Старците од метрополата многу за право си земаат..Многу им е дадено..Моиве од провинција се па ги немам видено со секири по улица да шетаат.. Ах земјо кој се не те гази.. Искрено земете распнете ме ама повеќе животните ги сакам отколку овај поган народ.. Треба гнасава да се стреси малку после се ова..Да не спие мирно,да оди по улица и да се врти на секој чекор да не го чека некој негде.Да не диши раат копилето,цел живот во страв да го врви,се што правел низ раце да му се лизга и се што градел врз глава да му се сруши. Кај ќе му оди душата..Каде?? Има некои информации околу тоа вчера што се случуваше кај него пред куќа?
Преку сто пати имам поминато покрај тоа кутре,никогаш ме нема што се вика лошо погледнато а не па лаено или нападнато. Строго го осудувам нездравиот човек,нормален човек вакво нешто неможе да направи,и да ке си одговара кривично.
Треба да се затвори човеков, под итно. Прво заради насилство, т.е. убиство на животно, второ заради нарушување јавен ред и мир и вознемирување на минувачите. Гледале луѓе и деца, и особено кај деца може да предизвика трауми. Психопати, бре!!!
Да сме нормална земја, со нормални закони и полиција за животни (знам, само сон е, далеку сме од САД), немаше да има потреба никој да дискутира бидејќи дотичниот веднаш ќе платеше дебела сума, и ќе лежеше којзнае колку години. Вака, прашање е дали ќе лежи, бидејќи како и сѐ друго, за вистински злодела кај нас се извлекуваат без ништо, а за продавање 10 корени марула се плаќа. Македонија. Само се гледа менталитетот и нивото на култура, кога и за ваков грозен и нечовечки чин, пак жртвата е крива, па уште се криви и луѓето зошто ги сакаат животните. Еве сега ќе се насмеам, почекајте 5 минути.
Реков дека ми се згади од настанот. Лани некој ми го уби кучето, дали беше отров или некој го удри не знам. Знам колку е болно. Чуваме кучиња со години. Детево ми обожава животни. Не ги ни јаде. Ама никогаш нема да ги ставам во ист кош со луѓето. И свињите ги убиваат со секира. Не знам каква позадина има со кучето, ама ние како држава имаме голем проблем со скитниците. Но да се протестира, да му се опструира бизнисот од кој живее и ред други работи зарди убиство на куче. Не го оправдувам човекот, ама не ја оправдувам и оваа фама што се дигна. Во Идризово да лежеш ради куче скитник. Сериозно, ги средивме другите криминалци па се фативме за овој. И твоето, оние во Собрание биле испровоцирани, а на човекот ако не заради кучето доживотна да му дадат, може?
Да, си шетал чоеков рандом со секира по улица, и оп кучето го апнало. Фала Богу секира што носел, па го искасапил, иначе може ќе требало Тетанус да прима. Него, кога животно ќе гризне човек, одма да ги убиеме. А човек кога ќе убие некој, уште и у затвор го раниме со државни пари, а може и дома да го оставиме да одмара. Животно треба да се успие само ако е болно од беснило или пак е преагресивно. Или да идеме и ајкули да убиваме, змии и пајаци, оти гризеле у самоодбрана.
Толку сум вознемирена од случајов, што се тресам додека пишувам. Се почесто во последно време за настаните кои што се случуваат во нашава држава немам зборови, не ми надоаѓаат за да опишам колку многу сум гневна и огорчена. Знаете дека сите психопати и убијци почнувале прво со убивање и измачување на животни? Знаете ли дека на човек со една таква психа утре можеби вашето дете ќе му смета оти многу плаче? Знаете ли дека ова е ПСИХОПАТ? Исто ко оние што бесеа кучиња пред некоја недела низ градов. Сериозно ги оправдувате, и сериозно ли не ви е страв да живеете опкружени со вакви манијаци? Греота е да кажам што му посакувам. А можеби и не е. Животот на секое кученце, на секоја мачка улична, на секое невино животинче вреди многу повеќе од ваквиот живот ко на овој човек. Не го жалам, му посакувам да ги почувствува истите маки. Грутка ми стои и ми се плаче колку сме гнасни.
Како што го следам Жерновски, веќе е напреван кривична пријава за психото. Што е следното ке видиме. Но искрено верувам во овој човек и дека ке направи нешто во врска со случајов.
Јас не знам, дали човек кој во среде бел ден, среде центар, пред кафуле и полно луѓе оди со сеќира и касапи куче и потоа смирено си заминува, го остава на среде тротоар е нормален и безопасен. Не знам. Што психа треба да си за такво нешто?
