Една феминка ми даде линк и мене ми изгледа многу интересно а веројатно и корисно. http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес/табата-4-минутен-интервален-тренинг-за-топ-форма Еве разгледајте го и доколку решите да вежбате овде можеме да си ги кажуваме постигнатите резултати.
Дефинитивно денес почнувам со овој тρенинг. Изгледа многу забавно, а најубаво е тоа што можеш да пρавиш вежби κаκви саκаш. Во меѓувρеме ќе вежбам и дρуги вежби, па да се надеваме деκа ќе има ρезултати
Неколку пати го имам пробано,мислам дека тренингов би делувал кога би се вежбал континуирано.Се надевам дека овој пат упорноста ќе биде на моја страна @waterllady дали ќе сакаш да ми објасниш како се става ова колку килограми имаш,која ти е целта и колку си симнала ?
Не сакам да ве разочарам да се правам паметна или да ме сватите погрешно најпрво сакам да ви кажам нешто ... Цел живот сум слаба само сакам да се затегнам вежбам редовно и многу тешко, сите овие што се "8 min abs" "45min cardio" "8 min незнам шо ... НЕ НЕ НЕ факт е дека тежина не се намалува со 8 мин а не па со 4 не само тежина нема да има ни видливи резултати верувајте ми да не се надевате и јас се надевав и мислев дека ќе успеам ама нема такво нешто без Добар кардио тренинг зачинат со стомачни ..... Знаете ли зошто кардио? За да се тргнат масните наслаги а стомачните за кога масните наслаги ќе се тргнат да наѕираат убавите и посакувани линии
Овој тренинг започнува со 4 минути, но како што пишува во самата статија после три недели , а зошто да не завино и од тоа како се чувствува човекот што вежба спремен може и порано да се зголеми времетраењето на тренингот. И плус може да се комбинира и со други вежби.
@PinkDramaQueen на lilyslim.com се прават, ако не се снајдеш пиши ми порака. Инаку, како што пишува и на Фемина, Табата служи за набивање кондиција, забрзување на метаболизмот, и секако топење на мастите. На почеток јас ќе си го комбинирам со вежби од ФинтесБлендер и пешачење/трчање. Здравје кога ќе залади времево ептен па да не можам да излегувам на пешачење, ќе го комбинирам со повеќе видеа од ФитнесБлендер. Па гледам дека и ФитнесБлендер имаат видео со Табата тренинг, супер. Ќе си го вежбам него + други видеа. Ги обожавам ФитнесБлендер, одлични се.
Јас започнав со моја верзија на овој тренинг. Сега трае десет минути пет минути пет различни кардио вежби потоа минута одмот и потоа упте една серија од тие вежби. Понатака нормално ќе зголемам на уште една серија итн. Па да видиме резултати.