Тоа што не се регулирани законите во пракса, не значи дека не се теориски елаборирани. Еве попатно што најдов на блиц од нашиот законик, да не се мачиш. Сепак, постои контрола на фарми и производство со пчели на хартија. А стопанството и сточарството се спомнати во контекст дека луѓето произведуваат за сопствени потреби или за ниска стапка конзумеризам, па никој не ги контролира производите како сирење, кашкавал, млеко, мед, иако неретко завршуваат на тезгите во Берово, Кривогаштани, Неготино. Тие луѓе иако ослободени од ддв, кога продаваат на мало имаат големи шанси за неуспех поради можните попатни загуби како оние на Атиџе, и затоа државата треба да го фиксира вниманието на повеќе фронтови. Линковите кои ти ги посочив се стварно legit, со исклучок на изворите можеби. Има документарци за тоа како во САД одгледуваат пчели, под строга надзорна инспекциска контрола. Ако документираните соддржини лажат - и јас лажам овде. И да, верувам дека во Европа им отплаќаат штети доколку дојде до кражба или било каков вид загуба, за разлика од оваа света Вукојебина каде ако си оштетен, системот те дотолчува наместо да помогне. ..На Атиџе верувам ќе и стасаат и донации во парична форма - државно и плус како чиста граѓанска иницијатива, бидејќи сеуште постојат хумани луѓе кои приказната ќе ги допре, па во знак на благодарност соодветно ќе одреагираат. Може нема многу, ама ќе биде доволно за минување една егзистенциска сезонска криза. Околу Моника, ти си со агенда дека 'голотија продава' и само по инерција затоа што е проститутка заслужила сензационалистички наслови и екстра внимание, ама не е така. Било која рендом жена да беше тепана и медиумски да објавеше фотографии со име и презиме од насилникот ќе беше постапено според протокол.
Ако може некој да ми каже која е личноста Конопова за која зборуваме, стварно немам поима. Ни фејс, ни инста, ни твитер отварам, не сум во тек.
https://www.slobodenpecat.mk/monika...to-bev-da-zemam-chips-od-shkafcheto-vo-kujna/ Побарај на соц. медиуми Monique Konopova
Со што те збунив Сакав да кажам дека можно е да биле и двајцата во жута минута како што кажа ти (затоа те тагнав) и дека ради тоа ескалирало и почнале столици да летаат
Активист за легализација на марихуаната. Од таму Конопова (а Ристевска и е презимето ). На социјалните мрежи се слика гола со капаче од тегла (така ми личеше на сликата, а може е нешто друго ) ја крие вагината, а градите покриени со подлактица. Напишала твит ако соберам 1000 следачи ќе се сликам гола. И би така. Марихуана пуши на соц мрежи (ко демек нешо wow прејако ) . Ужас. Благ очај Без разлика колку се недолични (според мене) објавите на социјалните мрежи и дали јас го поддржувам или не, нејзиниот активизам за што и да е, НИКОЈ не смее да биде вака истепан.
Мајка и и татко и на Конопова не ми изгледаат како насилници,поготово татко и. Ако е она со импулсивен карактер како што кажува мајка и,вие не сте свесни до кои крајности може да оди човек во момент на нервоза. Приказната има две страни.
Зарем по изглед ти оцени,и ги прочита дека не се насилници?Ако не се,како и е сменет личниот опис??Па да е и импулсивна,никој нема ПРАВО да те унакази никој.Според требе е океј импулсивните да ги дробат од ќотек,оправдуваш насилство над нив.
Не знам колку животински треба да те испровоцира твое дете за да кренеш рака и примениш насилство. Дури и да му се обратила дрско со зборовите ,,копук, вол, крмак" и да го опцула, пак не смее да примени насилство врз неа. И нема две страни, има само една која е видливо оштетена. Тоа што бил пијан за време на случката (ако воопшто бил), само додава уште еден layer причина за последицата.
Да се разбереме - нема оправдување и нема ама. Никој никого не смее да тепа и кој како сака нека си живее. Во тој дел нема простор за размислување. Што се однесува до женава, преку таквото ми е од луѓе што ставаат цицка вааааааууууу цицка на социјална мрежа и мислат дека се револуционери (аман ) и од говедата што и' коментираат колку е срамна, грешна, тАкАтИтРеБа курво, а истовремено го млатат на неа.
Реков има две страни затоа што и она не е ок нешто. Јас не оправдувам насилство во ниту еден случај. Човек ништо не смее веќе да каже само се испревртува цел муабет Меѓутоа немате појма колку е страшна импулсивноста и што доведува истата кога ќе изгубиш контрола над себе и дозволуваш нервозата да те преовлада. Не си свесен тогаш воопшто за своите постапки.
Импулсивност...веројатно мислиш на афект. Да, апсолутно е можно, ама свесно самоповредување од страна на таткото укажува дека е можно насилството да било планирано, со предумисла. Полицијата нека се бави со случајот крај краева, ама не е фер нејзиниот lifestyle да биде доведуван во прашање бидејќи е сепак жртва на насилство. И во вакви случаи државата треба да ја заштити оштетената страна.
