Животиште, тоа ти е. Во миг може да те снема, некогаш забораваме колку сме мали и немоќни. Вчера не знаев на кај терам, имам доста другари од Гостивар, нозе ми се сечеа кога ги барав да видам дали се океј. Едниот од починатите е колега на другарка, го знаев и јас на изглед, не можам да се соберам уште. За сите ми е премногу жал, единствена светла точка во трагедијава е што прочитав оти бремената девојка и бебенцето се вон животна опасност. Не знам што да кажам друго, обично прва сум што напаѓам безосетни луѓе кои се ситат во вакви ситуации, ќе прескокнам овој пат, не вредат ни олку внимание што им посветуваме. Се надевам дека бројкава тука ќе застане, дека нема да има жртви веќе. Сакајте се луѓе и гушкајте ги најблиските. Само тоа ни останува.
Искрено сочуство до семејствата. Ова е трагедија за сите без разлика која националност е. Колега од сестра ми бил во автобусот, пишал дека е добро. Верувам дека лошата слика ќе го демнее цело време. Се надевамм дека ќе остане, на таа бројка.
Не ме чудат коментарите, во секоја ситуација има некој што меша политика, нација, вера. Секој може да се најде во таква ситуација. Сите патуваме. Велат, карма. Не биле потресени дека (претпоставка, што веројатно не е ни точна) биле Албанци, ,,нивни", не ,,наши". Ама, пошо карма, утре можат да бидат и од тие ,,наши" и тоа близок да биде изгубен. Тогаш ќе има плачки, а сега ни сочувство. Голема трагедија, страшно за семејствата и блиските на загинатите. Барем трудницата била во ред, тоа е некаква среќа во несреќа...
Од сите неверувања, ова ми е најголемо. Ве молам, ама навистина ВЕ МОЛАМ луѓе да не правиме поделби сега, да не се мери чија тага е најголема, да не се мери човечност, емпатија и соживот. Едноставно изразете сочувство и без непотребни додатни коментари кон она што некој друг го искоментирал. На сите само срцето ни знае. До сите кои имате некоја блиска и сакана личност во починатите, искрено сочувство.
Како што прочитав уште едно лице починало 15 жртви.. ах леле... https://kurir.mk/makedonija/vesti/z...ta-tragedija-koja-ja-zavi-makedonija-vo-crno/
Значи и на ваква трагедија ако постијат поделби по националност и политика, ќе прашам едно - КАЈ ВИ Е ДУШАТА? КАј се луѓето во вас (тие што прават такви поделби и дали и кому требало ова да се случи)? Ова не требаше да се случи, НИКОМУ, никој не заслужува ваква судбина. Искрено сочуство до семејствата, закрепнување на повредените. Никогаш, ама никогаш да не се повторува.
Зошто сме толку трул народ да во вакви ситуации се јавуваат поделби!! Аман!! Сочуство до семејствата на загинатите.
Луѓе, за какви поделби зборувате? Немав време да видам што има по ФБ, ама овде не видов ни еден таков коментар, само коментари за некакви поделби што никаде ги нема. Ми изгледа ко само да чекате некоја таква закачка за да се покажете ко похумани и поемпатични од сите. И се фаќате за нешто негативно наместо за безбројните коментари кои искажуваат сочувство. Не знам. Секој сочувствува, не мислете дека сте нешто многу посебни зашто сте напишале дека сте потресени. Сите сме луѓе.
Ужасна трагедија. Се надевам дека нема да има уште жртви. Нека почиваат во мир, а на преживеаните им посакувам побрзо опоравување. Господ нека им даде сила на семејствата што ги загубија најмилите.
Постов е само да ти одговорам, и тука да завршиме. На ФБ има говор на омраза да ти се преврти стомакот од грозотии. Тука не. Голема трагедија беше.
На Телма сега вести ќе има од 10:30. Прелетав набрзина по каналиве, само на Телма сериозна музика. На МТВ народна приказна со ѓаволи, на Сител утринска, па серија.
На Алфа водителката насмеана од шестка до шестка . Емисија за слепило си води Ване на Канал 5 рецепти расправа. За време на трагедија која Мк не верувам да памети
Многу ми е жал. Страшна трагедија.. Нека почиваат во мир. Длабоко сочувство до семејствата на починатите, и побрзо закрепнување на повредените.
Братучетка ми секој ден патува тоа време кога е прва смена. За нејзина среќа баш вчера се заменила и отишла втора. Ми вели утрово - сите со кои патував ми умреа. Мајка ми вели од вчера не можат да ја смират тетка ми оти нон стоп плаче и вели дека братучетка ми ќе била во тој автобус ако по некоја случајност не се сменела.. А тек како им е на семејствата на жртвите.. Не можеме ниту да замислиме... И едно комшивче тазе вработено во Скопје утрово е стабилно после операцијата на рбетен столб вчера. Господ нека ги чува сите.. Да бидеме солидарни луѓе. Сите патуваме во “тој” автобус секој ден. Сите сме патници, без разлика кои сме и што сме.
Приватни се. Имаат полно право на, од нив одбрана, уредувачка политика. Не е оправдување, ама е факт.
Влада прогласува ден на жалост, медиумиве како да не се во оваа земја? Па и да не е прогласено официјално, аман, малку осет!
27 годишна жена има меѓу починатите . Оставила 4 год детенце и 7 мес бебче . Вчера и бил прв ден на работа после боледувањето . Боже мили Господ да им е на помош Давај сила Господе секаде каде е потребна