Кој е фраерот живо ме интересира. Било кој од вас ако знае слободно нека постави негов профил или фотографија. До кога ќе се кријат убијци?
Идиотизам до крајност е ова.. ја се наежив @Acronia ја пробував да се сетам, тука сме со годините, сељак некој од Ѓорче ако не е да ме плукнеш
Одамна животот во оваа вукојебина нема вредност. Денес те има, утре те нема. Дури народот се обидува да сврзи крај со крај, татини синчиња што до вчера мочале во гаќите ќе возат џипови на кои ни вредноста не им ја знаат, а невини души ќе лежат по земја. Тие се бре од бога пратени, а ни е сме проста раја што слободно може да ја газат.. И најтрагичното од се е што ништо пак нема да се промени.. Инаку во вакви случаи и новинарите би ги казнила. Добро на што личи она од Сител? усул да се немало.
Јас прво мислев дека е албанец, но реков ајде да не одам со презумпции. Иако иницијалите Ј.Ѓ. се малку суспектни.
Од Сител ја сликале и снимале девојката, т.е чаршавот врз неа и раката и е надвор од чаршавот.. Не ми се верува, кое дно од новинарство, се згрозив.
Истово помислив. И да поминувале пешаците на црвено, возачот не смеел така да прелета преку застанатото возило и да се престрои без да ја види ситуацијата напред.
А вакви што фураат пред пешачки секојдневно ги има. Кој преминувал повеќе пати на пешачкиот кај Југо дрво и оној пред Рамстор, знае дека е руски рулет таму преминувањето. Нема семафори, три ленти се и онака се надеваш некој идиот како овој со цитроенов да не наиде да те собере пред да трепнеш. Минимум двапати на двата пешачки сум избегнала да ме отепаат оти на време сум ги приметила дека се залетани. А денес на тој пешачки можело да биде секој. Јас, ти, близок мој, близок твој. И ми се ежи кожа од помислава.
За сите вие што сте од Скопје. Секогаш треба пазење, ниедна улица не е безбедна, ама највише очи отворање на неколку локации треба. Една е баш тука кај Сити Мол, на Партизанска особено пазење кај Универзална и малку подоле на пешачкиот кај Градежен. Тука за да фатат зелен бран летаат буквално. После кај Југодрво, искосен е некако тој пешачки, исто не знаат колку возат тука. Кај очната болница у Ѓорче, у Козле на Теодосиј кај новите згради, Ченто на патот према Сингелич, Ајродром пред Капитол и по цел булевар Александар Македонски кога се иде накај Алкалоид. Овде и да е зелено 4 очи отворање, е баш заради вакви. Ќе ве соберат и око нема да им трепне, нема ни да искочат да ве проверат дали сте живи.
Трета Македонска бригада исто, кај што се стеснува булеварот за накај бензиската, пред Тинекс, тука сите летаат, а знаат дека не можат да го фатат тоа стеснување на патот со повеќе од 60, тука многу несреќи има.
Со ЦИКЛАМА маркер, се сите пешачки на раскрсницава каде успат има и семафори. Со ЗЕЛЕН маркер, се свртувања полукружно надесно, без семафори.Слободен премин Со СИНИОТ е местото на незгодата. тоа што пишале Московска со Партизанска нема везе, пошо овде јасно се гледа дека не е со сечење. Мојата хипотеза е следна: Возилава или проаѓале на црвено или на зелено.Логично дека семафорите се спротивни.Ако за возилата е црвено за пешаците е зелено де. САМО од Љубљанска, полукружно лево коа се врти за накај Карпош по Партизанска, и семафоров со местово на несреќата, и од Карпош налево кон Московска се поклапаат. Па не дај Боже нешто 15то да измислат. Е сеа, ако паров проаѓал на црвено, што е многу веројатно, бидјеќи добриов Х зашто би им застанал?Ако ним им е зелено, него му е црвено и стои на место. Они шо прошле на црвено прошле, АМА НА ДЕТЕВО тоа не му дава за право да ги згази и да убие некој. Шо ќе го коштало да почека секунда бе? Глеаш некој стои, од кај знаеш зашо стои, може и нему не му е добро и застанал.Ама нервен народ сме, не им се чека, им се брза, се` си мислат иам кола ќе искочам 5 минути пред договореното и ќе стигнам таму кај шо треба.. Ти може ќе стигнеш, ама еве некој нема
Ај тоа едно. Втора работа е што возел ми се чини скоро 70. Значи и ич кур да не го боли за другите, не знам како малце не го фаќа страв за себе прво да вози со таа брзина на Партизанска која е најпрометна у Скопјево и со семафори на секои 100 метри, трета работа па како кренал толку.
Детиште, криви се тие што му дале таква кола, дај му опел корса, па нека се радува кога воопшто ќе запали ако запали од време на време, а не па да претркува..
Другарките досега ФБИ ме викаа Ќе се викам од сеа Агент Ф Фби+цси @GirlRose ја сеа напраив акаунт и паѓа Малерка сум
Нека почива во мир девојката. Новинарите дали имаат душа да го снимаат телото покриено? Не е време за кој подобра снимка ќе направи. Жално.