Само мене ли не ми е чудно снимањево? Мислам, нон стоп гледам крими емисии и емисии за несреќи, постојано има вакви аматерски снимки... не гледам зијан, освен ако некој умира пред тебе а ти не помагаш и снимаш, баш мислам дека имањето на снимки од фактичката ситуација придонесува до подобро расветлување на случајот... а и тоа што јавноста гледа, вакви и пострашни од овие снимки нон стоп има на ID, Discovery, History, CBS, National Geographic...
Не е прoблем кaфетo, рекoв секoјa чест нa чoвекoт, туку oнoј штo гo нaпишaл текстoт дa звучи херoјски и штo бaрa дoнaции зa тoa. Кaфе и чaј, кoлку кoштa? Не мoже дискретнo дa се сoберaт пaри и дa се зaврши? Луѓетo блиски изгубиле или се нa пoстелa a некoј дoнaции збирa зa кaфе и чaј вo нивнo име.
Ни мене не ми е. Немам желудник за такви снимки, ама некогаш на аматерска снимка можат да се забележат многу скриени детали. Исто неверојатни како овие што блујат омраза ми се и другиве што испоплукаа по влади и опозиции и политичари и градоначалници.. небаре несреќи не се случуваат на други места во светов. Сочувствувајте денеска, плукајте утре. Барем за тоа го имаме целото време на светов.
А јас се прашувам зошто во автобусите нема појаси како во колите (т.е има но повеќето ги вадат, а не знам од која причина)? Мислам дека колку толку би ги ублажиле ударите при таков пад на автобусот.
Во нормални земји има и задолжително се носат. Памтам кога сме минеле со бус низ Австрија или Германија, по петпати проверуваа дали сме врзани. Не за друго, им фуфкаше од огромни казни. За тука...гајле им е. Мислам не е наложено со закон. Нема да ми е првпат јавно да ги плукам превозниците, па ај више кога почнав. Тука може и со претовар од 20 души и со отворена врата и без појаси и секако да се вози. Може и да се качиш/симнеш кај ти текне. Греење/ладење е веќе луксуз. Ако реагираш е исто како Дон Кихот со ветерниците, за џабе. Ми имаат речено, е, па, девојче, симни се и чекај следен бус ако не ти одговара овој. Само не знам дали и појас ќе помогнел во ситуацијава. Гледав на тв прееска (рекреација на настанот, или како и да се вика тоа) како се тумбал автобусот неколку пати. 2, 3 пати се преврте. Ни појас те спасува, ни бутур.
Нека почиваат во мир и Господ сила и здравје да им дава на преживеаните и на нивните фамилии,многу жално Имаше и слики од 8 од починатите, сите млади дечки Навистина жално и никогаш да не се повтори.
Јас и татко ми разглабавме дека брзо возел и веројатно не можел да ја фати кривината или пак касно ја фатил и закочил. Но после разбравме за ова со воланот. Може има смисол оти има траги од кочење, што значи кочел.
Во ваква ситуација појасот би можел да помогне ако е еднаш превртено на страна или пак ако има силно кочење, но на толку тумбање при што внатрешноста е толку уништена, можеби појасите и би одмогнале, да не можат да се ослободат луѓето. Секако подобро е со појас него без појас, далеку подобро, ама во ваква несреќа, шлемови да носеле не верувам дека ќе сменело нешто... задниот дел од автобусот е сосема смачкан, внатре и онака биле приклештени што од самиот автобус и неговите делови, што од што паднале еден врз друг...
Во право сте. Само помислив. На се помислува човек во вакви ситуации. Ама сега е касно за што би било, кога би било. Тоа е што е. Животот е секунда. Затоа сакајте ги тие што ги сакате, додека се живи и кажувајте, покажувајте, докажувајте. Не можиме да ги вратиме, но можиме ние да станиме подобри.
