    608
    Допаѓања:
    155
    Сонував сме биле кај другарками сме седеле и почнале да врват авиони над нас да се ронат камења да пајѓаат од небо грмотевици..мн Бурни Времиња :worried: и ние сме се сокриле во подрумот ( а и на тв известиле дека ке пајќа авион) и така......Не ми текнува др што беше :(
    MeU ????????? :?:
     
  4. antoanets

    antoanets Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Јас сонував како сум била на некое преубаво туристичко место, но цело време сме се плашеле да не не убијат. Како да било нормално да се убива таму и никој не ги факал убијците. Ние обичните луѓе сме се шетале и онака баш испаѓало каква ќе ти биде среќата, ако одберат тебе да те убијат ќе те убијат и никому ништо. Знам дека е глупав сонов.
     
  5. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Веројатно ви претстојат бурни моменти во друштвото, поврзани со некои глас/абер/муабет


    Ти претстои некоја неизвесност
     
  6. theAristoCat

    theAristoCat Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    384
    Пол:
    Женски
    по трет пат си пишувам ама никој не враќа :rofl:
    имам неколку сона..
    првиот
    сонував дека со еден мој другар сме снимале некој спот и јас сум му рекла дека киното во нашиот град ќе експлодира..
    и после неколку дена во киното имало собир на атеисти, сите биле облечени во бело, а мажите имале долги бради..
    и киното стварно експлодирало и сум му рекла на другар ми : леле па нели ти реков?
    што би можело да значи ова?
    вториот
    сум била во нашето кафуле и момчето кое го сакам ама не сме заедно бил позади мене и кога сум го видела сме почнале многу да се прегрнуваме
    третиот
    сонував дека бившиот и женска му добиле девојче и го крстиле по мене..

    некој да ми ги одгатне?
     
  7. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Една чудна жена од Кина,со црна,права коса со шишки,со црни очи, носеше долг зелено-виолетов фустан со широки ракави и деколте.
    Ми рече дека другата сабота сите ќе работат/ќе одат на работа.
    Што значи сонов !?

    :^)
     
  8. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Јас го сонував симпатијата (колку само детски ми изгледа овака напишано :lol: ),како нешто сме разговарале и требало да се бакнеме,ама нз јас некако сум се тргнала и самата сум си рекла не ја чувствувам потребната блискост со него :^)
     
  9. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Во последно време само сонувам некои глупости...

    Првиот сон, пред неколку дена :
    Сум била на трибини да гледам утакмица, и наеднаш осеќам јаки болки во стомакот. Ме носат на гинекологија, и таму се пораѓам. Немало кој да ме породи, па сама сум се породила во соба, а татко ми ме чекал пред вратата. Сум родила близнаци, машко и женско. Е сега, машкото било мртво, а девојчето живо. Јас не сум била заинтересирана да ги видам, ниту па да ги дојам. Одма сум си искочила од болницата и сум се шетала, па за саат време требало да се вратам и јас наместо да отидам во болница, сум влегла во пошта и сум прашувала каде се наоѓа гинекологија. Од тука ме собрале мајка ми, баба ми и дедо ми, ми честитаат и ме носат накај болницата. Баба ми целата нервозна ме прашува кое дете искочило прво, дали мртвото машко или девојчето. И јас одговарам дека е машкото, и тука има некакво олеснување. Сонот продолжува кога девојчето има 2 години, и се мислиме како да кажеме, дали е моја ќерка или сестра, затоа што сум била млада за дете а и немам маж. И толку, се разбудив препотена, жива вода!!!

    Вториов сон, вчера :
    Сум била на некоја забава, и се гледам со братучед на моја другарка. После тоа се наоѓам во неговара кола, и он се обидува да ме бакне ама јас се тргам. На крај застанува на паркинг, и јас имам односи со него во колата. Продолжувам да се гледам со него, ама во тајност. Толку, се будам.

