Не е во ред 'играва', ама од секогаш децата играле ризични игри. Во 7мо и 8мо кога бев (91ва-92ра), имаше 'мода' во нашето школо, машките да играат 'долга магарица'. Се делат на две групи, едната се деца наведнати во половината, првиот потпрен на зид, вториот за првиот, па зад него трет итн... Другата група, скокаа од позади, над овие, ама онака насилно, оти идејата е да ги турнат овие долу, да не го додржат товарот и скокањето. Имаше шанси, кичми да скршат, милион пати... Не оправдувам... само немојте да велите дека 'стап' помага... Користеа тогаш стапови, и учителите и родителите.. Па пак имаше насилни испади.
На снимките се гледа дека сите се доброволно таму. Немало никаков булинг. Не е во ред играта, опасна е, но немале зли намери.
Сестра ти/ќерка ти еден да ја фрлат од прозор ваков став ќе имаш? А да заборавив, директорче си ти, не ги чепкаат децата на луѓето кои имаат луѓе да работат за нив, буржоазијата е тоа.
Што има врска дали сум директорче или не. Не ја одобрувам играта, опасна е, но немало булинг и зли намери од никого. Играта е ретардирана, но сите сме имале вакви заебанции, но тогаш немаше интернет и телефони за да се знае. Не мора морал да продаваме.
Јас вчера на вести чув дека си играле деците и девојчето доброволно учествувало. Колку е точно, тоа не знам. Се си мислам дека децава штом стигнаа на вести да ги бранат се нечии... нечии. Како и да е, не дека нема морончиња од секој општествен сталеж, ама овие не ми изгледа дека ќе си го добијат. Во мое време летаа столови низ прозорец, сеа почнаа меѓу себе да се фрлаат. Дебилчиња.
Не им се на сите деца прифатливи вакви игри, па ако биле принудени оти мора сите да скокнат, тогаш да, непријатно или траума е за осетливи и повлечени деца вакво влечење и носење до прозор (не видов дека ги фрлаат туку ги качуваат за сами да скокнат). И треба да се санкционира но толку сензационалистички наслови непотребни се, само што медиумите поинаку и не знаат.
Е да, не ги видов снимките. Не ме ни интересира до душе. Не разбирам која е таа фасцинација од црна хроника на форумот, па има дури две теми.
И да учествувала доброволно толку ли им чука да играат таква игра..14год. не се малку СВЕСНИ се за последиците.Глупави не се. И што ако им намалат поведение?Треба да ги избркаат од школо ОДМА.И да посетуваат психијатар/психолог.
Психопати сатанисти осквернавиле црква во Драчево и повеќе места низ Скопје, цртале симболи и натписи, жртвувале и маче ... https://radar.mk/?p=22361 Спојлер: слики Во што се претвора градов?
https://www.slobodenpecat.mk/metrop...mboli-iskasapeno-mache-na-ulitsa-vo-drachevo/ Истово ќе го шернев..какви ПСИХОПАТИШТА.Душите ви смрдат на покварено, каде ќе ви оди душата?Кај Сатанот кого го повикувате болесници едни..да ти е страв да искочиш од дома.Душата ми се кине од вакви работи..
Не ја постирајте сликата од мачето. Не знам како воопшто стои по медиуми. Нелегално е вакви работи да се постираат јавно, каде имаат пристап и малолетници и луѓе кои имаат проблем со гледање брутални насилства.
Светот е брутално место. Да видиме што се случува и да се запрашаме какви луѓе има меѓу нас, со кој се дружиме и секојдневно комуницираме. Човек што ова може да го направи на мачка, не верувам дека би му било тешко да го направи истото на човек.
Уште од овие пациенти немавме дневни дози, среќна Нова '89-та или кога и да биле последно актуелни ваквите новости ширум светот.
Леле секти, уште некој со мрсна долга коса на мотор да се јави што се предозирал со дрога додека го слушал Бора Чорба и да се заокружи.
Како може толку злоба да има во луѓето. Психопати умноболни. 10 пати полошо да ги снајде да умираат во маки. Како се нервирам вака, зарем едно маче невино им пречело. Под итно треба да се сместат во соодветна институција, овие се опасност за општеството. Кој може да убие животно, може и човек!
Ова се некои деца кои скршнале од патот. Начинот на кој е напишано.. цртањето.. да стават некој да направи темелна истрага сигурно ќе го докаже тоа. Страшното е што ако сум во право за 10 год ако не и помалку истите тие деца нема да принесат жртва маче.. нешто повеќе ќе биде
Веројатно е последица од гледање католички-хорори како на пр. The Nun и сл. Имено ќе знаеа ли тие за сатанизам да не ги информираше претходно за тоа црквата низ на пр. масмедиумите? Грев мачето, но религиите кои себе си не се сметаат за „секти„ треба да си расчистат и во сопствениот двор. Курбан што мислите што е? Прасе за Нова Година или јагне за Велигден, што мислите што е? Тоа е сатанизам во побожно руво. Бог јасно опоменал „Не убивај!„ п.с. На сторителите на ова злодело им треба психотерапевтска помош, и тоа сериозно!
Мамли, стварно мислиш дека музиката има врска со психопатологија? Just wow И баба ми така на времето, сите што носеа црно и слушаа метал беа наркомани... Уствари дрогираши ги викаше Се сложувам со daylight, веројатно се некои дечишта што многу гледаат филмови.