Форумџика на годината

Целулит

Дискусија во 'Тело' започната од Mimi, 19 ноември 2009.

  1. Buterflygirll

    Buterflygirll Нов член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Јас имам целулит(скоро)сите имаат ретко кој нема и ич не ми е гајле што имам.
     
    На SaraaSr му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Monique995

    Monique995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    201
    Од фитнес аспект, 80% е исхраната 20% напорна работа во делот обликување на тело.
    Што е целулитот?
    - Масни наслаги.

    Како се добиваат тие масни наслаги?
    - Со не правилна исхрана (внес на огромна количина јаглехидрати, нездрави ужинки (чипсови, смоки, грицки..), пржена храна...)

    Што да се консумира?
    - Пред се МНОГУ ВОДА. Префрлање кон протеинска исхрана. Јаглехидратите дозволено е да се консумираат во сложена форма и тоа исклучиво наутро за доручек. Како ручек, менито би требало да содржи протеини и јаглехидрати (пр. печен стек 100-150гр и печен компир или ориз и сл. пропратено со салата). Вечерата треба да се состои единствено од протеини (стек, телешко месо, белки од јајца(никако жолчки) и сл.) Овошјето да има ограничено време.. најдоцна до 15-16 часот. Доматот содржи многу јаглехидрати што значи да се консумира како овошјето. Зеленчукот е неограничен. Ужините можат да содржат протеини (белка од јајце).

    Совет плус - Практикувајте секојдневна физичка активност!
     
    На glosipgirl и SaraaSr им се допаѓа ова.
  3. SaraaSr

    SaraaSr Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
  4. SaraaSr

    SaraaSr Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Отвори каталог орифламе http://mk.oriflame.com/products/catalog ... per=201308
    Еден гел има за целулит, нема да го утнеш
     
  5. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Овошно фрапе против целулит

    Денес ќе ви предложиме рецепт како да се ослободите од маснотиите и целулитот на лесен и вкусен начин. Ова фрапе е идеално за оброк или вечера.

    Состојки:

    Јогурт – го регулира варењето и ги топи маснотиите.

    Капини, малини или рибизла- моќни оксиданти богати со витамин Ц, кои стимулираат продукција на колаген

    Џумбир- ја подобрува циркулацијата

    Банана- содржи големи количества на потасиум кое ја задржува водата во телото

    Начин на подготовка:

    Во блендер ставете ладен јогурт и додадете неколку коцки мраз. Додадете малку џумбир и комбинацијата на овошки исечкани на мали коцки. Промешајте и послужете во сад.

    Совет: Џумбирот има јак вкус, па затоа употребете го во мали количини. Можете слободно да додадете природно цеден сок во фрапето и малку цимет или нане. Започнете го утрото со ова фрапе и со неколку јаткаст овошки.

    Ова го најдов на еден сајт, не е тешко да се направи а и не верувам дека е нешто гадно, така да може да се проба :) Само што сега уште мислам дека нема капини и малини, јас со тоа сакам да пробам, рибизлите некако ми немаат некој вкус.. :^)
     
  6. SaraaSr

    SaraaSr Активен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2013
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Може во овј број да го нема, но во нареден број би требало
     
  7. marlonbrando69

    marlonbrando69 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2013
    Пораки:
    474
    Допаѓања:
    5.519
    Пол:
    Машки
    лоша но минлива работа, ако навреме се превземат мерки
     
  8. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Денес конечно се решив да испробам, интересно е и не е тешко. Тоа што ме интересира е колку пати неделно да го правам за да има ефект и што да користам за мачкање јас се намачкав со млеко за тело, но многу брзо се брише па нема да ми стасува по цело пакување, и дали се јавуваат испукани капилари ??!!
     
  9. ivanus

    ivanus Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    51
    а како треба повеќе пати ли да ја палиш свеќата мислам постапката дали треба да ја повторуваш[/quote]
    Денес конечно се решив да испробам, интересно е и не е тешко. Тоа што ме интересира е колку пати неделно да го правам за да има ефект и што да користам за мачкање јас се намачкав со млеко за тело, но многу брзо се брише па нема да ми стасува по цело пакување, и дали се јавуваат испукани капилари ??!![/quote]

    Јас и ретко кога се мачкам со нешто, некако мислам дека подобро ми е без ништо :D Малку повеќе боли, ама се ствара поголем вакум. Јас го правам обично навечер пред спиење, речиси секоја вечер 10-15 мин се масирам (освен кога ептен ми се спие и ме мрзи). И веќе забележувам некое мало намалување, а го правам околу 3 недели. За капилари испукани не сум приметила да имам, ама ситни модрици имам колку сакаш :D
     
