Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.566
    Пол:
    Женски
    Тој газдата на Дурмо да го пикнеш во затвор и никогаш да не излезе!!

    Тој е виновникот поради неисправните автобуси со кои се превезуваат патниците. Сами бе ќе си прават технички преглед, се гледа колку биле професионални во тоа.

    1. Вчера цел ден се криеше од новинари, ќутеше
    2. Денес излегува со изјава од која ми се крева коса
    * МВР вели дека имало траги од кочење, газдата вели дека немало
    * МВР вели дека возачот не дал изјава дека рекол не се сеќава што и како се случило, ама затоа газдава кажува дека разговарал со возачот и дознал дека му се слошило, значи според него поради ,,здравствен проблем" на возачот вината му ја префрла нему, а не дека станува збор за неисправен и престар автобус
    * А патник со име и презиме изјавува дека проблемот бил во автобусот, поточно се заглавил воланот, дури и патникот се обидел да му помогне на возачот, плус возачот бил во добра здравствена состојба пред да се случи несреќата.
    3. Денес избегната за среќа уште една несреќа со нивен неисправен автобус.


    Плус вчера вечерта во една контактна емисија на 24ТВ, убаво се јави еден возач со 30 годишно работно искуство и рече дека додека постоела државна фирма за технички преглед на возила, возилата биле исправни, а сега со приватни фирми кои вршат технички прегледи 80% од возилата не се целосно исправни.

    Плус автобусот на Дурмо пробил три заштитни банкини, на телевизија слушав се прашуваат како е можно тоа, ај една пробил, ај уште една, ама три? Колку се квалитетни тие заштитни банкини и ограда?
     
    На SV1911, candy.cane, Martka и 34 други им се допаѓа ова.
  2. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Дали има друг превозник кој вози на таа иста релација ?
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Како немаше траги од кочење кога има...
    Не знае како да се извади од калта во која заплива.
    Исто така во изјавата стои "Ова е тажен и кобен ден за компанијата, за трагично загинатите...итн."
    Првата реченица му е за компанијата, жити се.
     
    На SV1911, candy.cane, Harper и 13 други им се допаѓа ова.
  4. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.566
    Пол:
    Женски
    Погоре пишаа дека има, ама застанува во Тетово и повеќе време се губело и дека и тие биле крш
     
    На Shmizla94 и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  5. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    „Нешто почна да тропа и забележав дека нешто не е во ред. Станав и си помислив да не заспал возачот или нешто друго се случува. Го видов возачот, беше стегнат зад воланот и се потрудив да скокнам кај него, да му помогнам да го држи правецот, но во тој момент го изгуби правецот и помина на другата лента, на правецот Тетово – Скопје. За среќа немаше други возила на другата лента и само се стегав за седиштето. Само го паметам моментот кога автобусот се судри со асфалтот и кога застана излегов преку прозорот. Имам повреда само на едната рака“, изјави Бејтула Нухиу за телевизија Клан.
    Претпоставувам дека проблемот е техничка неисправност на автобусот. На шоферот му се заглавил воланот, пробувал да го откочи и затоа тропкање се слушало и претпоставувам при тоа немал време да кочи, се ова брзо се случило, а и мислел дека ќе преземе контрола над воланот и не ни закочил. Кога притрчал патников може во момент се омалаксал шоферот, паника го фатила и страв од фактот што ги очекува. Се се случило за кратко време и не можело ништо да се преземе, тоа се секунди во прашање.
    Инаку уморот, возењето премногу саати, возењето со големи брзини да се стигне на време во Гостивар и превозува нова тура патници а и немање сигурносни појаси на седиштата се учинило вака трагично да заврши. Барем појасите ќе ги стабилизирале на местата и ќе спречеле да се нагмечуваат еден врз друг кога се тумбале зошто кога застранил автобусот сите испаничиле станале од седиштата да бегаат, тоа било гмечење внатре.
    Трагично не ни сакам да размислувам на глас повеќе како им било. Побрзо да се опорават.
     
