Тие што сте породени во Систина со царски, дали ве шиеја или сте лепени? И какво ви е искуството со самиот царски рез? Станавте ли брзо, можевте ли да се чувате со бебуш?
Јас се породив на 24ти март, не знам дали сум шиена или лепена имам само една бела тенка линија. Кратко трае операцијата, чудно чувство за време во сала, слаба болка кога ми го стискаа горниот дел на стомакот. Во рикавери се останува околу 3 часа, свесна си, ништо не те боли си пиеш сок и вода и чекаш да те вратат во соба. Може да имаш тресење на тело и препотување, нормална реакција од спиналната (патем спиналната не боли, поболно е канила во рака). Првата вечер ти течат инфузии за болка, не можеш да се вртиш лево десно, обезболена си и не е страшно. Првиот ден после царски е најтежок, но застани на нозе што можеш побрзо, не одложувај (можда ќе ти кажат дека првото станување е тешко, кај мене не беше толку тешко колку што замислував и колку што очекував, си направив сама на себе непотребна блокада и анксиозност). Вториот ден е подобро, третиот е драстично подобро. Ме пуштија дома во саботата, во неделата си правев ручек сама Денес веќе функционирам супер а утре ќе ми вадат конци. Опушти се, и верувај дека ќе помине брзо. (за дома можеш кетонал да пиеш, јас пиев првите два дена насабајле, веќе немам потреба ни од тоа). П. С сама чувам бебе, ја дојам ја кревам во раце ја думкам.. никаков проблем (раната може да запече ама седнувам во тој момент и поминува)
Јас исто сум со првото природно, но по тоа што го преживеав тогаш, нема шанса да се пораѓам пак природно. Бтв, не сум нежна воопшто или да се плашам од болка, ама многу беше трауматично и за мене и за бебе па овој пат одлучив да сум со царски. Фала многу за искуството, мило ми е што си се гушкате со бебуш живи и здрави
Со првото бев царски, и со второто ќе бидам. Јас мислам дека 2 недели после резот имав потешкотии при станување од кревет, вртење, лежење. Мислам и дека како пингвин одев на почетокот. Не пиев ништо за болка, може требаше. Ме нервираат коментари, па сакав да прашам како се справувате вие со грди коментари околу царскиот?
Ич да си ги ставаш при срце коментарите. Игнорирај ги. Ако некој не те почитува како тазе родилка, која поминува низ така кажано хаос, не треба ни да им возвраќаш, ни да ги слушаш.
Во која смисла? Јас на пример ко ќе им кажам дека не сакам пак природно сите ми коментираат како “ќе сум видела ко нема да можам да ги дигнам рацете” а јас им кажувам дека подобро тоа одколку да неможеш да си го задржиш нагонот за голема нужда месеци после пораѓајот. Јас бев природно со провокации затоа што “не можело веќе да им држам кревет “ на ГАК, а искуството ми е еднакво на траума од силување. Од чистач до доктор сѐ ме изровари доле, и уште ти се дере зашто бегаш? Дојди јас за ти ја збрцам ракава до лакто па ќе видиш што бегам … да не зборам дека почна да губи бебе тонови пошо долго беше заглавена во канал, плус маките одпосле со распукотини од 3 степен.. така што ич не ме допираат веќе мислењата на никој, пошо на никој и нема да му е гајле што си преживеал на крај на денот, само ќе ти честитаат Освен ако не планираат они да го родат место тебе, немаат право на зуц.
Па зошто царски, сама ли сакаш? А царски дека царица си демек па затоа? Ама тоа е операција нели знаеш, лузна ќе имаш цел живот. А зошто, не сакаш да се мачиш, Господ за тоа не дал итн. Последно е што ми треба да се објаснувам во бремена состојба, но блиска фамилија ти се и не можеш да вратиш остро од почит. Мада може треба. И после мене ми се вртат у глава тие зборови ко да сум немајка јер нели, не ми се рачуна за родено ако не сум била на бокс.
Ич да не ти се вртат, затоа ко што ти кажав, од ко ќе се породиш никој нема ни да праша како си ти (ментално и физички), освен можеби мајка,сестра или партнерот. Сѐ друго е само спремно за локање на мекици. Затоа, ти си ги носиш одлуките за себе, и ничие друго мислење не е важно.
Жал ми е за што си поминала. Ама ова болдираново, да го прочита некоја што треба да раѓа, од памет ќе извадиш.
Јас имав лоша епизотомија со првото, заздравував долго (сигурно месец дена на стол не можев да седнам), така да од аспект на заздравување рана ова ми е поподносливо. Од друга страна, родилки природно се проаѓаат без ниеден конец да има потреба да им се стаи така да секое искуство е посебно.
Знам, и секое породување е различно, ама тоа беше реалност со мене за жал, и не ми е намерата да исплашам некој ама според мене вагинално и природно породување не е исто, затоа што природното не се случува со провокации. И сигурна сум дека зависи и каде се пораѓаш, или колку врски имаш.
Искрено каква врска и да имаш, на крајот сама/сами ги раѓаме децата. Само со лесно да е на сите и да поминуваат брзо и со лесно закрепнување.
Сами си ги раѓаме, ама не е исто кога некој ќе ти збори дека ти било убаво кога си го правела, а сега викаш од болки и ќе те третира лошо. Многу жени имаат вакви трауматични искуства. Раѓаш нов живот, момент што треба да е круна на целиот живот, а ваму некој ти се смее. Уште полошо е што ваков однос добиваат токму од жени. Не мислам конкретно на тебе, се надоврзав само. Мене породувањето ми е останато како многу позитивен момент и искуство, иако беше итен царски и стресна беше целата ситуација.