среќна сум и тоа многу, најбитно и тие околу мене се среќни и заедно се радуваме ... имам убав живот со сопругот, работата е во ред, здравјте не служи сите, се раѓаат дечиња се прават свадби... се надевам ќе потрае
Среќата тешко да ја дефинираш. Не можеш да ја видиш, да ја допреш.. Да ја почувствуваш треба да одбереш... Некогаш можеби треба нешто да подзаборавиш... Едноставно среќата е во нас самите... Во тоа да ги цениме, и да се радуваме на малите нешта во животот.... Да одбереме како да гледаме на нештата... Да имаме моќ да си ги контролираме мислите.. Не е секогаш лесно. И се додека си мислиме дека ќе ни дојде после ова или она сме во заблуда, зашто таа е состојба на умот... А кога ја одбираме среќата верувам дека и судбината ни станува понаклонета.
Убаво казано и содржано во твоето следно: “Да одбереме како да гледаме на нештата... Да имаме моќ да си ги контролираме мислите.. Не е секогаш лесно. И се додека си мислиме дека ќе ни дојде после ова или она сме во заблуда, зашто таа е состојба на умот...“
Јас сyм "работоxоличар" имам инсомнија и сомничав yм. Дарвинист, закоравена Феминистка и вербален пиротеxничар за Филистри, јас имам расЦепкана Фамилија во дијаспората и дечко кој еден ден не можам да го смислам дрyг ден ми е сродна дyша, на моменти сyм опсесивно-компyлзивен сонyвач ејкејеј 'бореЦ со ветерниЦи', анти-xобсионист - дотолкy имам скрyпyли да верyвам дека човек на човека НЕ мy е волк, јас сyм неконФормист, јас живеам без страв дека имам нешто да загyбам. Се' на се' јас не сyм среќна личност.
Едно големо ДА.Среќна сум.Давам и подеднакво добивам љубов од луѓето од кои ми е потребна.Среќна сум бидејќи ми го исполнуваат денот со убави вести,моменти и радости.Вистински сум среќна и сакам да остане вака...
...знам да бидам... а знам и да не бидам... сеедно! Се трудам доволно душевно да се хранам за да си го задржам балансот... душевната храна ме држи жива!
едно големо не од мене неможам да бидам среќна затоа што не се сакам себе си ради физичкиот изглед отсекогаш гледам да им помагнам на сите колку што можам гледам на сите добро да им биде секогаш себе си се ставам на последно место а зашто ни сама незнам... немам самодоверба немам ништо што и да почнам во животов се откажувам мн брзо свесна сум за сите мои постапки и пак го правам исто до кога? и сама незнам на сите вие што сте среќни ви посакувам да бидете уште посреќни
Според тоа што ми овозможиле моите среќна сум. Не можам да се жалам од тоа што ми го пружиле моите бидејќи знам дека и некои кои го немаат ни тоа. Но сепак има некои работи кои те прават посреќен. Јас гласав можам да бидам посреќна бидејќи стварно можам. Се надевам дека наскоро ќе се промени ова.
Често пати си го поставувам ова прашање.И навистина незнам дали сум,бидејки изгубив едно од највредните работи.Кога едно огледало ке се скрши и ке ги составуваш делчињата дури и да успееш сите да ги составиш никогаш нема да биде како што било порано. Затоа гласав можам да бидам и посреќна.
Да, среќна сум. Имам се што некој нема, се што некој посакува... Можеби тоа е помалку од она што го има некој друг, ама тоа мене ми е доволно за да бидам среќна.
Незнам ни јас самата кога сум со друштво се смеам правм шеги.Но....Настапува ноќта и ете ги работите кои ми недостасуваат (прегратка од сакана личност,и одговорот на прашањето ''Кој сум јас,дали сум добра личност,дали сум срќна?)Иако знам многу добро што сакам са бидам,како да постапам при некој проблем
Имам се што не се купува со пари.Прекрасни луѓе до мене кои ме сакаат и ги сакам а тоа се моите родители,љубовта на мојот живот и двајцата помали братчиња.Тие се секогаш покрај мене и не ми треба ништо повеќе.Имам дом и хармонија во семејството.ДА ! СРЕЌНА СУМ ! Нека пукнат душманите http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Gc4HGQHgeFE#!
Не можам да кажам среќна сум. Можеби сега не сум, ама утре сум, па пак не сум... Се зависи од моменталното расположение и од чувствата кои ги имам во моментот.
Фала што го напиша ова наместо мене... :/ Имам прекрасно семејство, пријатели, познаници.... со нив сум среќна, се радувам, преубаво ми е. Но не е до мене тој што многу ми е потребен. Не е исто кога правиш муабет на фб и во живо. И да среќна сум преку ден, кога има гужва, кога моите се дома, кога се прави муабет за нешто.... навечер кога ќе се стиши се јас сум најнесреќната девојка на целата планета земја . Го сакам крај мене барем на момент да го видам, се сеќавам на нашите малку ама за мене многу вредни моменти....