    Последна измена: 15 февруари 2019
    На dahlia_desire, Harper, Shmizla94 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Преголема брзина е во прашање, огромно е забрзувањето и кинетичката енергија со која удира не во една во колку и да сака банкини. Заради големата брзина и толку силно излетал и 2-3пати се превртил. А тоа дека откако приватни фирми вршат технички преглед дека 80% од возилата се неисправни е точно. За да им земат пари само ги предупредуваат ај поправи го тоа јас ќе ти пишам документ дека е во возна состојба.
     
    На Purplelilac, Doozy, Feminka192 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. John Snow

    John Snow Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2016
    Пораки:
    4.941
    Допаѓања:
    53.178
    Пол:
    Машки
    Газдата побрза да впери прст кон шоферот, од кај знае дека е човечки фактот на незавршена истрага?:fubar: Доколку се дупнала гума кривица на шоферот ли е:shake: Инаку од сите превозници мене најдобар впечаток ми оставиле Екстра Бус од Кавадарци. И однос на шоферите, нови автобуси а бе милина. Ова другово боранија.
     
    На Harper, Shmizla94, worrieddd и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.532
    Допаѓања:
    184.325
    Пол:
    Женски
    Од технички аспект не можам и не знам да коментирам, ама автобусите на Дурмо и од надвор и внатрешно не се лоши. Што не мора нели ништо да значи, па според тоа првично помислив дека се работи за невнимание на шоферот.
    После коментарот на сведокот и коментарот на газдата на фирмата веќе се разврзува муабетот.

    Уште потрагично ќе е ако го заташкаат случајов. А веќе почна на големо да смрди.
     
    На candy.cane, Ingvild, RosettaStone и 10 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Па не правев натпревар на кој му се случило повеќе или полошо. Не знам со кој памет мислиш дека се фалев.
    Јас не сум стоела НИКОГАШ во автобус (освен тој еднаш што го спомнав). За мои пари нема да дозволам да прави некој будала од мене. И не е фалба што ги пишав работите кои ми се случиле. Очигледно со ќутење ништо нема да се реши, знаеш? Ама најдов и јас кому да објаснувам...
     
    На SV1911, candy.cane, Lolipop23 и 10 други им се допаѓа ова.
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    Кој ќути... повеќе членки се согласија дека нешто мириса, само ти демантираш.
    Не си должна мене да ми се објаснуваш јас твоите мислења не ги читам и тотално те игнорирам. Очигледно не ме сфати па еве појасно да ти кажам.
    Не знам што не е јасно, јас и сите други дебатираме како ние гледаме на ситуацијата, но никој од нас не може да ја реши ситуацијата.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.957
    Допаѓања:
    14.024
    Пол:
    Женски
    Нема каиши во автобусите, ниту во меѓуградските ниту во меѓународните. И на ниво на ЕУ, каиши има само во школските автобуси.

    Според мене, проблем е и што со багери го превртувале автобусот, а со тоа и патниците. Основното правило за помош при сообраќајки е да не се поместуваат патниците пред да дојде брза помош заради тоа што може додатно да им ја влоши состојбата.
     
    На dahlia_desire, honest girl, RosettaStone и 4 други им се допаѓа ова.
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
    ^ Да, но можеби пристапот до нив бил ограничен.
     
  13. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.464
    Има да,Еуро Бус се вика. И нивните автобуси не се нешто подобри од овие.
    Лично се имам возено со овој шофер над 50 пати може,искусен шофер со над 20 годишно искуство на истава релација.
    Прочитав дека возел околу 80 на час,мислам не е многу брзо за на автопат. Сигурно ќе го крка возачот (македонец е), затоа никаде ги нема ниту еден од албанските партии да бекнат нешто за исправноста на автобусите и барање на одговорност.
    Инаку токсиколошките наоди покажале дека нема траги од алкохол и лекови во крвта на возачот. А на патот се гледале траги од кочење на автобусот. Мое мислење е дека е неисправност на автобусот,ќе видиме што ќе кажат на крај.
     
