1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Суфле

Дискусија во 'Рецепти' започната од AngelOfArh, 7 февруари 2013.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.656
    Допаѓања:
    95.761
    Пол:
    Женски
    Не најдов тема а најдов одличен рецепт, не најдов ни тема за кашкавал, ако мислите дека може да се уклопи некаде слободно префрлајте.

    Суфле од кашкавал ( рецепт од ОфНет )

    Порции

    4 лица

    Состојки

    60 гр.путер
    60 гр. брашно
    900 мл. млеко
    5 јајца
    80 гр. рендан кашкавал
    морско оревче
    сол и бибер
    зеленчук на пареа, за гарнир

    Подготовка

    Загрејте ја рерната на 180 степени. Растопете 10 гр. путер на слаб оган и со него подмачкајте едно подлабоко огноотпорно тавче.

    Остатокот од путерот растопете го во тенџере на силен оган. Додадете го брашното и гответе го 2 минути со постојано мешање со дрвена лажица. Одстранете го од ринглата, постепено додавајте го млекото и мешајте за да нема грутчиња. Потоа вратете го тенџерето на рингла. Гответе го уште 2-3 минути додека да се згусне смесата. Потоа одстранете го од оган. Додадете ги издвоените жилчки од јајцата, кашкавалот и зачинете со малку морско оревче, сол и бибер.

    Во сад изматете ги со миксер белките од јајцата. Потоа со лажица додадете ги во смесата од жолчки, млеко и кашкавал. Истурете го суфлето во подготвениот сад и печете го во загреана рерна 30 минути.

    Послужете го веднаш со зеленчук на пареа.

    [​IMG]

     
    На kikikikirika, Mrs.Bass, Moira и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.656
    Допаѓања:
    95.761
    Пол:
    Женски
    Суфле од јајца и колбаси, мислам дека рецептов ми е напишан некаде ама не сум сигурна, за секој случај ќе го напишам и овде, башка и унапреден ми е :lol:

    Потребни состојки/за едно лице

    2 јајца
    еден домашен колбас
    ситно сецкан домат
    рузмарин, мајчина душичка, сол, бибер
    лажиче маслиново масло или обично масло

    Подготовка

    Во огноотпорен сад истурете го маслото и ставете го во рерна на 200 степени на средна висина. На масло испржете ги грачињата рузмарин и мајчина душичка и колбасите сецкани на кругови со дебелина еден прст. Во друг сад изматете ги јајцата со доматот и останатите зачини. Извадете го садот од рерна и во така топлиот сад со масло истурете ги јајцата и вратете ги во рерна неколку минути, кога ќе започне да се запекува повторно извадете го садот и расфрлете ги колбасите одозгора. Вратете го во рерна, нека се испече заедно и кога конечно ќе се испече исклучете ја рерната и ставете ги одозгора гранчињата рузмарин и мајчина душичка и оставете да зацрвене на најгорното ниво или пак доколку рерната има опција за печење одзгора оставете уште неколку минути на таа опција. Суфлето е готово кога ќе поцрвене и има вистински изглед на суфле од јајца. Грачињата рузмарин и мајчина душичка не се јадат, а суфлето може да се комбинира со кајмак, павлака или фета сирење.
     
    На Mrs.Bass му/ѝ се допаѓа ова.