Се согласувам целосно. И ако не сака сопругот да може било кој друг да биде до тебе, мајка, сестра, другарка. Било кој. Од приватна јас сум презадоволна, секогаш кога ќе ги побарав доаѓаа одма. На државно не ни помислував, поради лоши случки и пропусти во блиска фамилија. Добив и коментар зошто да ги даваш тие пари, ќе наполниш ќесето и на државно ќе те гледаат. Не фала.
За царски не сум прашала,оти не ми е во план ама зошто не би, си им напред како параван , столче до главата. Е сега во хитна ситуација разбирам ,околностите се менуваат .
Кај Органџиски е дозволено и за царски, седи до главата горе. Откако ми ја одлепија лепенката во болница кога не пуштија не ставав ништо, освен што миев и прскав Силбен. Мрежести гаки носев околу месец после царскиот. Поудобни ми беа од обичните памучни.