    За првиов сон, верувам дека има значење, и тоа добро. Не знам, ако може некој да ми каже? :)
     
  10. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    пред некое време сонував како се качувам по планина со едно девојче и сме стигнале до еден водопад и ни се придружило и едно момче одејки накај водопадот ископавме од земја нешто како сандак и внатре имаше нешто како черепи од деца и коски,се доближивме накај водопадот и имало некој натпревар во скокање и имало мн. машки,девојчето ме викна поблиску до водопадот и се фрли назаднички,јас зачудена се тргам од таму и на едно од машките му фрлам крпа у фаца,после одам накај момчето што беше со нас и продолжуваме заедно по патот,толку.translate,please ;)
     
  11. Miss-Depp

    Miss-Depp Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    32
    Сонував како сум облечена во бело фустанче,не невестинско него летно,ама сум плачела и коа сум се погледнала цо огледало цело сум била во очите размачкана и потечена,не сум можела дури убаво да се видам се ми било замаглено.....И плус после тоа сум бегала од некој човек ама било затворено кај мене дома и тој ме стигнал ама не ми направи ништо,само ми зборуваше :worried: Што би требало да значи тоа,ако може некој да ми каже....:) Веќе еднаш прашав,ама пошо ме рецнавте да си ја пробам среќата пак :) Пошо сум прилично заинтересирана да дознаам што значи :D
     
  12. Teodora96

    Teodora96 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Ај ве молам некоја да ми го протолкува сонот :)
    Се сонував со мојот симпатија како седиме во слаткарница еден до друг.Тој ја стави неговата рака нежно на мојат врат и на уво ме праша какво кафе да пие XD ,јас му одговорив капуцино и потоа се разбудив....
     
  13. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    сношти во сон слушав детски гласови како викаат многу силно ла ла ла си пееја,ама многу силно викаа што мислам на уво ми пејаа,сакав да се разбудам ама никако неможев,се гледав себеси како се мачам да го најдам тел и да светнам со него,грозно беше едвај се разбудив
     
  14. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    esperanca777, да слушаш многу гласови на сон е задоволство, и не бегај од него :lol: , а за претходниот сон, искачувањето по планина, нагоре, е убаво и значи напредок, остварување на некоја цел а водопадот-радост.

    Teodora96 да го сонуваш љубеното лице, значи возвратена љубов, а кафето значи дека мечтаеш за љубовни настани и тие ќе ти се остварат.

    Miss-Depp, да сонуваш бел фустан, значи свадба, да те прогонува некој-те очекува значајна промена а плачењето-значи голема среќа. Значи се ти е убаво од сонот.
     
    На Miss-Depp и Teodora96 им се допаѓа ова.
  15. Elenuskaa

    Elenuskaa Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    2.038
    Сонев како што см одела по пат сум нашла преврзок со многу клучеви, сум го земала и сумпочнала да ги разгледувам клучевите, наеднаш сум видела мало клуче и од двете страни наши иницијали (мои и на господин Х) :?: :?: сум го извадила тој клуч и сум почнала да трчам како низ некој ходници, сум стигнала до една врата... ама не сум стигнала да ја отворам, се разбудив :doh:
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Клуч е среќа во љубовта, верувај им на луѓето кои те опкружуваат, ако најдете клуч-ќе се извлечете од некои непријатности, ако држите клуч во рака-тајна, многу клучеви-добивка. Ова со буквите ако ги гледаш значи новост а за вратата, ако е затворена-значи разочарување, но ти си тргнала да ја отвориш ама си се разбудила, можеби од тебе зависи дали ќе ја отвориш на јаве, бидејќи отворена врата значи добар глас.
     
    На Elenuskaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски

    фала тимногу Абеја,се надевам се ке биде ок :D
     
  18. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Сонував како мајка ми била бремена. А бебето било машко. :^)
     
  19. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.058
    Мајка ти има некои тежини , можно е да се работи за болест
     
  20. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.306
    Пол:
    Женски
    Кој знае нека ми протолкува. :)
    Денес ја сонував братучедка ми.
    Нешто зборуваше и наеднаш се појави некоја моја другарка (незнам точко која беше :^) )
    И двете почнаа да зборат истото со ист глас.
    Прво ја слушам другарка ми зборува,со глас како на братучедка ми.
    А потоа и двете заедно со ист глас !??

    :^)