Да, ќе тужи дечкото и ќе добие оштета, за телесни повреди и претрпени психички стрес и трауми. Ќе го тужи, осигурителната компанија ќе ги обештети и него и фамилијата на загинатата. Дечково е добро, ама бил во многу лоша психичка состојба. Ама ќе се опорави. Полека. Со помош на фамилијата, пријателите. Но девојчето ништо не го враќа. За жал. А она му го спасува животот всушност.
Ана дали сериозно ми се закачи за користење на соодветен збор, во мислење на форум? Се обидов појасно и попросто да објаснам. И дадов ситуација, бидејќи се коментираше ако влетале.
Можеби навидум ќе изгледа океј ама таква траума од гледање како партнерот буквално умира пред тебе во рок од неколку секунди ќе го гони психички цел живот. Нема бегање..
Леле колку не си во право. Мене пред некоја година на пешачки премин, на зелено светло за пешаци ќе ме собереше еден тип со кола. Сред бел ден, нити врнеше дожд, нити снег за да има намалена видливост.
Да се дообјаснам. Дечково може да се придружи во кривичното гонење или да се откаже, и во парична постапка да бара само надомест на штета. Ама овде ко што знам, ќе го тужат и детето и најверојатно ќе бараат оштета.
Без разлика тоа што немал прегледност или слаба видливост, возачот мора да ја намали брзината во близина на пешачки премин. Тоа што семафорите не работеле не е никаква олеснителна околност. Исто така пред него имало кола, значи колку и да си глуп ќе сфатиш дека или има пешаци на пешачкиот и затоа колата стои или е црвено на семафор.
Јас не разбирам за каква намалена видливост се зборува. На партизанска, ширум отворена, што семафорите се гледаат од километар во која боја се.
Ааајде уште еднаш дечки. Ако си возач и: - Преминуваш десно на ДОПОЛНИТЕЛНО зелено, пешаците имаат предност. Ако притоа имаш од страна големо возило (пр камион) и не можеш да видиш дали има пешаци, застануваш, гледаш ситуација. Ако има луѓе, ги пушташ, ако нема, продолжуваш. - Ако семафорот не работи или е трепкаво жолто, кога се доближуваш, намалуваш брзина, гледаш дали има луѓе, ако нема, продолжуваш, ако има, ги пушташ па продолжуваш. И тука имаат пешаци предност. И поназад некој пиша да, ако кола стои пред пешачки, возач НИКАКО не смее да го заобиколи, буквално едно од прашањата за теоретскиот испит е дали смее и одговорот е НЕ. Не му се фрлиле директно на хауба со намера да се самоотепаат аман. Чим првиот бил застанат, значи се гледали дека има луѓе, а овој да возел побавно на време ќе видел и семафори и пешаци и све.
Намалена е светлината на семафорите и уличното осветлување и лесно може да да дојде до таква несреќа.
Има причина зошто постојат знаци и пропишани брзини и казни за истите. А, вие може мал милон причини да си измислите. На пешачки секогаш се гледа дали има пешаци. Истово ќе ми се случеше и мене скоро. Еден ме пропушташе на пешачки, а друг на другата лента ќе ме собереше. Морав да застанам. На возачки испит одма бутаат ако не пропуштиш пешак, а не пак додека тој минува на пешачки ти да леташ. Пола од вас што ги кажуваат правилата се кладам не ни имаат возачка или се оние што никогаш не пуштаат пешаци на пешачки пошто постојано се во журба. На пешачки пешакот секогаш ја има предноста. Ама баш секогаш, затоа постојат тие пешачки. Друго, во Ск има најголема сообраќајна некултура. Во помалите градови нема секаде семафори, ама насекаде има лежачки и кружни, се вози во села секогаш 50. Баш скоро еден скопјанец во село прошиша со добри 90.
Зашо занемаруваш дека претицал возило пред него? Да беше толку unbiased како што викаш, ќе обрнеше внимание на детали, а не имагинарни слаби светла.
А првиов што веќе бил застанат и ги видел нешто некои посебни очи да не имал? Си диоптер 2+ гледам како совозач што има пред мене и навечер, а нормално возам САМО со наочари, ама дечково не видел. Аха