Идеја за темава ми е од бурните дискусии кои се водеа од претходната тема и ме интересира какви се вашите мислења за овие т.н.вештачки мајки,инкубатори идр.Во поголемиот дел од Европа не е дозволено со закон да има сурогат мајки,незнам точно во Македонија дали се утврди некоја законска регулатива но што мислите за овие жени кои се пазарат да родат туѓо дете?Дали би можеле вие да носите 9 месеци во вашата утроба нов живот и на крај да се породите и за одредена сума на пари да му го предадете на некое друго семејство?Лично јас се грозам од вакви жени!