'Благодарам душо..но 40 и кусур сестри се примија во ГОБ 8ми септември..прашањето повеќе би го поставила колку се тие образовани за мирно време а камоли ако дојде некоја ваква трагедија што беше пред три дена. Многу одамна, ехееееј, медицинска сестра беше права сестра, а неа сега овие обучени и приучени со курсеви.
И да примиле 40, кај што фалат 200... Колку сестри на еден доктор треба да има? Башка, 40 НОВИ сигурно не се. Може од договорците решение да им дале. Што значи...
Ве читам и се чудам,каков црн бре медицински персонал,све избега од државава,сите јаки доктори и одлични меедицински персонал,фатија џаде од државава,медицината се распадна кај нас,установите да не правам муабет,како да влагаш во затвор а не во Болница,услови мизерни,катастрофа е цело Здравство,и овие што ги има доктори и персонал,за 2-3 год и тие ке си избегаат.
И јас ве уверувам дека нема сестри во 8 Ми Септември. Еднаш начекав само една во смена за цел одел, а пак еднаш начекав околу 7 збутани во нивно собче и дремат. И Војна болница не е тоа што беше, скоро повеќето од најдобрите доктори заминаа кај Жан Митрев. Исто така имам забележано и тие сестри што работат многу се жалат зошто неможат да постигнат. Искрено незнам колку се платени ама таква им е работата, а единствен виновник е прво државата, а после и неспособниот директор.
Убаво ви вика @CameliaMiller имаме пари за вработувања до 8мо колено, немаме пари за да вложиме во здравство. Да земеме да набавиме нови амбулантни возила, нови апарати, хеликоптери кои ќе можат веднаш да стигнат на место на несреќа и најбитно да се прима способен кадар и да се вложува во нивно обучување. Она на патот е трагедија, луѓето колку и да имаат најдобра намера мораат да сфатат, необучен човек не смее да преместува повреден, може да има фрактури и со самото преместување сакајќи да помогне да одмогне. Јас сфаќам дека тие луѓе сакаат да помогнат и дека утопистички во мизеријава од држава нема услови да се чекаат стручни луѓе оти немаме капацитет да се износиме со несреќи. За сликање и снимање први се, еден да си земеше за обврска да земе да направи нешто. Преклани се удавивме пола земја, Стајковци крахираше, еден не видов стручен човек да вработија и да се обрнува внимание на сечењето на шумата кај Скопска Црна гора. Нека намалат малце со сликање, нека си поработат на државата од парите што ги земаат и аман со тоа 'госпо така сакал'. Нека вложат малце па да не засака тој нивен госпо и нас, да не мора сами да се носиме со вакви работи. Мизерии. 2019 година е, уште во мизерни услови работат докторите, секоја чест и за нив што во вакви услови и со тие плати имаат воља да помагаат.
Залудно ние вака си пишуваме кога никој не не слуша. Мора нешто самите ние да превземеме, дали да организираме некоја невладина организација за притисок на власта за итно превземање на неопходни мерки во општеството. Да се бараат донации од странство, самите да предлагаме мерки во соработка со сите институции. Вака не бива ако седиме и ќутиме. Треба да излеземе да бараме да се буниме сепак за нас се работи. Нека не не лажат дека пари немало. А сега од кеде пари ќе им најдат на семејствата на загинатите. Подобро е да се спречи наместо да се лечи. И се додека бебето не заплаче мајката нема да го земе во раце.
Не го перцепираш коментарот (така пиша), а искоментира на него. Скроз те разбирам што сакаш да кажеш. Ама ова е Македонија, и потребни се сите овие муабети.. до еден. Полека.
https://balkan.mk/2019/02/14/pozhar...borba-site-generali-daj-veke-ednash-nauchete/ Во право е. Медицинските екипи и пожарникарите не можеа да интервенираат како што треба од премногу локалци и случајни минувачи инволвирани во хаосот. Разбирам дека сите сакале најдобронамерно да помогнат ама не е секој обучен за такво нешто. Сакајки да помогнеш, некогаш можеш да направиш уште поголема штета. Не е само удирај со копачи со пили сечи, качени на автобус превртувај и извлекувај ги настраданите на сила... некој и да е жив, како што повеќето биле без свест приклештени помеѓу лимот и седиштата, можеш со неправилна помош и со еден потег да му пресудиш. Башка сеирџиски народ повеќето само правеа гужва и снимаа, им го блокираа беспотребно патот на возилата.
Mene me interesira dali navistina dobro slusnav deka tehnickiot pregled vrz avtobusot t.e. tehnickata stanica bil na isti gazda... Do Lani pravele tehnicki pregled vo truga tehnicka stanica Sega vo svojata. Denes uste Eden nivni avtobus vo defekt. Kako beshe ona narodnata na volkot mu e debel vratot..... Navistina zalno za semejstavata na pocinatite ama mora nesto da se menuva ....