  10. LadyFlame

    LadyFlame Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2012
    Пораки:
    658
    Допаѓања:
    339
    Денес конечно се решив да испробам, интересно е и не е тешко. Тоа што ме интересира е колку пати неделно да го правам за да има ефект и што да користам за мачкање јас се намачкав со млеко за тело, но многу брзо се брише па нема да ми стасува по цело пакување, и дали се јавуваат испукани капилари ??!![/quote]

    Јас и ретко кога се мачкам со нешто, некако мислам дека подобро ми е без ништо :D Малку повеќе боли, ама се ствара поголем вакум. Јас го правам обично навечер пред спиење, речиси секоја вечер 10-15 мин се масирам (освен кога ептен ми се спие и ме мрзи). И веќе забележувам некое мало намалување, а го правам околу 3 недели. За капилари испукани не сум приметила да имам, ама ситни модрици имам колку сакаш :D[/quote]

    многу боли без ништо, а можеби е и подебела чашата
     
  11. Marinelce92

    Marinelce92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    16
    не би ви препорачала со чаша да го правите тоа,освен некој што стварно знае да го работи тоа да ви го направи. кој е ќарот ако сте цели со модрици,плус може да ви излезат капилари.подобро направете некоја вежба за тоа време :)
     
  12. ni.na

    ni.na Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    1.565
    девојки што мислите со 5 антицелолитни масасажи можно ли е да има резултати? немам нешто многу ама не ми се дава пари за повеќе :D
     
  13. lady.LDR

    lady.LDR Активен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    До скоро немав проблем со целулит или барем не се грижев толку за тоа.. но во последно време почнав да ги забележувам посебно околу задникот и сега ко што започнува лето уште повеќе ми создава проблеми.. почнав со вежбање, вежби за задникот веќе 2 месеци можеби и повеќе, но сеуште целулитот си го има.. ви благодарам за советите, ќе пробам некои од кремите што ги препорачавте а нема да е лошо да пробам со масажерот што го имаме дома, се надевам дека ќе има ефект. :)
     
  14. optimistka23

    optimistka23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2013
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    56
    Јас за ова имам слушнато дека е добро за на грб доколку имате потфатено месо по рбетот а за целулит... :?:
    Често користев талог од кафе и стварно помага се нанесува на влажна кожа додека се бањате ама веќе прекинав ја затнав кадата па маж ми ќе ме отепаше едвај ја одзатна :lol: Со здравје да си го носам целулитот не се намалува со јаденје на тост секоја веч :!: :rofl: ер
     
  15. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.411
    Допаѓања:
    8.467
    Пол:
    Женски
    Феминки го има ли некој користено Cellufight кремот на биотен што е? Да пише некој поплака/пофалба ако го има :)
     
  16. MaLeCkA-MaLeCkA

    MaLeCkA-MaLeCkA Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2013
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    1
     

    Прикачени фајлови:

    • 22683_1.png
      22683_1.png
      Големина на фајлот:
      167,7 KB
      Прегледи:
      339
    На m3a3c3a3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. cheetah.girl

    cheetah.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2012
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    1.416
    Го имаш користено? Или некој друг?
    Задоволни ли сте :) ?
     
  18. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    4.276
    Пол:
    Женски
    Абе ко бев помала ни целулит ни стомак ни ништо не ми беше важно сега маки.. :worried:
    ^А за гелот имам слушнато дека колку толку помага, а го немам пробано.. :)
     
  19. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    ^ Гелов случајно открив дека го имам дома. Што гел е ? :geek:
     
  20. AhThatFemaleProblems

    AhThatFemaleProblems Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    200
    јас практикував така со чаша и свеќа, ама поприлично капилари си испукав и модрици ми излегоја. дека функционира - функционира, али ако некој се реши ова да го прави најдобро нека си почни 2 месеци пред да се разголува :) иначе нема ништо штетно колку шо јас знам, затоа што во многу салони се применува вакуум масажата и никој не ви гарантира и таму дека нема да ви се појават модринки или пукнати капилари (кои патем не остануваат како траен белег туку привремено). така да за штетно - не е штетно. друга работа, ако некој се реши за ова, нека користи помала чаша, со што ќе створи помал вакуум. инаку е доста досадно, пошто често се отпушта чашата и треба одново насекое да се пали свеќата. најдобро е да се набави она апаратче со вакуум како од топ шоп, го има на пазариве мислам за евтини пари, 300-400 денари, нормално копија на тоа од топ шоп, али шо има врска, јас го имам и таман си е. јас моментално со него се масирам, плус со relax n tone, и користам сатва гел. многу ме фаќа мрза и претежно ко ќе затопли вака времево ме фаќа паника и тогаш го користам поинтензивно инаку забушавам. досадна работа е ова целулитов, и шо е најтрагично и кај другарка спортист професионален шо е е присутен, шо уште повеќе иритира :/ али тоа е, треба одржување и упорност а дека целосно некогаш ќе исчезни, малку потешко :)