Страв од игли

Дискусија во 'Психологија' започната од Luciferka, 6 септември 2021.

  1. Anne Boleyn

    Anne Boleyn Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2021
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    1.848
    Пол:
    Женски
    Не се плашам од игли.Од дете се сеќавам ,кога не боцкаа на училиште,прва се истопорував да ме боцнат.Но имам слушнато многу родители кои ги заплашуваат децата ,со доктори и игла.Ако не си умен еве теткава (јас :^)) сега ќе те боцне.Ми се чини дека тие сигурно ќе развијат фобија покасно.Јас на моите деца никогаш не им викав нема да ве боли,напротив ќе ве боли ама малку,што резултираше никогаш да не се расплачат и спремно чекаа боц:D.
     
    На Cosmic Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Skylar

    Skylar Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2019
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Не ми е ептен страв да паѓам во несвест ама страв ми е кога ме боцкаат,гледам на страна.Неможам да поднесувам да гледам дури и на тв кога даваат како ги боцкаат се вртам настрана да не видам.
     
  3. Vraloma

    Vraloma Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2020
    Пораки:
    486
    Допаѓања:
    845
    Пол:
    Женски
    гадно е влегувањето на игла под кожата.
    и незнаењето што следи...
    ако не беше со игла, три пати повеќе луѓе ќе се вакцинираа, чинам.
     
  4. Cosmic Girl

    Cosmic Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    2.374
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Терапијата за оваа фобија (како и за добар дел од нив) е когнитивно-бихејвиорална психотерапија и терапија со изложување (exposure) и ако треба некои медикаменти за смирување.
    Еве едно видео со совет за оние кои имаат ваква фобија а сакаат да се вакцинираат:
     
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anaksunamoon

    Anaksunamoon Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2016
    Пораки:
    726
    Допаѓања:
    1.843
    Пол:
    Женски
    Exposure it is.
    (Предупредување-не е за оние со истакната фобија или кои се бремени/планираат бременост.)
    Првата бременост ме боцкаа месечно за редовна крвна слика и некако се навикнав, малку боли, не е пријатно, си гледам на страна и терав затоа што мора. Пост пораѓај, со систем во рака, боцкање по 3-4 пати дневно антибиотици и др., катетер, крварење и една педа расекотина на стомак-реков сѐ можам да издржам штом ова го поминав.
    Ама...
    Втора бременост и клексани, не бев подготвена за секојдневно боцкање. 40тина дена се боцкам, прво ме боцкаа ама некако болеше и! Мечка страв-мене не! почнав сама да се боцкам и секој ден е подобро. Имам модринки, пробив вена и почна да ми се полни шприц со крв, ама жива сума и бебе е ок. Ако мора и ако влогот е голем, човек на сѐ ќе се навикне
     
    На Cosmic Girl и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    4.026
    Допаѓања:
    17.175
    Пол:
    Женски
    Немам страв од игли, а не сум имала страв ни како мала. Воопшто не се плашев бев многу храбро дете, а сакав да ги боцкам и куклите :lol:. Кога примав инекции како мала, медицинската сестра ми даваше шприцови, секако без игла и дома си играв докторка, им ставав инекции на куклите ги лечев. Кога еден ден гледам во играчките ги нема шприцовите, леле колку плачев, бојкотирав се дома ама не ги добив назад шприцовите :!:. До ден денес и спомнувам на мајка ми за тоа зошто ми ги фрли шприцовите, многу сакав да си играм со нив. Немам никаков страв од игли, ни од било каква медицинска интервенција. Кога треба да боцнам некого ми е страв дека нема да успеам, да не го боли, да не прснам вена, повредам нерв и сл.
     
  7. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.083
    Пол:
    Женски
    Обожавам. Се шалам. Ама сакам да гледам кога ме боцкаат:D