2 вечери по ред сонувам ПОП.. Прво сонував дека во мојот дом дошол Поп, и креваше леб.. Јас ма ја бакнав потоа раката. Другиот сон беше дека дошол Поп дома, и немавме темјанче, а попот ми рече дека мора да имаме.. И потоа сите се фативме под рака, и силно се стискавме.. Ве молам кажете ми што значи ова..
Сонував како идам накај работа и за да стигнам до автобуската морам да поминам преку река,реката многу голема неможев да скокнам и шлап,шлап поминав после се враќам од работа накај дома и врне Незз дали имам кошмари од променливото време или има друго значење
емоциите те преклопуваат бараш помош или па спиритуална помош ако скоро си имала или треба да добиеш не значи ништо
Ептен чуден сон сонував, еве ме уште сум уморна, ако сега станав од спиење... Сонував прво како сум била дома и сум гледала на телевизија како приготвуваат колачиња. Тие биле од тесто пица и торта во нив и сум почнала да ги правам. Потоа дошла мајка ми и ми рекла да одам со неа на матурска кај едни луѓе ама јас не сум сакала, но таа инсистирала и оти жената требало нешто да ми даде. Но јас не сум отишла и сум почнала да се спремам за роденден. Сум се облекла до пола и сум сакала да облечам неперен градник и брат ми за да не го облечам почнал да го пере После сме дознале дека баба ми умрела. Па брат ми отишол во купатило и плачел. Па мајка ми дошла нешто прозборе и после јас отидов во купатило да плачам, воедно и мочкав. После сме се собрале со друштвото и сме отишле да славиме први мај Имаше и еден сипматичен дечко, другари сме, и со него сме останале сосем сами. Другите не заборавиле. И сме се сокриле во една вила ама сме заборавиле едниот прозорец да го затвориме. Од таму влегол еден волк, ама згодниот дечко зел пушка и го убил. Послем сум се вратила пак дома и се било зименето на влезот. Имало многу цвеќиња и дошла баба ми. Таа ми рекла дека морам да се измерам на вагата и сум била цееели 57кг. Па почнала да ми се кара. Дошол татко ми и ме одбранил. После со мојата прва братучеда сум отишла на едно чудно место. Некоја жена, која ми била баба сакала да се фрли и тоа ни го кажала, викнала на глас, ама јас рецка не сум и удрила. Се фрлила и после почнав јас да се дерам, ама неможев. Ептен ми беше тешко. После дошол уште еден чуден човек кој уствари во сонот ми бил татко и сум го прашала немој и тој да сака да се фрли и убие. Тој рекол дека несака. Чудно беше што и двајцата носеа некои портокалови кармини и бабта беше облечена во зелено а наводниот ми татко во зелено. Е толку силно ме болеше ова што се дерев на цел глас, дрѕри осетив болка ама сепак глас не испуштав. П.С. Сонот ми започна со тоа што се спремав да се сликам за табло на полуматура. Се шминкав, коса миев и тоа до пола. Па после тргнав по еден пат каде што сретнав една пријателка и таа ми рече дека кога и да ми треба да и се обрата дека секогаш ќе биде тука за мене. Многу чуден сон, дури си го повторив веднаш штом станам да не го заборавам. Секако имам и по некоја дупка во сеќавањето. Ќе сака некој да ми го протолкува? Инаку и јас така лани или пред неколку годнини две вечери по ред еве баш овој период или беше пред Божиќ сонував ПОП. Постевме една недела и јас и мајка ми, отидов и се пречестив. Од тогаш не сум сонувала попови...
Сонував како сме биле со друсство излезени и сите сме биле расположени. Тогаш еден од колегите ми се доближил и сакал да ме бакне, а јас само сум му рекла: Колега немој, да не си го расипиваме пријателството. Не е фер спрема твојата сопруга, а и спрема мојот вереник, зашто наредниот ден сум правела свадба. После тоа сум била збунета ѓто всушност се слуќило, па ми дошол денот за мојата свадба, сите гости каснеле, моите родители исто така. ЈАс само сум им ѕвонела на телефон. И кога дошле кај мене, таманда го облечам фустанот некој бил во опасност (незнам каква) па и јас сум добила храброст сум почнала да трчам и качувам по едни скали челеза за да дојдам до 2 спрат, како прав каскадер сум влегла низ прозорецот за да разговарам со некој за нешто ( не се секавам што било) сега сите гости мене ме чекале. И се разбудив. ( инаку на јаве сум и јас омажена и имав прекрасна свадба) Што ми навестува сонот.