Џули, те разбирам донекаде што велиш, ама види... Јас еве на никој начин не ги оправдувам овие во собрание, во никој случај не велам дека биле испровоцирани и дека тоа ги прави помалку насилници. Одвратни ми се, десетина поста во соодветната тема напишав за тоа. Но дека си заслужува убиецот на кучево бојкотирање на бизнисот, графит пред зграда и мирен протест за од законот да го добие тоа што му следува – да, заслужува! Мене целата случка ми е многу вознемирувачка, не е само до тоа што на секој човек со емпатија му е жал за кучето, туку човеков реално со таков карактер претставува потенцијална опасност и за луѓето. Можете ли да замислите каков ладнокрвен, злобен и изопачен ум е тоа, на сред бел ден да шета слободно со секира и без причина пред луѓе да убие живо суштество? А повеќето од луѓето што се кренаа против психопатов, се згрозени и од тие настани од пред некој ден, и општо од секакво насилство... исто како што и јас во СДК веќе пишав, случкава со психопатов уште повеќе ја комплетира разочарувачката слика за агресијата кај народов.
@JuLleE не реков дека треба доживотно да се затвори ама да залужува да му се бојкотира бизнисисот оти очигледно е психички пореметен и ако не се дигне ништо против него ќе му се подигне силата уште толку. Знам како е со таквите имам еден у зграда сите психички и физички не малтретираше додека еден ден не му се собраа и го убија од ќотек оти сто пати пријавивме и никој не не фермаше. Така и со овој ако не го измалтретираат утре пак исто ќе направи. Јас не ги оправдувам овие од собрание само велам дека тие свесно едно меѓу други се напаѓаат имаат ум нека мислат и нека сносат последици. Ама кучево буквално не е за ништо криво, си живеело мирно и си лаело што е инстинкт. Не знам како не ме разбираш што сакам да кажам или така ти одговара.
А зошто мислите дека ако некој го претепа, дека тоа ќе го реши проблемот? Според мене, некој да убие куче со секира, насред бел ден, пред кафуле полно со гости не е нормален. Ако овој човек има сериозни психички проблеми (а сигурно има), утре ќе нападне дете зошто вревело или девојка зошто гласно зборела на мобилен. Дали е млад или стар, скопјанец или „провинцијалец“ сеедно, на тој човек не му е место на улица, меѓу луѓе. Дали Идризово, дали Бардовци ама нека го тргнат од градов и нека седи таму се додека не го прогласат безбеден за околина. *** Исто, многу ми е лицемерен моментот со вчерашниот собир пред зградата. Каде беа топлите за линч пред куќите на Урко и Алачка, пред куќата на оној кој ја прегази Фросина на партизанска? Да не се разбереме погрешно, воошто не ми смета тоа што се реагира, но зошто не се реагираше вака бурно и кога невини луѓе беа во прашање? Или Урко е страшен, па тогаш сите си молчеа и гледаа во земја...
Да не сакаш животни и да не ги чепкаш, да не им штетиш е едно, а друго е совесно да им штетиш. Друго, не знам што била ситуацијата, ти можеш да ни кажеш тука како тебе ти одговара а кучето ќе ни каже ли? Нема што да се вадиш од такт. Пријави го кучето, може има беснило.
Не е лицемерно воопшто. Зашто да се протестира за луѓе кога се подразбира дека ќе има судење и дека ќе се сноси одговорност. Ѕие луѓе имаат фамилии кои ќе покренат постапка и ќе си ја бараат правдата, а за кучево кој да бара правда освен вака група на луѓе? Ако не преземат ѓраѓаните нешто психопатов утре пак ќе убие некој, ќе му смета музиката од кафичот па ќе им влезе со секира внатре нели? Ова може да го направи само ментално пореметена личност, опасно е за сите ваков лик да шета на слобода, не се знае утре што друго ќе му засмета...
Како баш само него брат му и татко му биле укасани!? И ај да речеме да е тоа така,се знае, вртиш во вардариште го собираат и то је то. Не со секирчето у сред бел ден крволично да убиваш и да трауматизираш луѓе. Замислете деца да виделе, утре ќе мислат нормално е тоа...
Оф-топик: @Bankarkata, jас не сум против реагирање, напротив, само напред ама признај дека боде очи разликата меѓу овие две слики: Од протестот „Правда за Фросина“ Од денешното собирање пред куќата на лудакот Убиецот на Фросина доби само шест години затвор (ќе видиме за колку време ќе излезе), Алачки се извлече неказнето со газење пешак на пешачки. Имаше протести? Фрлаше некој со јајца по нив, напиша некој „Убиец“ по нивните зидови?
Браво златна се кажа...куче убиле некој и се потресле а кркаат стекови и свинско. Се сложувам со тебе
Според протестите, за некои кучињата се повредни од луѓето, бидејќи скоро никогаш немало протести кога бил убиен некој човек.
@Jean-Baptiste, не, страшно е тоа што се случи со кутрето и мора да се казни сторителот, најстрого!!! Меѓутоа, многу сме чуден народ- ќутиме и си веднеме глава кога станува збор за прегазени девојки и дедовци, а сега за животинче сме тотално потресени и ќе организираме линч толпи. (Да не бидам погрешно сватена, сосема ми е океј протестот пред куќата)