Овие што први скокнаа дека го живее животот така како што го живее ако немаат тргнато џоинт ниту еднаш во животот јас глава сечам. Се дури се прави тоа скришно, сам или во присуство на блиски другари океј е, ама ако некој јавно го прави тоа тогаш одма имаат потреба да кажат колку се тие поштени. Кога веќе зборат за зависности, нека кажат збор два и за алкохол, затоа што и те како е штетен, а еве ги последиците од негова прекумерна употреба. Или пијан маж кој млати жена е океј во нашево општество, ехеххе се опијанил де, ништо страшно, а за канабис треба на плоштад да ги стреламе? Јас еве не консумирам, ама многу ми е гајле дали некој пушел трева или не. Што сака нека си прави. @corto.maltese ич не ти се во ред компарацииве. Прво медиумски не се покри доволно ова за Атиџе, што секако не е во ред, ама еве јас искрено прв пат видов од твој линк. И мене ми се створи огромна лутина затоа што уште не можам да бидам паметна како некој може да има толкава злоба во себеси да иде и да искрши нечија работа. Еве кога го видов, најостро и нив ги осудувам и искрено се надевам дека сите тие кои заработија на грбот од Атиџе ќе и помогнат сега. Жената ни е национално богатство и треба да си ја чуваме. Ама во нашава провалија не знам колку ми држи вода муабетов. Човек може да е лут и за две работи и да ги осуди и двете. Навистина немаш потреба да си ја поганиш душата и да пишуваш лоши зборови за да одбраниш друг случај. Во најмала рака добивам впечаток дека не ти е гајле за семејно насилство. А за овие со коментариве јас сите ги пријавувам на Фејс. Ќе почнам и со ова @DAngel што го кажува. Не е дека не сакам, не сум се сетила. Ама еве и тоа ќе го направам, а сакам и другиве да ги повикам на истото а тоа е во најмала рака да не ги цензурирате кога ги објавувате. Сами си ги пишуваат ЈАВНО коментарите што значи дека си стојат зад истите. Цел свет почна да реагира на онлајн ширење на омраза, кривично дело е тоа, нема зошто да им ги замаглувате имињата и да ги криете сликите.
Да ама јас не гледам така.Мислам дека е афект во прашање. Се скарале за нешто поголемо а не за чипс. За чипс е банално да се караш. Отпосле од кога сфатил што направил се самоповредил за да има исказ односно да се извлече. Каква и да е,реално греота е. А и мајка и кажа зошто се враќа стално ако ни вика дека не не сака и не и требаме. Сега кога веќе е таква работата што се враќаш?
Дел од коментариве овде се поблага верзија од коментарите на Фб. Да го оддржиме имиџот де. Се гледа дека лично нешто имате против Моника и оттука доаѓа и ова субјективност. У една тема ќе пишете нема оправдување за насилство, а овде.. може до некаде да се разбере со оглед на тоа кој е жртвата.. НЕ ! Жртвата е Моника, на чии постови имам безброј пати превртено очи, пошто апла ме иритира нејзиното понашање и активизам, кој и не е активизам, крајно контрапродуктивно на крајот на денот. Оправдувате импулсивност и афект? Во ред. Нека се послужи со форава секој маж кој си ја тепа жената, секој силувач, секој злоставувач на животни. Мора нешто да се таложело долго ввреме штом дошло до пукање,сигурно.. разбирливо -.- Афект е шлаканица, која исто не е за потценување, а ова е,ко што рекоа наназад обид за убиство. Од татко према ќерка..
Ма ме заболе дали некој дува или не искрено. Се' додека не е зад волан што е до мене - слободно. И јас немам ништо против легализација, ако самата не консумирам. Мада кењање е ова нејзиниво, ама нејзино си е пак ќе речам, само ваков насилен активизам обично страшно ме нервира, измишљотини пласирање и лажги, демек вие глупите непросветлени што апчиња пиете, лековите во природа растат, здравјенаигланевлегува муабети. Ок, драпај си мадиња, ама еве како лично засегната ми се сере од вакви муабети. Лапај си ти трева колку сакаш, не гази по останатите за своето.
И батињата во теретаните покажуваат цицка после вежбање трицепс, дури и вежбаат без маица ама моралната стигма не тежи на нив колку на Моника, нели? Не подржувам објектификација, ама уште помалку подржувам двојни морални вредности, во општества каде маж без маица е секси и кул додека жена без градник не е, и плус ради тоа е јавно профилирана и линчувана во периоди кога треба да е заштитена. А и у двата случаи и пола намерата е идентична - да се покаже телото, да се слави голотијата на која секој треба да има право ако му е по волја.
Буквално колку што гледам само линк треба од објавата да ставиш, име, презиме, ништо не е задолжително. http://redbutton.mvr.gov.mk/