И јас сакав тоа да кажам, дека кога е патник под возило не треба да се мести без медицинско или обучено лице, ама викам ај да си ќутам... Ми има другар пожарникар кажувано како од една сообраќајка вадел човек со внатрешно крварење, по изразот на лицето го познал, го прашал кај го боли и покажал накај карлицата и му светнало на другарот дела карлицата му е скршена и за 2-3 минути е можно да искрвари ако не го стегне. Со појасот од панталоните го стегнал човекот и буквално стоел стегнат до него додека не дошла итна помош да го превземе. Не смеел да го пушти, вика чим олабавам, знам готов е. Исто, луѓе со повреди на врат и кичма не смеат да се местат.
Еден и единствен коментар. Мој став дека не треба да се придава значење на таквите малограѓански коментари во ваквите ситуации, наместо тоа да се гледаат убавите постапки кои ја враќаат вербата и надежта во човештвото. Можеш да цепидлачиш натаму колку сакаш, ама ја не би. Овде се оградувам од понатамошни коментари на твоите забелешки.
Читам , читам и просто ми се од повеќето коментари. Од политика, кој од кај е, па што учел , што завршил, па дали има курс или факс, дали бил компетентен или не, кој давал чај и кафе. Абе зашто пропаѓаме? Оти сме проклетници како народ, одвратњачи. Да, херојство е секој што застанал да помогне, херојство е да одиш да делиш кафе и чај, херојство е да ја прегрнеш ужалената мајка ако и треба прегратка, да и дадеш дом додека и треба и колку и треба. Кажи го херојство, кажи хуманост, кажи го како год сакаш. Ама доста се јадат веќе г**на. Само некој се обвинува, сите силни по форум, а во живо сите на mute нечии послушници. Одвратно ми е и што ја отворив темава.
Најпаметно и хумано е да не се реагира на политичките, верските и националните провокации за автобуската несреќа. Значи, ако видите некаков статус, коментар или било што со таква содржина, игнорирајте го, одминете го, затоа што навистина во вакви тешки моменти не е ни време ни место за препукување. Оставете ги семејствата да жалат на раат. И да ги браните од оние што напаѓаат не им правите добро, туку само кревате фама и актуелизирате нешто во непогоден момент. На крај и тоа им е целта, да поттикнат ваша реакција, а вие со вашите коментари, препукувања и расправања само им ја остватувате таа цел.
Па поголемиот дел од нас сме поминале барем курс за прва помош при полагање за возачка. Се знае дека ако е состојбата лоша се врти на брза помош и се чека екипа да дојде. Кацига не смее да се вади ако не си сигурен како а не па да се интервенира во вакво нешто. Уште па еден од тие тамошните кажуваше дека во гепек го пикнал повредениот немало место напред, па ало... не е вреќа компири тоа, може уште повеќе му ја влошил ситуацијата го растраскал по пат. Јас во случајов највеќе ја кривам полицијата. Ајде океј, додека дошле екипиве се помагало на полесно повредените ама па кога веќе пристигнале возила, хеликоптер, багери... расчисти тука теренот, тргни на страна и новинари и луѓе и сите. Ако им треба помош сами ќе побараат. И патем, уште еден автобус на Дурмо денеска дефект. Среќа не излегол на автопат па се симнале патниците со време. До кога вака се прашувам?!
Еден од газдите на Дурмо изјавил дека возачот изгубил контрола само не се знае дали врз возилото или врз себе(поради здравствени причини), а дека со автобусот било се во ред. Патникот од друга страна изјавил дека се закочил воланот. Да речам, да не речам, ама нешто како да смрди во врска со исправноста на автобусите...
И јас не сфаќам што им смета човекот кој делел кафиња, чаеви, ѓевреци и морална поддршка пред болница. Тој не барал да биде спомнат, сликан или покажан по социјалните мрежи, туку одвоил време и пари и отишол да направи добрина. Ако, нека го прикажуваат насекаде. Нека се види дека сепак постои човечност кај поединци. Тој лично не бара пари туку од џеб дава. Некој сака парично да помогне, ама не знае како, па ќе ја види веста за човекот и ќе му понуди пари за акцијата за топли напитоци и храна за семејствата. Не кошта кој знае колку. Ако не сакаш, не донирај, ама не мора по се да се плука и хејта. Херој е човекот за идејата и за постапката. За тоа дека необучени луѓе ги ваделе повредените, мислам е во право пожарникарот што пишал. Премногу ризична работа на своја одговорност се решиле да направат. Додуша не верувам некој трезвено размислувал во моментот, туку понесени од адреналин не гледале за последиците, само ги влечеле и се обидувале што повеќе луѓе да спасат. Ама кој има познавање барем малку од Прва помош, ќе знае дека при такви моменти се вика Брза помош и се чека. Ако се свесни луѓето можеш само со зборови да ги тешиш и да им викаш да стојат мирно. Доволно е миниметар да го поместиш и повредениот во раце да ти почине. Ама ете, се тоа помина, да се надеваме никогаш нема да се повтори.