Не најдов тема а најдов одличен рецепт, не најдов ни тема за кашкавал, ако мислите дека може да се уклопи некаде слободно префрлајте. Суфле од кашкавал ( рецепт од ОфНет ) Порции 4 лица Состојки 60 гр.путер 60 гр. брашно 900 мл. млеко 5 јајца 80 гр. рендан кашкавал морско оревче сол и бибер зеленчук на пареа, за гарнир Подготовка Загрејте ја рерната на 180 степени. Растопете 10 гр. путер на слаб оган и со него подмачкајте едно подлабоко огноотпорно тавче. Остатокот од путерот растопете го во тенџере на силен оган. Додадете го брашното и гответе го 2 минути со постојано мешање со дрвена лажица. Одстранете го од ринглата, постепено додавајте го млекото и мешајте за да нема грутчиња. Потоа вратете го тенџерето на рингла. Гответе го уште 2-3 минути додека да се згусне смесата. Потоа одстранете го од оган. Додадете ги издвоените жилчки од јајцата, кашкавалот и зачинете со малку морско оревче, сол и бибер. Во сад изматете ги со миксер белките од јајцата. Потоа со лажица додадете ги во смесата од жолчки, млеко и кашкавал. Истурете го суфлето во подготвениот сад и печете го во загреана рерна 30 минути. Послужете го веднаш со зеленчук на пареа. Спојлер http://off.net.mk/mojata-kujna/topli-predjadenja/sufle-od-kashkaval
Суфле од јајца и колбаси, мислам дека рецептов ми е напишан некаде ама не сум сигурна, за секој случај ќе го напишам и овде, башка и унапреден ми е Потребни состојки/за едно лице 2 јајца еден домашен колбас ситно сецкан домат рузмарин, мајчина душичка, сол, бибер лажиче маслиново масло или обично масло Подготовка Во огноотпорен сад истурете го маслото и ставете го во рерна на 200 степени на средна висина. На масло испржете ги грачињата рузмарин и мајчина душичка и колбасите сецкани на кругови со дебелина еден прст. Во друг сад изматете ги јајцата со доматот и останатите зачини. Извадете го садот од рерна и во така топлиот сад со масло истурете ги јајцата и вратете ги во рерна неколку минути, кога ќе започне да се запекува повторно извадете го садот и расфрлете ги колбасите одозгора. Вратете го во рерна, нека се испече заедно и кога конечно ќе се испече исклучете ја рерната и ставете ги одозгора гранчињата рузмарин и мајчина душичка и оставете да зацрвене на најгорното ниво или пак доколку рерната има опција за печење одзгора оставете уште неколку минути на таа опција. Суфлето е готово кога ќе поцрвене и има вистински изглед на суфле од јајца. Грачињата рузмарин и мајчина душичка не се јадат, а суфлето може да се комбинира со кајмак, павлака или фета сирење.