УН Диета

Дискусија во 'Диети' започната од mKdevojce, 7 јануари 2010.

  1. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.317
    Допаѓања:
    13.005
    Пол:
    Женски
    Да ти кажам право си прекршувам некогаш, особено овошниот ден ми е тежок (затоа јадам повеќе зеленчук, ме заситува повеќе). Знам да си каснам залче леб со ајвар и сиренце пример, ама останувам само на тоа залче. Или наместо еден ред чоколадо да изедам ред и половина. Ама ретки ми се грешките, најчесто внимавам што јадам. Кога сум подолго време на факултет си носам од дома. Денес немав што да понесам дека ми е скробен, па прегладнев додека да дојдам дома и тек сега ручав.

    39ти ден-скробен
    појадок: 1 банана
    ручек: грав манџа, салата од краставици
    вечера: половина од ручекот, салата
     
  2. bamby

    bamby Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    Ајде од утре и јас ќе ја почнам :) . Па нека ми е со среќа. Имам доста за симнување. Само ме интересира, со скробниот ден манџите шо ги јадете со запршка или без? И дали е доволна физичка активност 5 пати во седмицата пешачење 4-5 км. или ќе треба да се потрубам повеќе :) ?
     
  3. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.317
    Допаѓања:
    13.005
    Пол:
    Женски
    Манџите јас без запршка ги јадам. 5 пати во седмицата е доволно, ама километражата зголеми ја, барем за 3 км.
     
  4. bamby

    bamby Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3

    А може пример: наутро 2, напладне 3 и навечер 3 километри, или мора наеднаш сите ?
     
  5. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.317
    Допаѓања:
    13.005
    Пол:
    Женски
    ^ Подобро за тебе е да не ги цепкаш, повеќе ќе се испотиш наеднаш и повеќе калории ќе согориш.
     
  6. A.n.a.l.i.a

    A.n.a.l.i.a Активен член

    Се зачлени на:
    27 септември 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    jas od utre ke ja pochnam :D
     
  7. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    74 овошен
    Доручек: грозје
    Ручек: овошна салата од две јаболка, така поголеми беа и две праски
    Вечера: две јаболка исто така големки

    Преска баба ми ми` кажа дека во недела планирала да меси банички со праз, мене тогаш ќе ми биде ЈХ, па да ве прашам има ли некој јадено такви, во јх ден и голема ли утка ќе биде ако јадам, не сум сигурна дека ќе се воздржам, а да не пробам :$
     
  8. indian

    indian Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    5
    од едно не е ништо и така јх ти е :)
     
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Уште еден успешно поминат воден ден. И минус уште едно кило. 17 заедно, 11 ун. :rofl:
    Денес ми е 59ти, протеински ден. Вчера ни кога бев дома, ни кога бев во школо, не ми се јадеше.
    Ама кога дојдов од школо, кога намирисав ајвар во комшии... Помина, не прекршив важно. :)

    Во четврток ќе одам на екскурзија, и ќе морам да ја прекршам тие 3-4 дена. Ќе гледам, по здраво да јадам. А кога ќе се вратам, ќе си ја продолжам, нормално. :)
    Се мислам, одкако ќе поминат тие 90 дена, да држам уште 12 дена Турбо Ун.
    А после од февруари, здравје Боже, од почеток пак.
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Ај едно прашање бидејќи ми треба и совет, за одржувањето по УН, зошто Трендафилка или другите кои завршивте со овие 90 дена наместо сега да се измачувате што како, па еве гледам Трендафилка сака да започне со Аткинс, пред тоа ја продолжи УН, не почнавте со следните денови од УН- УН одржување? Прашувам бидејќи еве и јас привршувам и не знам што да правам. Читав нешто на српски форум па некако најсигурно ми е да продолжам така, и за тие што ја читаа книгата за УН пишува нешто таму за овие новите 90 дена, бидејќи не знам од кај излегоа нели кај нас беше нагласено дека се продолжува со овошје за појадок а за овој новиот циклус од по 6 дена ништо не беше кажано :?:

    протеински
    скроб
    скроб
    протеински
    ЈХ
    Витамински

    Плус овде во протеинскиот и во скробниот може вечерата да е различна од ручекот, пример месо ручек јајца вечера и сл.

    Ај баш ме интересира ако некој знае нешто повеќе
     
  11. bamby

    bamby Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    1 ден :
    појадок: 1 големо јаболко, и помал портокал
    ручек: 120гр туна ( конзервирана со вода ), пола главица кромид, 2 кислеи краставички ( туршија) и белки од две варени јајца

    Сега читајќи ја диетата видов дека може или месо или јајца, а јас јадев и тоа и тоа, дали направив грешка?
     
  12. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70

    Можеш со праз, само немој со сирење или месо....со праз можеш, тоа зеленчук е ;)
     
    На Angel.Heart му/ѝ се допаѓа ова.
  13. babybelle

    babybelle Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    70
    Во протеински ден се јаде или јајца или месо...доколку јадеш и млечен производ (пр.сирење) ќе намалиш од месото ;)
     
  14. bamby

    bamby Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    И сеа од ново треба да ја почнам или? Шо да правам за вечерата?
     
  15. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Нема потреба од ново, продолжи си утре со скробен и доколку за ручек си јадела месо, мора и вечерата да ти биде месо, пишува на првата страна, значи што за ручек имаш јадено, мора и за вечера тоа само да ти биде на пола од ручекот и читам погоре си напишала за доручек си јадела јаболка и портокал, значи доручекот мора да се состои од две исти овошја, пример две јаболка, или два портокала, или две праски...не треба да мешаш. Свтри на прва страна прочитај за да не правиш утки :hai:
     
  16. volsebna

    volsebna Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2012
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    806
    Пол:
    Женски
    da напоменам, за појадок и во овошниот ден избегнувајте да јадете грозје, банана и суво овошје, бидејки се многу калорични, може лешници, бадеми, кикирики и ореви, но само еден грст, бидејки и тие се калорични.
    сите имате фб, па ако може ве молам подарете zvezda na sledniot link
    https://www.facebook.com/DormeoMk?sk=ap ... 1215038247
    благодарам, и со среќа во борбата со килограмите
     
  17. Angel.Heart

    Angel.Heart Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2012
    Пораки:
    593
    Допаѓања:
    2.053
    Протеински
    Доручек: две јаболка
    Ручек: од 250г мелено месо (кое го поделив за ручекот и вечерата) , го зачинив само со вегета и маслиново масло, си направив плескавици на тостерот, со парче црн леб, салата и чаша супа
    Вечера: половина од ручекот без супата и леб
     
  18. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    И јас ќе ве дружам во диетава за да доослабам, до Нова Година планирам да сум таман. :)
    Ќе се придржувам кон се, само нема да јадам леб и ќе вежбам секој ден. :)
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Happy....girl

    Happy....girl Активен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    24
    Ке може ли во привот протеински ден да се јаде пржена плескавица? Секако нема цела,туку половина плескавица. :?:
    Денес почнувам со оваа диета,имам 65 кг,сакам барем 50 кг да имам да бидам тамам. :D
     
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    ^ Можеш, како не.
    Не само пржена туку и похована со додаток од типот помфрит смееш пример.

    Добро, кај ви текнуваат работиве.
    Во ниту една диета не смеат пржени работи, а ниту во оваа. Која би била смислата и поентата да јадеме пржено и да слабееме? Во parallel universe, мејби.