Царски рез

Дискусија во 'Бременост' започната од hrizantema007, 20 март 2012.

  1. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Тие што сте породени во Систина со царски, дали ве шиеја или сте лепени? И какво ви е искуството со самиот царски рез? Станавте ли брзо, можевте ли да се чувате со бебуш?
     
  2. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    649
    Пол:
    Женски
    Јас се породив на 24ти март, не знам дали сум шиена или лепена имам само една бела тенка линија.
    Кратко трае операцијата, чудно чувство за време во сала, слаба болка кога ми го стискаа горниот дел на стомакот.
    Во рикавери се останува околу 3 часа, свесна си, ништо не те боли си пиеш сок и вода и чекаш да те вратат во соба. Може да имаш тресење на тело и препотување, нормална реакција од спиналната (патем спиналната не боли, поболно е канила во рака).
    Првата вечер ти течат инфузии за болка, не можеш да се вртиш лево десно, обезболена си и не е страшно.
    Првиот ден после царски е најтежок, но застани на нозе што можеш побрзо, не одложувај (можда ќе ти кажат дека првото станување е тешко, кај мене не беше толку тешко колку што замислував и колку што очекував, си направив сама на себе непотребна блокада и анксиозност). Вториот ден е подобро, третиот е драстично подобро. Ме пуштија дома во саботата, во неделата си правев ручек сама :D Денес веќе функционирам супер а утре ќе ми вадат конци.
    Опушти се, и верувај дека ќе помине брзо. (за дома можеш кетонал да пиеш, јас пиев првите два дена насабајле, веќе немам потреба ни од тоа).
    П. С сама чувам бебе, ја дојам ја кревам во раце ја думкам.. никаков проблем (раната може да запече ама седнувам во тој момент и поминува)
     
    На tambelina, ...Arthemisia... и 5678m им се допаѓа ова.
  3. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    15.549
    Пол:
    Женски
    Колку ти се разлика со првото?
     
  4. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    649
    Пол:
    Женски
    7 години, првото беше природно родено
     
    На ...Arthemisia... и Feniksgirl им се допаѓа ова.
  5. 5678m

    5678m Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    389
    Допаѓања:
    429
    Pocna li da go dois bebeto vo bolnica ili doma i koga ti nadojde mleko
     
  6. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Јас исто сум со првото природно, но по тоа што го преживеав тогаш, нема шанса да се пораѓам пак природно. Бтв, не сум нежна воопшто или да се плашам од болка, ама многу беше трауматично и за мене и за бебе па овој пат одлучив да сум со царски. Фала многу за искуството, мило ми е што си се гушкате со бебуш живи и здрави :inlove:
     
  7. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    Со првото бев царски, и со второто ќе бидам. Јас мислам дека 2 недели после резот имав потешкотии при станување од кревет, вртење, лежење. Мислам и дека како пингвин одев на почетокот.
    Не пиев ништо за болка, може требаше.
    Ме нервираат коментари, па сакав да прашам како се справувате вие со грди коментари околу царскиот?
     
  8. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.201
    Допаѓања:
    27.359
    Пол:
    Женски
    Ич да си ги ставаш при срце коментарите. Игнорирај ги.
    Ако некој не те почитува како тазе родилка, која поминува низ така кажано хаос, не треба ни да им возвраќаш, ни да ги слушаш.
     
    На ...Arthemisia... и Miss666 им се допаѓа ова.
  9. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Во која смисла?
    Јас на пример ко ќе им кажам дека не сакам пак природно сите ми коментираат како “ќе сум видела ко нема да можам да ги дигнам рацете” а јас им кажувам дека подобро тоа одколку да неможеш да си го задржиш нагонот за голема нужда месеци после пораѓајот. Јас бев природно со провокации затоа што “не можело веќе да им држам кревет “ на ГАК, а искуството ми е еднакво на траума од силување. Од чистач до доктор сѐ ме изровари доле, и уште ти се дере зашто бегаш? Дојди јас за ти ја збрцам ракава до лакто па ќе видиш што бегам … да не зборам дека почна да губи бебе тонови пошо долго беше заглавена во канал, плус маките одпосле со распукотини од 3 степен..
    така што ич не ме допираат веќе мислењата на никој, пошо на никој и нема да му е гајле што си преживеал на крај на денот, само ќе ти честитаат :)

    Освен ако не планираат они да го родат место тебе, немаат право на зуц. :l:
     
    На elena0994, srcka12345, MiloMalo и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски

    Па зошто царски, сама ли сакаш? А царски дека царица си демек па затоа? Ама тоа е операција нели знаеш, лузна ќе имаш цел живот. А зошто, не сакаш да се мачиш, Господ за тоа не дал итн.
    Последно е што ми треба да се објаснувам во бремена состојба, но блиска фамилија ти се и не можеш да вратиш остро од почит.
    Мада може треба. И после мене ми се вртат у глава тие зборови ко да сум немајка јер нели, не ми се рачуна за родено ако не сум била на бокс.
     
