Spoiler Да ти кажам право си прекршувам некогаш, особено овошниот ден ми е тежок (затоа јадам повеќе зеленчук, ме заситува повеќе). Знам да си каснам залче леб со ајвар и сиренце пример, ама останувам само на тоа залче. Или наместо еден ред чоколадо да изедам ред и половина. Ама ретки ми се грешките, најчесто внимавам што јадам. Кога сум подолго време на факултет си носам од дома. Денес немав што да понесам дека ми е скробен, па прегладнев додека да дојдам дома и тек сега ручав. 39ти ден-скробен појадок: 1 банана ручек: грав манџа, салата од краставици вечера: половина од ручекот, салата
Ајде од утре и јас ќе ја почнам . Па нека ми е со среќа. Имам доста за симнување. Само ме интересира, со скробниот ден манџите шо ги јадете со запршка или без? И дали е доволна физичка активност 5 пати во седмицата пешачење 4-5 км. или ќе треба да се потрубам повеќе ?
Манџите јас без запршка ги јадам. 5 пати во седмицата е доволно, ама километражата зголеми ја, барем за 3 км.
74 овошен Доручек: грозје Ручек: овошна салата од две јаболка, така поголеми беа и две праски Вечера: две јаболка исто така големки Spoiler Преска баба ми ми` кажа дека во недела планирала да меси банички со праз, мене тогаш ќе ми биде ЈХ, па да ве прашам има ли некој јадено такви, во јх ден и голема ли утка ќе биде ако јадам, не сум сигурна дека ќе се воздржам, а да не пробам
Уште еден успешно поминат воден ден. И минус уште едно кило. 17 заедно, 11 ун. Денес ми е 59ти, протеински ден. Вчера ни кога бев дома, ни кога бев во школо, не ми се јадеше. Ама кога дојдов од школо, кога намирисав ајвар во комшии... Помина, не прекршив важно. Во четврток ќе одам на екскурзија, и ќе морам да ја прекршам тие 3-4 дена. Ќе гледам, по здраво да јадам. А кога ќе се вратам, ќе си ја продолжам, нормално. Се мислам, одкако ќе поминат тие 90 дена, да држам уште 12 дена Турбо Ун. А после од февруари, здравје Боже, од почеток пак.
Ај едно прашање бидејќи ми треба и совет, за одржувањето по УН, зошто Трендафилка или другите кои завршивте со овие 90 дена наместо сега да се измачувате што како, па еве гледам Трендафилка сака да започне со Аткинс, пред тоа ја продолжи УН, не почнавте со следните денови од УН- УН одржување? Прашувам бидејќи еве и јас привршувам и не знам што да правам. Читав нешто на српски форум па некако најсигурно ми е да продолжам така, и за тие што ја читаа книгата за УН пишува нешто таму за овие новите 90 дена, бидејќи не знам од кај излегоа нели кај нас беше нагласено дека се продолжува со овошје за појадок а за овој новиот циклус од по 6 дена ништо не беше кажано протеински скроб скроб протеински ЈХ Витамински Плус овде во протеинскиот и во скробниот може вечерата да е различна од ручекот, пример месо ручек јајца вечера и сл. Ај баш ме интересира ако некој знае нешто повеќе
1 ден : појадок: 1 големо јаболко, и помал портокал ручек: 120гр туна ( конзервирана со вода ), пола главица кромид, 2 кислеи краставички ( туршија) и белки од две варени јајца Сега читајќи ја диетата видов дека може или месо или јајца, а јас јадев и тоа и тоа, дали направив грешка?
Во протеински ден се јаде или јајца или месо...доколку јадеш и млечен производ (пр.сирење) ќе намалиш од месото
Нема потреба од ново, продолжи си утре со скробен и доколку за ручек си јадела месо, мора и вечерата да ти биде месо, пишува на првата страна, значи што за ручек имаш јадено, мора и за вечера тоа само да ти биде на пола од ручекот и читам погоре си напишала за доручек си јадела јаболка и портокал, значи доручекот мора да се состои од две исти овошја, пример две јаболка, или два портокала, или две праски...не треба да мешаш. Свтри на прва страна прочитај за да не правиш утки
da напоменам, за појадок и во овошниот ден избегнувајте да јадете грозје, банана и суво овошје, бидејки се многу калорични, може лешници, бадеми, кикирики и ореви, но само еден грст, бидејки и тие се калорични. сите имате фб, па ако може ве молам подарете zvezda na sledniot link https://www.facebook.com/DormeoMk?sk=ap ... 1215038247 благодарам, и со среќа во борбата со килограмите
Протеински Доручек: две јаболка Ручек: од 250г мелено месо (кое го поделив за ручекот и вечерата) , го зачинив само со вегета и маслиново масло, си направив плескавици на тостерот, со парче црн леб, салата и чаша супа Вечера: половина од ручекот без супата и леб
И јас ќе ве дружам во диетава за да доослабам, до Нова Година планирам да сум таман. Ќе се придржувам кон се, само нема да јадам леб и ќе вежбам секој ден.
Ке може ли во привот протеински ден да се јаде пржена плескавица? Секако нема цела,туку половина плескавица. Денес почнувам со оваа диета,имам 65 кг,сакам барем 50 кг да имам да бидам тамам.
^ Можеш, како не. Не само пржена туку и похована со додаток од типот помфрит смееш пример. Добро, кај ви текнуваат работиве. Во ниту една диета не смеат пржени работи, а ниту во оваа. Која би била смислата и поентата да јадеме пржено и да слабееме? Во parallel universe, мејби.