Може само ако јадеш салата за време на ручек продолжуваш со салата... Ако си во можност ручекот кај 13 до 14 да ти биде.
Здраво Феминки! Почнувам со диетава денес, се надевам ќе издржам 90 дена. Веќе ја имам држено еднаш и можам да кажам дека е една од најефективните. Групава ми е голема мотивација.
Прв ден протеински. За доручек јадев две парчиња лубеница, доста вода во периодот до ручек. За ручек три варени јајца- и салата со морков. Супата ја избегнав вчера, ради топло и летен период. Вечера едно јајце и салата со краставица. Измеѓу тие периоди пиев доста вода, и испив некои две три кафиња, без млеко и без шеќер нормално.
Според старата верзија во протеински ден може да се јаде млечни производи со што на месото или јајцата ќе им ја намалиш количината а во скробен може да се меша скроб во сооднос 80 20 плус дозволено е уште 1 овошка ужина помеѓу појадокот и ручекот 2 часа да има растојание. Здравје почнувам од утре вака.
Втор ден скробен. За доручек две јаболки, ручек варен компир и шопска салата нормално без сирење и маслинки. Вечера- само салатата, оти некако не осеќав глад за да јадам половина од ручекот. Осетив некоја криза вчера али брзо помина, имајќи во предвид која цел и тежина сакам да достигнам .