Од фитнес аспект, 80% е исхраната 20% напорна работа во делот обликување на тело. Што е целулитот? - Масни наслаги. Како се добиваат тие масни наслаги? - Со не правилна исхрана (внес на огромна количина јаглехидрати, нездрави ужинки (чипсови, смоки, грицки..), пржена храна...) Што да се консумира? - Пред се МНОГУ ВОДА. Префрлање кон протеинска исхрана. Јаглехидратите дозволено е да се консумираат во сложена форма и тоа исклучиво наутро за доручек. Како ручек, менито би требало да содржи протеини и јаглехидрати (пр. печен стек 100-150гр и печен компир или ориз и сл. пропратено со салата). Вечерата треба да се состои единствено од протеини (стек, телешко месо, белки од јајца(никако жолчки) и сл.) Овошјето да има ограничено време.. најдоцна до 15-16 часот. Доматот содржи многу јаглехидрати што значи да се консумира како овошјето. Зеленчукот е неограничен. Ужините можат да содржат протеини (белка од јајце). Совет плус - Практикувајте секојдневна физичка активност!
Отвори каталог орифламе http://mk.oriflame.com/products/catalog ... per=201308 Еден гел има за целулит, нема да го утнеш
Овошно фрапе против целулит Денес ќе ви предложиме рецепт како да се ослободите од маснотиите и целулитот на лесен и вкусен начин. Ова фрапе е идеално за оброк или вечера. Состојки: Јогурт – го регулира варењето и ги топи маснотиите. Капини, малини или рибизла- моќни оксиданти богати со витамин Ц, кои стимулираат продукција на колаген Џумбир- ја подобрува циркулацијата Банана- содржи големи количества на потасиум кое ја задржува водата во телото Начин на подготовка: Во блендер ставете ладен јогурт и додадете неколку коцки мраз. Додадете малку џумбир и комбинацијата на овошки исечкани на мали коцки. Промешајте и послужете во сад. Совет: Џумбирот има јак вкус, па затоа употребете го во мали количини. Можете слободно да додадете природно цеден сок во фрапето и малку цимет или нане. Започнете го утрото со ова фрапе и со неколку јаткаст овошки. Ова го најдов на еден сајт, не е тешко да се направи а и не верувам дека е нешто гадно, така да може да се проба Само што сега уште мислам дека нема капини и малини, јас со тоа сакам да пробам, рибизлите некако ми немаат некој вкус..
Денес конечно се решив да испробам, интересно е и не е тешко. Тоа што ме интересира е колку пати неделно да го правам за да има ефект и што да користам за мачкање јас се намачкав со млеко за тело, но многу брзо се брише па нема да ми стасува по цело пакување, и дали се јавуваат испукани капилари ??!!
а како треба повеќе пати ли да ја палиш свеќата мислам постапката дали треба да ја повторуваш[/quote] Денес конечно се решив да испробам, интересно е и не е тешко. Тоа што ме интересира е колку пати неделно да го правам за да има ефект и што да користам за мачкање јас се намачкав со млеко за тело, но многу брзо се брише па нема да ми стасува по цело пакување, и дали се јавуваат испукани капилари ??!![/quote] Јас и ретко кога се мачкам со нешто, некако мислам дека подобро ми е без ништо Малку повеќе боли, ама се ствара поголем вакум. Јас го правам обично навечер пред спиење, речиси секоја вечер 10-15 мин се масирам (освен кога ептен ми се спие и ме мрзи). И веќе забележувам некое мало намалување, а го правам околу 3 недели. За капилари испукани не сум приметила да имам, ама ситни модрици имам колку сакаш
Денес конечно се решив да испробам, интересно е и не е тешко. Тоа што ме интересира е колку пати неделно да го правам за да има ефект и што да користам за мачкање јас се намачкав со млеко за тело, но многу брзо се брише па нема да ми стасува по цело пакување, и дали се јавуваат испукани капилари ??!![/quote] Јас и ретко кога се мачкам со нешто, некако мислам дека подобро ми е без ништо Малку повеќе боли, ама се ствара поголем вакум. Јас го правам обично навечер пред спиење, речиси секоја вечер 10-15 мин се масирам (освен кога ептен ми се спие и ме мрзи). И веќе забележувам некое мало намалување, а го правам околу 3 недели. За капилари испукани не сум приметила да имам, ама ситни модрици имам колку сакаш [/quote] многу боли без ништо, а можеби е и подебела чашата
не би ви препорачала со чаша да го правите тоа,освен некој што стварно знае да го работи тоа да ви го направи. кој е ќарот ако сте цели со модрици,плус може да ви излезат капилари.подобро направете некоја вежба за тоа време
девојки што мислите со 5 антицелолитни масасажи можно ли е да има резултати? немам нешто многу ама не ми се дава пари за повеќе
До скоро немав проблем со целулит или барем не се грижев толку за тоа.. но во последно време почнав да ги забележувам посебно околу задникот и сега ко што започнува лето уште повеќе ми создава проблеми.. почнав со вежбање, вежби за задникот веќе 2 месеци можеби и повеќе, но сеуште целулитот си го има.. ви благодарам за советите, ќе пробам некои од кремите што ги препорачавте а нема да е лошо да пробам со масажерот што го имаме дома, се надевам дека ќе има ефект.
Јас за ова имам слушнато дека е добро за на грб доколку имате потфатено месо по рбетот а за целулит... Често користев талог од кафе и стварно помага се нанесува на влажна кожа додека се бањате ама веќе прекинав ја затнав кадата па маж ми ќе ме отепаше едвај ја одзатна Со здравје да си го носам целулитот не се намалува со јаденје на тост секоја веч ер
Феминки го има ли некој користено Cellufight кремот на биотен што е? Да пише некој поплака/пофалба ако го има
Абе ко бев помала ни целулит ни стомак ни ништо не ми беше важно сега маки.. ^А за гелот имам слушнато дека колку толку помага, а го немам пробано..
јас практикував така со чаша и свеќа, ама поприлично капилари си испукав и модрици ми излегоја. дека функционира - функционира, али ако некој се реши ова да го прави најдобро нека си почни 2 месеци пред да се разголува иначе нема ништо штетно колку шо јас знам, затоа што во многу салони се применува вакуум масажата и никој не ви гарантира и таму дека нема да ви се појават модринки или пукнати капилари (кои патем не остануваат како траен белег туку привремено). така да за штетно - не е штетно. друга работа, ако некој се реши за ова, нека користи помала чаша, со што ќе створи помал вакуум. инаку е доста досадно, пошто често се отпушта чашата и треба одново насекое да се пали свеќата. најдобро е да се набави она апаратче со вакуум како од топ шоп, го има на пазариве мислам за евтини пари, 300-400 денари, нормално копија на тоа од топ шоп, али шо има врска, јас го имам и таман си е. јас моментално со него се масирам, плус со relax n tone, и користам сатва гел. многу ме фаќа мрза и претежно ко ќе затопли вака времево ме фаќа паника и тогаш го користам поинтензивно инаку забушавам. досадна работа е ова целулитов, и шо е најтрагично и кај другарка спортист професионален шо е е присутен, шо уште повеќе иритира :/ али тоа е, треба одржување и упорност а дека целосно некогаш ќе исчезни, малку потешко