    На H.VAGA, candy.cane, SeaMermaid и 5 други им се допаѓа ова.
  14. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.114
    Пол:
    Женски
  15. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    215
    Пол:
    Женски
    Па најверојатно куче има излетано ама којзнае. Само може да си пртпоставуваме и ништо повеќе. Иначе за Дурмо јас и кога ќе им ги видам автобусите секогаш на тоа ќе ме потсетува, а никогаш не би се возела со нив.
     
  16. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.841
    Допаѓања:
    77.248
    Пол:
    Женски
    Мора да е ова технички проблем... неможе од три ленти да излета без ич да заврти, бар ете јас така мислам. Со мм имаме навлезено малку во нива, со тоа што се наведна нешто да земе и забега воланот (брзина некаде 80 сигурно беше), јас писнав и одма за секунди бевме пак на патот. Незнам на автобуси како е, ама на кола малку да мрднеш волан врти, ова ептен од десна лента, излетал преку негова лева, во спротивни две и излетал од пат, без ич да заврти... Ке си кажат експерти, ние само може да гаѓаме, само дај боже да се дознае вистинската причина...
     
    На Ingvild, honest girl, RosettaStone и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Тоа зборувам јас од некна, дека затоа цивили не треба да спасуваат. Не знаат како и прават гужва. :headbang:Кој се сети на курсот за Прва помош кога се полага за возачка, алал - баш тоа е првото што ти го кажуваат. Дека не треба да чепкаш сам.

    Инаку, видете ја статијава на Дојче веле и се' ќе ви стане јасно за состојбата на автобусите. Пола се со некој дефект. Ама никому ништо, вози Мишко.

    https://m.dw.com/mk/автобуси-на-смртта-демнат-зад-секој-агол/a-47512258?fbclid=IwAR0qPzWQeAOFycs5VVqNNwQbnWMfMAIGxHuWUVVwwquZfgBKiELLNnqo2Mo

    Патем, и мене не ми се допадна изјавата на газдата ама ајде да видиме.

    Не знам друг кој рече, задните седишта навистина сите згмечени. Испадна дека тие што излетале најлесно поминале. :(

    И многу се потресов, навистина ли е ампутирана ногата на девојката или квази-порталите збираат кликови?
     
    На SV1911, RosettaStone, Mr. Right и 7 други им се допаѓа ова.
  18. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.252
    Допаѓања:
    39.638
    Пол:
    Женски
    Ќе предложев масовен бојкот на Дурмо Турс ама што ако вторите се бетер...
    Ебати држава ебати.
     
    На Purplelilac и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  19. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.280
    Допаѓања:
    57.815
    Пол:
    Женски
    Повеќе од јасно е дека се работи за техничка неисправност. Правевме муабет со дм, тој повеќе се разбира за механика и вели дека штом се заглави воланот премногу тешко е да се одглави и треба преголема сила, што значи дека патникот и возачот немале доволно сила ни време да го откочат. А исто така со брзината со која се движел автобусот, треба многу време за да закочи, а како што знаеме ова се случило на кривинче. А и на некое видео, тркалата на автобусот не биле извртени туку прави, дури и при таков пад, што повеќе од сигурно е дека се закочил воланот. Едноставно кажано, немало никакви шанси да се избегне ова.

    Треба построго да се контролираат возилата на технички. Ова кај нас што го прават е за никаде. Пред неколку дена дм кога бил на технички да ја помини колата, ако не инсистирал тој немало да го направат тоа, туку само така ги пуштале. |( И кола да е е опасно, не па автобус. Јас секој ден се возам до факс со автобуси стари повеќе од деценија, можеби и две три ако не се.
    Катастрофа. Само кај нас го има ова.
     
    На candy.cane, Ingvild, honest girl и 9 други им се допаѓа ова.
  20. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.525
    Допаѓања:
    38.738
    Пол:
    Женски
    @Doozy вистина е, имаше на Сител на вестите. Се искомплицирало со циркулацијата нешто на сред операција и морале.. ;(
     
    На RosettaStone, CameliaMiller, Animali и 1 друга личност им се допаѓа ова.