Сонував како му се јавив на чичко ми не знам каде требаше да одиме.Тој искача и во неговата кола влегуваме јас позади седев со братучед ми(детето на овој чичко ми во сонов).До чичко ми напред седнува др чичко т.е брат му на татко ми.Нешто си зборуваа.Инаку чичко ми по обичај секогаш вози многу брзо,и јас си размислувам сега на сонов си викам чичко ми многу брзо вози да не напраиме некоја сообраќајка.Така и се случи,кај еден мост паднавме во вода.Толку беше и се разбудив.
ништо не значи...како мисла и реална случка од животот проблем кој ќе сакаш да го решиш побрзо многу измешани работи, некои немаат значење, но имаш премногу проблеми, можно е и да си била под магија некаква пред да се пречестиш
Го сонував мојот мал брачед, со мајка му беа дома кај нас дојдени и детево беше нашминкано имаше сребрена сенка на очи, така убаво му беа нашминкани очите
A psychic, црвена марама? Многу беше убава и квалитетна значи прав сон можи психа е од мерак изгледа ја сонав
мајка ми сонувала како татко ми го средувал дворот,имало многу убава залена трева,редел плочки,многу убав ни бил дворот
сониб како патувам со татко ми и наеднашвода поплава и ме било стра да преминеме на другата страна и сум му кажала на татко ми да застане,и он постоја малку и ми вели тебе ако те е стра мене не и поминавме ама имасе и кал а водата брза каллива...и сме стасале во село кај чичо ми и ми ја показуваше реновираната кука и се разбудив
1-Сонував како некои момчиња ме прогонуваат..јас ги предупредив да не ме следат но тие продолжуваа,сакаа да ме убијаат и јас се налутив и со нешто како сабја беше ги убив..несакајки беше но буквално ги заклав 2-Често ми се случува да го сонувам основното училиште како седиме со школските..разговараме..другаруваме..правиме некои необични работи во училиштето..што може да биде тоа?
1. сонував како му сум кажала на дечкоми дека сум трудна тој ми рекол а од кого е детето? сум се налутила и му сум рекла да не ме бара повеќе...и сни биле една недела скарани тој ме барал ми се јавувал идел кај мене ама јас иако сум го сакала не сум сакала да стапам во контакт со него...и еден ден сум патувала со автобус и дечкое на сестрами ме прашувал зошто сни се скарале и му сум рекла дека неќам за то да зборувам ама после се му сум раскажала и му сум рекла дека само сестрами и другарками знаеле оти не сум знаела што ќе правам со бебето...ама тој знаел се и бил договорен со дечкоми да ми приреда изненадување...ко сум слегла од автобус имало напишано името мое и дали сакам да се омажам за него тој клечеше со прстен пред мене и така се разбудив незнам што му одговорив... 2.сонував како бабами починала ама мртва се шетала низ двор мене мн страв ми било цела била пребледена и мајками е помирисала и рекла почна да мирисаш на мртоец оди облечисе оти луѓево ќе почнат да доаѓаат со свеќа... 3.сонував како сум била со дечкоми кај тетками и сни се скарале со него ми викал дека го нервирам тој легнал на кревет а јас сум зела голема дебела книга да читам со многу слики ама била некоја поучна и ми зборувала свекрвае на тетками ама јас не сум ја слушала и таа ми се налутила и ми рекла ќе ти ја дадам книгата дома читаја...јас сум станала тогаш сум пошла кај дечкоми на кревет и сни се загушиле и сни се бакнувале и така се разбудив...
што значи да сонуваш мртва невеста?во сонот јас другарка ми и невестава сме биле заедно кога наеднаш таа ги превртела очите и умрела .да напоменам само дека се викаше емилија.чуден сон
звучи чудно ама среќа ќе имаш 1. многу те сака 2. леле се наежив...ама сон за смрт значи оздравување и среќа 3. некој сака да те критикува 1. страв, можеби имаш премногу проблеми 2. ништо не значи премногу проблеми, не им дозволувај на емоциите да те завладеат можеби мајка ти сака таков двор, вака нема значење треба да собериш храброст
Ах да,сега ми текна што сонував вчера Знам дека му го украдов моторот на...на...едно момче и после го скрив,а после сум чекала автобус