13 мртви до сега 4 се борат за живот 30 повредени во кои и една трудница Сите се од Гостивар Чувај ги Боже
Кога слушнав се наежив. Страшно и жално е. Нека почиваат во мир, а тие што се повредени нека оздрават побрзо. Колку е краток животот што човек не знае дали од некаде жив ќе се врате.
Страшна катастрофа. Греота.. Се наежив... и си помислив што ти значи живот.. денес те има,утре не. Сочуство до семејствата.
Пишувам,бришам,и едно 10 минути така,незнам што да напишам,немам зборови,оваква катастрофа никогаш не била,жално многу жално,нека почиваат во мир загинатите,сочуство до семејствата...
Некои викаат дека пукнала гума на автобусот и затоа излетал. Други викаат дека возачот имал срцев удар.
Има вонредни вести на Канал 5. Сликата жална пред 8ми септември - семејствата си ги бараат нивните во повредените.
И во вакви трагедии мора да се најде некоја гнаса што ќе почне да ги дели луѓето по националост. Влезете на профил кај Билјана Ванковска и ќе видите што пишала. Пишала: Каква трагедија и иронија. Карпалак! Одма има и други коментари дека тој настан од 2001 не се заборава, дека ова е карма, па пишуваат и навредени Албанци, па почуваат тензии и колнења. Прво од кај знаат дека сите 13 загинати се Албанци? Или дека се од Гостивар значи се Албанци? Второ како можат со тоа рачиштата гнасни да се осмелат да пишат такво нешто во оваа трагедија? Значи без разлика што се загинатите, 13 души веќе ги нема и уште 5-6 се борат за живот, а тие се ситат на оваа трагедија? Гледаат ли како стотици луѓе чекаат пред болница очајно да дознаат некоја информација дали нивните блиски се во списокот на починати или повредени? Слушаат ли плач и лелеци на мајки? Вакви глупаци како оваа Билјана што шири омраза одма земај и ставај во затвор, па ајде дали ќе пишува после пак такви работи. Патриотка била, а за војната во 2001 ги криела мажот и синот. Мрш гнаса. Оди скриј се. За семејствата нема утешни зборови. Нека почиваат во мир загинатите, а повредените побрзо да закрепнат.
Доволна е една мала провокација и почнува омразата. И баш на ден на загинати, ете пример како треба да се сплотиме ние како сограѓани, а не да се уништуваме меѓу себе. Сочувство до семејствата на загинатите.
Страшно, се потресов! Нека почиваат во мир, не знам што да кажам. Се фрапирав на информацијата дека се немало доволно амбулантни возила, па морале да прискокнат на помош и од приватните болници. Се надевам дека е само уште една новинарска лага за да се драматизира и онака страшната трагедија. А ако вистина нема доволно возила и тимови за брзо да интервенираат врз 50 луѓе, Господ да не' чува сите, оти една малку поголема елементарна непогода ќе не' покоси ко муви, нема да можат крајот да ни го најдат.
Неблагодарно од нејзина страна, во вакви моменти да пишува се и сешто. Независно дали се Албанци или Македонци, луѓе се. Зошто мора политика да се вмешува и во вакви настани? И јас сум патриотка, Карпалак боли посебно, ама во никој случај не се осмелувам да напишам или да кажам дека ова е карма. Не е убаво. Како што прочитав последно, има луѓе од околината на болниците кои им нудат привремено сместување на семејствата на повредените и загинатите. За жал, мислам дека се уште не знаат кој е повреден, кој загинат. Уште пожално е што има млади луѓе меѓу загинатите. Се молам најискрено за побрзо закрепнување на живите.
Пред малце од работа ми се јавија,на колега мој внукот бил возачот,отидоа во болница,иако на тв рекоа дека возачот е во стабилна состојба,колегава ми рече дека и возачот починал,се надевам дека е некоја грешка,и дека нема да има повеќе починати премногу е луѓе.
Таа никаде не напиша дека е карма. Сега го разгледував тоа, ама не мораше на ваков црн ден тоа да го пише. Ипак луѓе сме, има и деца.
Прееска изјавија дека полицијата веќе земала изјава од возачот и дека е во стабилна состојба. Дури и дека му правеле тест за присуство на дрога и алкохол.. Прежално, се потресов ептен некако. Господ да им даде сила на семејствата, а на починатите лесна им земја..
Па и јас на колегава тоа му кажав,ама вика дека веројатно починал возачот,да се надеваме дека е дезинформација.
Еве список На патници кои не се во опасност. Дека спомнаа членки имаат другарки што биле во бусот.. https://makfax.com.mk/makedonija/видео-пред-градска-болница-се-читаат-и/