Се согласувам целосно. И ако не сака сопругот да може било кој друг да биде до тебе, мајка, сестра, другарка. Било кој. Од приватна јас сум презадоволна, секогаш кога ќе ги побарав доаѓаа одма. На државно не ни помислував, поради лоши случки и пропусти во блиска фамилија. Добив и коментар зошто да ги даваш тие пари, ќе наполниш ќесето и на државно ќе те гледаат. Не фала.
За царски не сум прашала,оти не ми е во план ама зошто не би, си им напред како параван , столче до главата. Е сега во хитна ситуација разбирам ,околностите се менуваат .
Кај Органџиски е дозволено и за царски, седи до главата горе. Откако ми ја одлепија лепенката во болница кога не пуштија не ставав ништо, освен што миев и прскав Силбен. Мрежести гаки носев околу месец после царскиот. Поудобни ми беа од обичните памучни.
Да, тенкс… но јас во Систина ќе бидам. Како и да е, веројатно може брзо после тоа таткото да го види бебето.
Здраво, Дали може некоја да сподели искуство со царски рез на ГАК во скоро време? Односно, кој одлучува со каква анестезија, дали после тоа ги носат бебињата кај мајките, дали некој ти кажува како и кога треба да доиш, дали може после тоа да дојде таткото? Благодарам
Анестезија одлучува анестезиолог, во координација со докторот. Откако ќе ти извадат катетар носат бебе. За доење ако ти се погоди сестра. Татко ако имаш врски може да влезе.
Не ништо не ставав, уште во болница раната одлично заздравуваше, ме отпуштија без препорака да ставам нешто, само редовно туширање. Мрежести само во болница носев, по дома си купив 100 памучни гаќи со висок струк никако да не допира на раната. Еве и после 8 месеци не можам да носам гаќи со низок струк, а раната е совршено заздравена.
Спинална е 99% освен ако немаш јака индикација за целосна. Бебето кај тебе откако ќе те станат, мене цел ден ми го оставаа. За доење, на сите што се на ГАК, Господ да им помогне, ужасни се таму сите 2 пораѓаи, една асална сестра не видов. Посета освен ако си во апартман нема. Маж ми влегуваше да зошто работи таму ама тоа не е ништо, 2 мин да ме види само, та било та не било. Не е ок спрема другите жени да дреме таму, осет треба сам да имаш. Со царски ти треба помош повеќе. Не дека нема да преживееш без, ама ако сакаш маж ти да е со тебе нон стоп, земи апартман 100 еур од вечер.
И јас поминав ок, ама сестрите за бебињата сакаш да кажеш дека се ок и ти помогнаа за доење? Јас имав проблем со градите, ми беа запушени каналите, два камена ми беа, доаѓаа само ме гледаа и толку. Никаква емпатија, никаква помош. Тук таму некоја докторка или сестра од другите ќе ми дадеше совет со шише топла вода да се масирам, а таму нема топла вода. Пумпа земав ништо не искачаше. Абе око не им трепнуваше на тие од бебињата.
Да, јас имав премногу млеко, да не беа они ќе фатев мастит, стварно една забелешка немам, дури се чудам кога ќе слушнам лош коментар. Истата лактантка што работи таму кога се запушив пак после месеци, ама запушување со плочка на мене, дојде кај мојата матична(ја познав, не знаев дека доаѓала така на повик) ми помогна да не завршам со мастит.