Ова претпоставувам бил сон од попладневна дремка?! Имам слушнат дека се остваруваат соновите сонувани вторник наспроти среда, четврток наспроти петок и сабота наспроти недела, во периодот од 02-06ч.
Сонував сме биле кај другарками сме седеле и почнале да врват авиони над нас да се ронат камења да пајѓаат од небо грмотевици..мн Бурни Времиња и ние сме се сокриле во подрумот ( а и на тв известиле дека ке пајќа авион) и така......Не ми текнува др што беше MeU ?????????
Јас сонував како сум била на некое преубаво туристичко место, но цело време сме се плашеле да не не убијат. Како да било нормално да се убива таму и никој не ги факал убијците. Ние обичните луѓе сме се шетале и онака баш испаѓало каква ќе ти биде среќата, ако одберат тебе да те убијат ќе те убијат и никому ништо. Знам дека е глупав сонов.
Веројатно ви претстојат бурни моменти во друштвото, поврзани со некои глас/абер/муабет Ти претстои некоја неизвесност
по трет пат си пишувам ама никој не враќа имам неколку сона.. првиот сонував дека со еден мој другар сме снимале некој спот и јас сум му рекла дека киното во нашиот град ќе експлодира.. и после неколку дена во киното имало собир на атеисти, сите биле облечени во бело, а мажите имале долги бради.. и киното стварно експлодирало и сум му рекла на другар ми : леле па нели ти реков? што би можело да значи ова? вториот сум била во нашето кафуле и момчето кое го сакам ама не сме заедно бил позади мене и кога сум го видела сме почнале многу да се прегрнуваме третиот сонував дека бившиот и женска му добиле девојче и го крстиле по мене.. некој да ми ги одгатне?
Една чудна жена од Кина,со црна,права коса со шишки,со црни очи, носеше долг зелено-виолетов фустан со широки ракави и деколте. Ми рече дека другата сабота сите ќе работат/ќе одат на работа. Spoiler Што значи сонов !?
Јас го сонував симпатијата (колку само детски ми изгледа овака напишано ),како нешто сме разговарале и требало да се бакнеме,ама нз јас некако сум се тргнала и самата сум си рекла не ја чувствувам потребната блискост со него
Во последно време само сонувам некои глупости... Првиот сон, пред неколку дена : Сум била на трибини да гледам утакмица, и наеднаш осеќам јаки болки во стомакот. Ме носат на гинекологија, и таму се пораѓам. Немало кој да ме породи, па сама сум се породила во соба, а татко ми ме чекал пред вратата. Сум родила близнаци, машко и женско. Е сега, машкото било мртво, а девојчето живо. Јас не сум била заинтересирана да ги видам, ниту па да ги дојам. Одма сум си искочила од болницата и сум се шетала, па за саат време требало да се вратам и јас наместо да отидам во болница, сум влегла во пошта и сум прашувала каде се наоѓа гинекологија. Од тука ме собрале мајка ми, баба ми и дедо ми, ми честитаат и ме носат накај болницата. Баба ми целата нервозна ме прашува кое дете искочило прво, дали мртвото машко или девојчето. И јас одговарам дека е машкото, и тука има некакво олеснување. Сонот продолжува кога девојчето има 2 години, и се мислиме како да кажеме, дали е моја ќерка или сестра, затоа што сум била млада за дете а и немам маж. И толку, се разбудив препотена, жива вода!!! Вториов сон, вчера : Сум била на некоја забава, и се гледам со братучед на моја другарка. После тоа се наоѓам во неговара кола, и он се обидува да ме бакне ама јас се тргам. На крај застанува на паркинг, и јас имам односи со него во колата. Продолжувам да се гледам со него, ама во тајност. Толку, се будам. За првиов сон, верувам дека има значење, и тоа добро. Не знам, ако може некој да ми каже?
пред некое време сонував како се качувам по планина со едно девојче и сме стигнале до еден водопад и ни се придружило и едно момче одејки накај водопадот ископавме од земја нешто како сандак и внатре имаше нешто како черепи од деца и коски,се доближивме накај водопадот и имало некој натпревар во скокање и имало мн. машки,девојчето ме викна поблиску до водопадот и се фрли назаднички,јас зачудена се тргам од таму и на едно од машките му фрлам крпа у фаца,после одам накај момчето што беше со нас и продолжуваме заедно по патот,толку.translate,please
Сонував како сум облечена во бело фустанче,не невестинско него летно,ама сум плачела и коа сум се погледнала цо огледало цело сум била во очите размачкана и потечена,не сум можела дури убаво да се видам се ми било замаглено.....И плус после тоа сум бегала од некој човек ама било затворено кај мене дома и тој ме стигнал ама не ми направи ништо,само ми зборуваше Што би требало да значи тоа,ако може некој да ми каже.... Веќе еднаш прашав,ама пошо ме рецнавте да си ја пробам среќата пак Пошо сум прилично заинтересирана да дознаам што значи
Ај ве молам некоја да ми го протолкува сонот Се сонував со мојот симпатија како седиме во слаткарница еден до друг.Тој ја стави неговата рака нежно на мојат врат и на уво ме праша какво кафе да пие XD ,јас му одговорив капуцино и потоа се разбудив....
сношти во сон слушав детски гласови како викаат многу силно ла ла ла си пееја,ама многу силно викаа што мислам на уво ми пејаа,сакав да се разбудам ама никако неможев,се гледав себеси како се мачам да го најдам тел и да светнам со него,грозно беше едвај се разбудив
esperanca777, да слушаш многу гласови на сон е задоволство, и не бегај од него , а за претходниот сон, искачувањето по планина, нагоре, е убаво и значи напредок, остварување на некоја цел а водопадот-радост. Teodora96 да го сонуваш љубеното лице, значи возвратена љубов, а кафето значи дека мечтаеш за љубовни настани и тие ќе ти се остварат. Miss-Depp, да сонуваш бел фустан, значи свадба, да те прогонува некој-те очекува значајна промена а плачењето-значи голема среќа. Значи се ти е убаво од сонот.
Сонев како што см одела по пат сум нашла преврзок со многу клучеви, сум го земала и сумпочнала да ги разгледувам клучевите, наеднаш сум видела мало клуче и од двете страни наши иницијали (мои и на господин Х) сум го извадила тој клуч и сум почнала да трчам како низ некој ходници, сум стигнала до една врата... ама не сум стигнала да ја отворам, се разбудив
Клуч е среќа во љубовта, верувај им на луѓето кои те опкружуваат, ако најдете клуч-ќе се извлечете од некои непријатности, ако држите клуч во рака-тајна, многу клучеви-добивка. Ова со буквите ако ги гледаш значи новост а за вратата, ако е затворена-значи разочарување, но ти си тргнала да ја отвориш ама си се разбудила, можеби од тебе зависи дали ќе ја отвориш на јаве, бидејќи отворена врата значи добар глас.
Кој знае нека ми протолкува. Денес ја сонував братучедка ми. Нешто зборуваше и наеднаш се појави некоја моја другарка (незнам точко која беше ) И двете почнаа да зборат истото со ист глас. Прво ја слушам другарка ми зборува,со глас како на братучедка ми. А потоа и двете заедно со ист глас !??