    На MiloMalo и ...Arthemisia... им се допаѓа ова.
  11. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Ич да не ти се вртат, затоа ко што ти кажав, од ко ќе се породиш никој нема ни да праша како си ти (ментално и физички), освен можеби мајка,сестра или партнерот. Сѐ друго е само спремно за локање на мекици. Затоа, ти си ги носиш одлуките за себе, и ничие друго мислење не е важно.
     
    На Frida- и Miss666 им се допаѓа ова.
  12. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.224
    Допаѓања:
    15.549
    Пол:
    Женски
    Колку ќе ти бидат разлика?
     
  13. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.673
    Допаѓања:
    5.454
    Пол:
    Женски
    2 и пол години.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.201
    Допаѓања:
    27.359
    Пол:
    Женски
    Жал ми е за што си поминала. Ама ова болдираново, да го прочита некоја што треба да раѓа, од памет ќе извадиш.
     
  15. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    649
    Пол:
    Женски
    Во болница, одма нареден ден. Денес ми е 9ти ден од раѓање, веќе си цица регуларно.
     
    На 5678m и tambelina им се допаѓа ова.
  16. Frida-

    Frida- Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2025
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    649
    Пол:
    Женски
    Јас имав лоша епизотомија со првото, заздравував долго (сигурно месец дена на стол не можев да седнам), така да од аспект на заздравување рана ова ми е поподносливо. Од друга страна, родилки природно се проаѓаат без ниеден конец да има потреба да им се стаи така да секое искуство е посебно.
     
    На ...Arthemisia... му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    364
    Допаѓања:
    907
    Пол:
    Женски
    Знам, и секое породување е различно, ама тоа беше реалност со мене за жал, и не ми е намерата да исплашам некој ама според мене вагинално и природно породување не е исто, затоа што природното не се случува со провокации. И сигурна сум дека зависи и каде се пораѓаш, или колку врски имаш.
     
  18. BellaBibi

    BellaBibi Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2021
    Пораки:
    9.201
    Допаѓања:
    27.359
    Пол:
    Женски
    Искрено каква врска и да имаш, на крајот сама/сами ги раѓаме децата.
    Само со лесно да е на сите и да поминуваат брзо и со лесно закрепнување.
     
    На ...Arthemisia... му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.694
    Допаѓања:
    2.972
    Пол:
    Женски
    Сами си ги раѓаме, ама не е исто кога некој ќе ти збори дека ти било убаво кога си го правела, а сега викаш од болки и ќе те третира лошо. Многу жени имаат вакви трауматични искуства. Раѓаш нов живот, момент што треба да е круна на целиот живот, а ваму некој ти се смее. Уште полошо е што ваков однос добиваат токму од жени. Не мислам конкретно на тебе, се надоврзав само. Мене породувањето ми е останато како многу позитивен момент и искуство, иако беше итен царски и стресна беше целата ситуација.
     
    На tambelina и ...Arthemisia... им се допаѓа ова.
  20. tambelina

    tambelina Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2012
    Пораки:
    933
    Допаѓања:
    2.612
    Пол:
    Женски
    Затоа треба да имаат родилките придружба, лице кое ќе може да се заземе за нив и да им биде поддршка , помош,сила, во тој момент. Кога веќе немаат доволно персонал треба да дозволат придружба.
    Немав толку многу лоши,трауматични искуства со претходните породувања,но не беа ни сјајни, многу е напорно со болки да одговараш одговараш со медицинскиот персонал. Со третото наместо Тантуровски епизотпмијата ми ја шиеше една специјализантка,башка што ме сецна два пати,без да каже без да праша, ,катастрофа, сега ќе треба да молам за корекција.

    Затоа,четвртово дете во приватна ќе го раѓам,сопругот со мене и тој ќе адвокатува наместо мене, јас ќе си дишам и х'мкам на раат. А не да нема кој да ти подаде вода ,и да пополнуваш приемни формулари кога мозокот ти е блокиран од болки. За информации,согласност и почитување на барањата на пациентот ич да не зборуваме.

    Другарка моја три деца роди во Океанија,каква епизотпмија, од масажи на перинеумот, до епидурал, менување положби за раѓање итн ...

    како во камена доба да сме заглавени.
     
    На ...Arthemisia..., ForeverYoung и Orchidea им се допаѓа ова.