Може само ако јадеш салата за време на ручек продолжуваш со салата... Ако си во можност ручекот кај 13 до 14 да ти биде.
Здраво Феминки! Почнувам со диетава денес, се надевам ќе издржам 90 дена. Веќе ја имам држено еднаш и можам да кажам дека е една од најефективните. Групава ми е голема мотивација.
Прв ден протеински. За доручек јадев две парчиња лубеница, доста вода во периодот до ручек. За ручек три варени јајца- и салата со морков. Супата ја избегнав вчера, ради топло и летен период. Вечера едно јајце и салата со краставица. Измеѓу тие периоди пиев доста вода, и испив некои две три кафиња, без млеко и без шеќер нормално.
Според старата верзија во протеински ден може да се јаде млечни производи со што на месото или јајцата ќе им ја намалиш количината а во скробен може да се меша скроб во сооднос 80 20 плус дозволено е уште 1 овошка ужина помеѓу појадокот и ручекот 2 часа да има растојание. Здравје почнувам од утре вака.
Втор ден скробен. За доручек две јаболки, ручек варен компир и шопска салата нормално без сирење и маслинки. Вечера- само салатата, оти некако не осеќав глад за да јадам половина од ручекот. Осетив некоја криза вчера али брзо помина, имајќи во предвид која цел и тежина сакам да достигнам .
Трет ден, јаглехидратен. За доручек две нектарини и кафе без шеќер/ млеко. Ручек вегетаријанска пица две парчиња. Ја правев на две интегрални тортиљи со малце кечеп, пиперче, домат и печурки. Вечера- уште едно парче од истата пица и еден ред чоколадо за готвење. Не осеќав потреба за друго благо или кифла. Денес прв овошен ден, се надевам ќе пројде како што треба.
4 ден овошен. Мора да признам дека ме фати криза вечерта али супер пројдов. Доручек: две нектарини и кафе. Ручек- салата со домат, пиперка и краставица. Ужина- десет непечени бадеми. Вечера- си направив салата со цвекло и морков. Испив доста вода измеѓу оброци, и конечно денес протеински ден .
Свесно ја прекршив диетава во сабота, бев на свадба. Денес си продолжувам со планот, нема откажување !
Се вратив после година и половина. Не дека сум поправена многу, +10кг за овој период во кој воопшто не внимавав на храна и јадев junk food, туку затоа што сакам да го исчистам организмот и да не се прејадувам во лето. Полесно се чувствувам кога сум на диетата, имам ред во оброците и здраво се хранам. Овој пат ун диетата ја комбинирам со аутофагија, односно оброците ги јадам во точно одредено време во текот на 8 часа и супер ми оди. Денес 8 ден Витамински Доручек - диња Ужина - 50 гр микс од брусница и јатки Ручек - диња и праски Вечера - шопска салата без сирење.
Ден 6- скробен За доручек банана и јаболка, морав банана оти ме држи подолго. Ручек една интегрална тортиља со варен ориз, печурки и салата со домат и пиперка. Вечера- малку од оризот без тортиља и преостанатата салата.
Ден 9 - протеин Доручек: банана Ручек: туна со салата: краставица, пиперка, кромид, царски микс, маслинки, супа (водата што се обари царскиот микс со коцка за зеленчукова супа), парче двопек Вечера: сардина со домат и маслинки
Ден 7 вчера- јаглехидратен. Доручек една банана и една јаболка. Применувам банана бидејќи ме држи доста сита до ручек. Ручек- печени интегрални макарони со брокула, карфиоил и тиквичка со малце кечап плус салата со домати. Вечера- земав ред чоколадо за готвење и неколку мали топчиња сладолед. Се осеќав криво за топчињата сладолед ама кога веќе стојат дека се дел од диета why not. Денес овошен ден,ќе видиме како ќе оди.
3/91 Овошје 2 интегрални сендвичи со тиквица намаз од авокадо зеленчук салата малку веге кашкавал Вечера 1 сендвич или некое хелти благо