Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.839
    Допаѓања:
    77.246
    Пол:
    Женски
    Се пишуваше за тоа поназад на страниве... Ептен беше смачкан автобусот и превртен.. и така би имало фатални последици. А може и отежнато би било да се извлечат патниците ако би биле врзани.. Јас колку што се сеќавам, никогаш врзана во автобус не сум патувала :?: Има каиши во автобуси? Одамна немам патувано со автобус...
     
    На Doozy, LollySky, Alishan30 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Пффф.. мириса... Кај што има моќ, нема закон.
    Со Дурмо не сум се возела, ама за со друга компанија што била блиска со власта можам да кажувам:
    Ми се има случено во една патување 3 различни автобуси да ми се расипат. 7 саати пат за помалку од 200 км ми се собра тогаш.
    Ми се има случено да качи претовар шоферот, да излаже дека на излез на градот има друг автобус, и после да не ти дава да се симнеш кога одбиваш да се возиш небезбедно и во стоење.
    Ми се има случено да примети шоферот на 2 км од градот дека е расипан автобусот, и наместо да бара нов да го тера додека не откаже целосно, уште 30 км и да не остави во пустелија да чекаме нов. Шоферот знаеш што ми рече тогаш? "Де ма па ти, можеше и полошо да биде, замисли инфаркт да имав?" Арен е автобусот, во последните 2 дена 3000 км пат има поминато. Добро, кога се врати од тој пат го погледна ли некој дали е спремен да тргне на нов? Спремен е, како не, шо има туку да го гледаме.
    Еднаш еден шофер ми рече дека почнал да вози од 5-6 часот утрото. Возеше до 22 часот, вечерта.
    Најгадно во целата ситуација ми беше што ретко реагираше патник на тоа. Гледаат дека автобусот е расипан и нема далеку да стигне, се молат да се расипе од кога стигнеме, не реагираат уште додека сме во градот со нов автобус да се тргне. Се расипува автобус на излез на Скопје, не викаат "кој ве ебе, друг автобус ќе си фатам", вадат ќебиња, си распостилаат покрај патот и си прават пикник додека да дојде нов автобус или да го поправат стариот. Тотална незаинтересираност, апатија.
    И во полиција ги пријавив еднаш затоа што имаше 15 луѓе претовар во автобусот. Уште пред да излезат од градот им јавија дека ќе ги чека полиција и кој ги пријавил, за тоа што го кажав во снимениот разговор од полицијата мораше да реагираат. За друго верувам не реагирале. Во тој период истите автобуси во рок од месец дена 3-4 сообраќајки направија, со 2-3 жртви, ама не, чекаме ние најлошото да се случи за да почне да се зборува колку не ни чинат автобусите.
     
    На SV1911, 1209, karmenka21 и 22 други им се допаѓа ова.
  3. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.334
    Јас накај роднини во Берово сум патувала многу пати со Берово транс и не памтам некогаш да сум видела појаси на седиштата. Среќа немало инциденти освен еднаш кога за малку беше избегнат судир со камион.
    А конкретно за настанов дека паднал и се превртувал, може би олеснило ако имало појас да остане патникот во место наместо да се удри во покривот или на страна при превртувањето. Ама што знам.
    А како што читав, во ЕУ наводно било задолжително да имаат појаси. Само кај нас нема таков закон.
     
    На WildMk, Doozy, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Carissa

    Carissa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2017
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    613
    Пол:
    Женски
    Мој врсник, штотуку магистриран со светла иднина пред него, млада мајка која ја чекале две мали деца, студент што не стигнал да се израдува на положениот испит... многу луѓе со цел живот пред нив, планови...
    Се надевам ќе се разреши случајов што побрзо, барем некаков мир да добијат фамилиите на загинатите, иако не ме чуди да се заташка како и за се` останато кај нас.
     
    На Harper, Shmizla94, Ingvild и 11 други им се допаѓа ова.
  5. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Би имало фатални последици и да биле врзани со појас,автобусот бил згмечен посебно задниот дел.Пишуваше по статии дека тие што седеле на задните седишта сите се починати :(.
    По правило треба секое седиште да си има појас,али кај нас нема правила за жал :x
     
    На Doozy, Alishan30 и mariz им се допаѓа ова.
  6. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Не знам...

    До некаде помалку скршени вратови би имало.
    До некаде седиштата би апсорбирале дел од силата.
    До некаде тие што излетале на страна и биле први згмечени во што и да удриле или што и да удрило во нив немало да излетаат.
    До некаде тие што излетале и се спасиле, можеби немало да се спасат.

    Најверојатно Мерцедес и Боинг знаат повеќе за оваа проблематика...

    PS: Имаше еден градски автобус од ЈСП што се преврти од брзо возење и лоши кочници, луѓето внатре неврзани имаа скршеници, но ФАС Санос школката (со држачи внатре) остана цела, ја донесоа на тркала назад... Ама зависи која брзина разлика во забрзување и која сила...
     
