Навистина незнам за што станува збор Доколку не добиеш одговор од никој, најдобро би било да посетиш козметичар
Онакви ситни ли се, сеедно од игла. Дури не се ни приметуваат освен ако не се зазвериш во местото? Ако се такви тогаш, се како оние што ми се појавија мене, пред неколку години, ама и не разбрав од што. Беше една ја снема, се појави на друго место и потоа се појавија повеќе ептем ситни. А инаку си ги имам уште
Јас имам една таква на раката, значи микроскопска дури ама јас си ја гледам Ми се појави пред 5-6 години, или барем тогаш ја забележав, ме касна пчела и мислев дека е од тоа ама ми остана, така да не било. Мислам дека не е ништо страшно
Мислам дека знам за какви црвени точки зборуваш, се имаат појавено и кај мене на рацете, ситни се. Не ме загрижуваат многу бидејќи не се гледаат оддалеку, ме загрижува тоа што незнам што се, дали некој вид на бенки или нешто слично
Мали црвени точки, личат на бемки ама се помали од многу бемки кои сум ги забележила на себе и по боја дефинитивно жарче црвени. Сосем мали пукнати крвни садови под кожата. Мислам секој ги добива ама од што се мали многу луѓе не ги загледуваат. Од што излегуваат не знам, ама мене ми се појавуваат под ластикот од градник, и на стомак каде обично носам каиш, па можеби е од триењето си мислам. Ама не се засегам со нив.
И јас имам такви, некои ми стојат некое време и ми исчезнуваат, а буквално имам и такви што ми стојат постојано. Можно е да се пукнати крвни садови, а може и да ти се појавуваат од депилација или од бричење.
И јас имам такви мали црвени точки по рацете и над колената. Читав на нет, мислам дека се работи за chery angiloma или нешто така и знам дека скоро секој човек има барем една. Но јас не сум јас ако не паничам за сенешто и искрено уште не открив што се. Имам прашано општ лекар порано и одговорот беше - не е ништо, еве и јас имам . А ме интересира што се и дали и колку се опасни?
Ма не е ништо загрижувачко без гајле тие се како мали зрнца црвени и јас ги имам нив од кога знам за себе кај мене таква е кожата колку и да ја негувам тоа ми е наследно и мајка ми и баба ми и брат ми имаат такви
и јас ги имам многу по рацете ама толку се ситини што само јас можам да си ги забележам. прво испаничив но потоа се помирив ништо страшно
јас бев на кожен лекар на одмор ми се појавија тамо ми кажаа дека е наследно и дека подобро да не се чепкаат а единствено можат да се отстранат со ласер но е многу скапо ,така да ни нема спас.