Денес овошен ден. Сабајле појадував портокал, а после тоа си сварив зелка со патлиџан и морков, без запршка и еве веќе 2 пати си каснувам од тоа. Инаку за 50 и кусур дена јас симнав 10 кг.
A ке може ли да ми кажеш со колку кг ја започна диетава Јас моментално имам 64 кг а 170 см сум висока ,сакам да ослабнам 5,6 кг, па затоа ме интересира да видам дали ке успеам
Протеински Доручек: две јаболка Ручек: шопска салата, 300г баланс плус, многу малку кашкавал и ајвар 3 големи лажици Вечера: шопска салата со 250г баланс плус Неможам да се воздржам, а да не пробам од ајварот, поготово сега кога цело маало мириса на ајвар. Поарно вака контролирано да си го јадам одколку да се искризирам па да седнам и да незнам колку да изедам. Вие како се справувате со зимниците како ајварот и др, особено оние кои ја прекинаа диетава?
Висока сум 167, диетава ја започнав со 69,2 кг сега сум 60,5 кг, што значи дека во моментов и мене ми се одвишок некои 5 кила, исто како тебе. И јас бев голем скептик за диетава од причина што мислев дека за да ослабеш неопходно е да гладуваш, ама кога изгуглав видов дека така само сум си го успорувала метаболизмот и од „брзите диети“ само сум губела вода на што се радував дека експресно сум ослабела 3-4 килца и после вагата не мрда . Со диетава јас сосема го променив режимот на исхрана. Шеќер не користам, зејтинот го заменив со нерафинирано масло од лен, јадам мн зеленчук, пијам мн вода и зелен чај. Јас те советувам да ја почнеш и да бидеш мн упорна, зошто на почеток може да се случи и првите 2 недели да нема резултати па наеднаш да симнеш. Верувам дека тебе ќе ти треба повеќе време да ги симнеш, бидејќи имаш малку за симнување, ама во секој случај ќе си воведеш мн здрав начин на исхрана. Ем заедно ќе си ја оствариме целта да бидеме скини грлс
јх денот (сум кажала и пак ке кажам,овој ден многу ми е тежок) доручек грозје ручек баничка ( мајка ми специјално ми ја правеше диетална ) вечера сладолед и од на мајка ми благото пробав ,знам не е во ред ,ама после тоа трчање вежбање па ајде си мислам некако се оправдав ( божем цел живот избегнувам јаглехидрати,сега заради диетава редовно консумирам,одкога ке завршам дефинитивно ке си продолжам без нив ) искрено многу ме интересира колку долго траат резултативе од диетава...има некој компетентен за одговор??
Спојлер Јас кога ја држев диетава јх ми беше најлесен ден Инаку и јас од утре ви се придружувам,па ке се дружиме во оваа тема.
12/90 Овошен ден . Планирам цел ден јаболки но искрено незнам како ќе издржам Цел ден ќе бидам дома но ке се потрудам Утре ќе споделам како сум поминала
Мразам диети кои кажуваат точно што треба да јадам,да не треба се од тоа да купувам,секакви месишта и чуда?едноставно овошје и зеленчук,ПОВЕЌЕ ЏВАКАЊЕ НА ХРАНАТА (30-40 пати) за да му помогнете на организмот побрзо да ја свари и 2-3 саати ДА СЕ ЧЕКА после оброк за да може да се свари храната па после да се јаде (неколку минути ако се работи само за овошје) и тоа е се!!!Летоска на ово начин ослабев неколку кила (имав 69 за месец и нешто 64) и за сега сум на таа тежина,поради школото НЕ МОЖАМ да слабеам али не ја ни зголемувам тежината
Ја почнав од понеделникот оваа недела денес ми е 5 ден имам симнато 2 кила па ке ве известам до другата недела паккк... позззче
zenska8 и мене ми е 5 ден ,заедно сме ја почнале диетава . незнам дали имам симнато некое кило пошо треба да ми дојде и сум надуена ,ама у секој случај добро ми иде .Ме интересира со колку кг почна ,па да си направам споредба .Јас со 64., а сакам 5 ,6 кг да ослабнам поздрав па ке се дружиме на форумот.
Епа девојки и мене ми е 5 ден Ќе се дружиме сите заедно. Јас моментално немам вага, ама се надевам во иднина ќе си купам.
И јас немам вага ама пред да почнам со диетава се измерив кај една другарка ,и денес ке одам кај неа и баш ке видам колку сум ослабнала. Ама мислам дека подобро да немаме вага за после 1 месец да се изненадиме се надевам пријатно изненадени ке бидеме
Баш се радувам што имам со кого да се дружам. Инаку имав 62.5 кг денес се измерив имав 60.5 точно. Јас сакам да ослабам уште 6кг да имам 54...
Од утре сум повторно на овој режим и ви правам друштво диеталки. Ќе ве известувам секој ден како и претходно, ама овој пат без слики . И да прашам: ајварот во кој ден може да се јаде ако може да се јаде? Во скробен место салата? Зошто во Ск имам две тегли со ајвар што ќе стојат така, па дали може да јадам и ајвар во теков на диетава. Иако ја имам држено повеќе пати сум ја држела без ајвар, ама сега е период кога го има и тој треба да се јаде(студентски живот) па да видам дали може или не.. Чекам одговор и ваши размислувања.
јас да ви кажам искрено се разочарав после 10 дена од диетава се измерив и вагата покажуваше-2 кила што мене ми е доволно али седнав ијадев супа една порција и што ми требаше да се измерам веднаш вагата се качи имав-1 кило само еве сабајлето се изнервирав и си купив едно чоколадце мало и си го изедив и цел ден ке бидам со овошје значи овошен знам оти е грешка ама ептен се разочарав
Ева немој да се разочаруваш, и на првата страница пишува дека можно е во првите неколку дена да нема намалување на килата, а после тоа нагло се симнуваат едно четири-пет. Посебно оди тешко ако имаш помалку за симнување. Немој уште на почеток да се разочаруваш, ајде, ведро, не губи трпение.
па лух не дека немам многу за симнување имам ама по мое само4 килограми ми требаат да си симнам односно да си бидам како што си бев инаку телото ми е помускулесто и сало имам само на стомакот а на нозете немам ни целулоид па може затоа побавно ми оди со -2 бев задоволн ама откако јадев супа 1 кило пак се врати значи само едно сум минус не се откажувам ама не се ни држам толку стрикно некогаш си ке се поцастувам +со нешто што ми се јаде
Не ме осудувајте доколку е грешно. Ама јас го јадам во јх ден. Баш денес, правевме ајвар, и си пробав. Два пати по ред јадам ајвар. Прошлиот пат, со сирење, денес без. Иначе денес ми е 69 ден. А стагнирам веќе цел месец. Не се мрдам од тие. Ама добро. Не се откажувам, и немам намера.