    Последна измена: 15 февруари 2019
    На candy.cane, Doozy, Alishan30 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.594
    Пол:
    Женски
    А баба Ванѓа да ја прашаме
    (facepalm):?:
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Јас само @baba Rada знам.
     
    На Alisa22, Lolipop23 и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.839
    Допаѓања:
    77.246
    Пол:
    Женски
    https://vecer.mk/node/4640
    Еве ја изјавата од патникот кој приметил дека има проблем автобусот, со име и презиме..

    Како што кажа некој, каде што има пари, нема закон.. има моќ. Никогаш мислам нема да се дознае правата причина, на крај возачот ке биде уценуван, па ке мора да рече дека е он крив. Во секој случај он крив, за жал...
     
    На SV1911, candy.cane, Ivan4e04 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    9.170
    Пол:
    Женски
    Не да мириса, смрди. Многу ме изнервира изјавата на газдата на Дурмо турс, кој рече дека со авобусите нема проблем, туку шоферот бил со здравствен проблем, тој му кажал дека му се слошило:^) ,па немало траги од кочење, бла бла...си го трга газот на некој начин и се' спротивно од тоа што е кажано и видено досега.:x
    Се надевам ќе се реши праведно случајот.(fingers)
     
    На candy.cane, Martka, Harper и 10 други им се допаѓа ова.
  11. LiliBoz

    LiliBoz Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 јули 2017
    Пораки:
    18.307
    Допаѓања:
    226.937
    Пол:
    Женски
    Пред 20тина год мој роднина шофер на бус. Да му пресече некој пат и човеков да не се судри влетување во банкина. 3 мртви. А он 5 год во затвор лежеше.
     
    На LejlaD и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  12. P.S.love

    P.S.love Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    1.072
    Допаѓања:
    9.170
    Пол:
    Женски
    :!:
    Да се надеваме дека нема да ги уценат и поткупат сите сведоци:bandit:
     
    На RosettaStone и mariz им се допаѓа ова.
  13. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.839
    Допаѓања:
    77.246
    Пол:
    Женски
    :(
     
  14. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Како што и напишав првично..
    Проблемот е од технички карактер, старудија од автобус, ќе го вперат прстот кон возачот, ќе му се закануваат, пари ќе му нудат за да ја превземе одговорноста.
    Зборев со еден упатен човек денеска, рече дека Дурмо најлагарија автобуси имаат, и дека газдите многу покварени по карактер биле со катастрофален однос према вработените.
     
    На SV1911, candy.cane, oblace1 и 16 други им се допаѓа ова.
  15. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Е, ова е тоа! :bow:
    Тоа што ме вади од такт.
    Кажа, се. (y)
    И буквално и метафорички - тоа е, така се однесуваме.
     
    На SV1911 и candy.cane им се допаѓа ова.
  16. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.272
    Пол:
    Машки
    И јас кога дознав дека сами на себе си вршеле технички преглед ми стана сомнително. И да не бил во ред автобусот ќе напишат дека е во најдобра состојба.
    Ако е вистина до нивната компанија тогаш газдата нека си сноси одговорност. Како може да лаже и да живее кога знае дека они се криви и 15 луѓе го загубија животот?
    Би било идеално најстрого да ги казнат, ама знаејќи во каква вукојебина живееме ќе се заташка случајов за жал.

    Прашање до гостиварчани: има ли друг превозник на релација Скопје-Гостивар-Скопје освен Дурмо Турс?
     
    На Alisa22, Shmizla94, Ingvild и 8 други им се допаѓа ова.
  17. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш дека само тебе ти се има случено, само си мислиш.
    Јас не се отворам на форумов ама ќе кажам дека ми се има случено многу бетер од твоето па возачот останал присебен и коректен не дошло до поголеми индикации, фала му на бога, сега сум жива.
    И мене ми се случило во претоварен бус да влезам, не дека имајќи избор. Ми се случиле многу работи ако сакаш до утре ќе дебатираме околу тоа.
    Ама пак ништо нема да решиме.
     
  18. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.778
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ширам дезинформации, но од инфо јас што знам, возачот дента само што се вратил од рута до Белград. И потоа возел и линии до Скопје. Дури и да му се случило момент на невнимание, не може да се обвини затоа што никој од нас не функционира добро кога е милион саати ненаспан.

    Инаку Рајт, има и други превозници за Скопје но влегуваат и во Тетово па се создаваат повеќе гужви и се оддолжува времето на патување.
     
    На Doozy, KateKane, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.532
    Допаѓања:
    184.322
    Пол:
    Женски
    Има Еуро турист, поранешно Жас бус, ама тие влегуваат во Тетово. Тие се бетер, крш.
     
    На Shmizla94, Doozy, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    ^Секој возач при долга рута мора да спие. Затоа при долги рути идат по двајца и се менуваат.
     
    На WildMk, P.S.love, Alishan30 и 3 други им се допаѓа ова.