Ехе... имаат јадено казни за претовар гостиварскиве агенции. Тие што сме патувале со години знаеме какви се дешавки сме имале. Колку често се случувало на нозе да стоиш цел пат, значи зборуваме за возење по факинг АВТОПАТ! На НОЗЕ!!! Мало нагло кочење може да летнеш да скршиш глава! Ми се случило и да се запали автобус во сред возење. Да, да се запали со пламен позади моторот да чади внатре среќа бевме веќе на патарина па со коли, такси и други пролазни автобуси се снаоѓавме за до дома. И кој е тука крив? Инспекциите? Полицијата што се прави слепа на автопат и не гледа дека пола патници стојат на нозе? Контролорите што ставаат печати на технички преглед мижејќи над сите неправилности? И уште зошто сме плукале по политичари? Ќе плукам и ќе ги мразам од дното на душата затоа што тие се најкриви што вака функционира целиов систем откако постоиме. Вечно неписмен кадар, се се завршува потплатено, корумпирано, заташкано... Ќе се деси вакво нешто и после никој ништо не знае, никој не е крив. Ма ајде бре... банана држава.
По гаден народ од Македонскиот,нит имало,а ниту ке има,хуманитарци ви пречат еј до кое зло дојдовте,убави гестови во најлошото ви пречат,ги плукате.А криминалците кој секој ден ви удираат по џебот и лебот ви го крадат за вас тие се херои,кој ве мкнат по штабови,протести,митинзи,тие се вашите херои,никогаш овој народ нема да се свести,дека поголеми штетници од еден на друг нема од Македонскиов народ.
За таткото што го бараше синот,овде пишува дека бил во "8 септември" Заведен под грешно име а не систина. @joy1
Несреќата не е на кривина. И на снимката се гледа колку е прав патот. Во сред возење право, возачот само завртил нагло лево и прелетал дури преку другите две ленти за спротивен правец што се, паѓа од висина од 6-7 метри, се превртува два пати и застанува превртен. И тие што преживеале имале голема среќа. Тие што не успеале...нека почиваат во мир. Патем разбрав дека не можеле да стапат во контакт со некој вработен од Дурмо Турс. Им се јавиле, ама овие кога чуле дека се новинари, им спуштиле. Им отишле пред врата, заклучено. Возачот ќути. Нешто како да ми се чини дека сакаат да сокријат. Ама ајде да не давам претпоставки пред време.
Огромна трагедија. Нема што да се каже, претажно е ова. Многу ми е жал, со грутка во грло сум цел ден и неколку пати пишам и бришам.. Нека почиваат во мир загинатите, семејствата да имаат сила да го пребродат ова. Побрзо оздравување на повредените. Се надевам нема никој повеќе во животна опасност.. Жалосно за сите, особено за младите полни со живот и планови. Во врска со автобусот, прочитав изјава од патник дека се блокирал воланот. Му помагал на шоферот да сврти ама залудно..
Доста бре исправате криви дрини кој бил крив кој не оставете ги луѓето нека почиваат на мира ...жално но вистинито тешко на оној кој затворил очи,но Господ нека му помогне на повредените
Немам желба да паметувам, ниту ми остана памет деновиве. Само нема ништо лошо да се дознае дали е проблемот во автобусите, затоа што со истите тие автобуси денес се возеа уште 9 пати по толку патници колку што имало во вчерашниот автобус. Како им стапнала нога после вчерашниот стрес, само тие си знаат.
Затоа што разумен човик (и виновен, и невин).. во време на истрага, не разговара со никого освен со адвокат и органите на власта.
Ама и возачот не кажал како се случило туку молчел кога му било земено изјава. Едит - велел дека не се сеќава.
Лесно ни е да шпекулираме од дома. Но да не сме им во кожа на возачот или на некој што бил во автобусот. Шокот е голем. Надлежните нека си бркаат работа.
Негово право е да молчи. А може и не се сеќава. Што и да било, нема смисла да зборуваме ние сега, без никакви факти и аргументи.