Ако со вакви небулози и адвокатот го брани возачот и проба да намали вина и одговорност, уште поголем гнев ќе направи кај народот. @Luciferka фактите се против возачот.
Не можев да ве дочитам. Не ми се верува дека постои некој во ситуацијава што го брани шоферот и бара оправдувања за него. Еве ви го постирам статусот на таткото на момчето што се извлече жив, а вие размислете дали ќе сте “поддршка”, “воздржани” или “во одбрана на виновникот”. Само ставете се на место да фамилијата на жртвата и одлучете што би правеле во ваква ситуација. Ете, и јас да се ставам на местото на родител на виновник, недај боже, нема да го бранам. Нека има големо срце и душа, ама мора да си ги сноси последиците сам. Вие како сакате!
Пишав мислење не почекавте да се едитирам, по грешка стиснав испрати одговор. Еве ќе пишам пак. @Luciferka ти како возач треба да знаеш некои основни работи и сега штотуку докажа дека ти покрај тоа што си возач немаш никакво познавање. Ти имаш БМВ и не си достојна за толкава брзинска кола, ако не се лажам таа достигнува над 200км/ч. Таква кола ко овој и твојата уште упалена и спремна за возење мора да се убаци од прва во втора брзина,а над 60-70км/ч треба да ја ставиш во трета брзина. Што очигледно е дека тој тоа го направил иако стоела кола. Кола на пешачки не може да стои ради реда, мора да има вклучено четири жолти трепкачи. Второ во случајов од сликата погоре гледам дека колата застанала метар два од пешачкиот,што значи дека со голема брзина ја удрил неа. Силата на ударот ја прави колата лом,а нејзе ја усмртува со тоа што таа дур била во воздух го загубила животот а падот само го потврдил тоа. Не е баш безначаен удар. Воздушните перничиња не се отвараат при вакви несреќи,а жолто трепкаво семафорче значи дека треба да отворите 4 очи и да внимавате. Џабе се фалите со јаки коли кога не знаете да возите правилно.
Возам и ме стега во гради. Си мислам - сигурно била среќна ете дошла со дечкото на шетање, се мислела дали да си го купи црвениот фустан за излегување. Кои ли планови и сонови ги имала девојката? Се тоа заврши заради трулото општество. И сите имаме удел во тоа. Сега кога се враќав кон дома на пешачкиот имаше паркирано возило. И не е ретка слика и често пријавувам. Еднаш дури имаше полициско комбе. Му отворив прозор на полицаецот кој чекаше внатре на совозачкото и го прашав дали треба овде да е паркиран? Ти треба ред да ставаш му реков и си заминав.
Прашај го братучед ти и дали има свој стан и ако има тогаш како го има купено тука тоа ги интересира.
Епа ако е намалена светлината на семафорите уште повеќе ќе внимаваш и ке намалиш брзина на возење јерр не гледаш убаво такаа??? И човек што вози 45-50 не може да убие човек на лице место, види ја само колата шо е напраена лом. Али ајде според вас 50 возел а намалена светлина и улична и на семафори,нормално ти е 50 да возиш а да немаш јасна прегледност ? ( а можеш да видиш дека кола стои и да ја претекнеш да отидеш и друга лента, а за останато не можеш да видиш) важи дај молим те да бидеме реални
Каква реалност очекуваш кога она вели дека ударот е беззначаен или минимален, а повредите се од асфалтот?
Секако дека мора да се сноси одговорноста, а исто така истрага треба да ја спроведат стручни лица, а не народот кој е преплавен со гнев насобран од многу случаи и кој не може рационално да ги оддели фактите од лутината. Статусот е напишан од шокиран родител чиј син беше во екстремно трауматична ситуација, што значи е базиран на свежи емоции и субјективни чувства, статус е легитимен начин да ја изрази својата тага и гнев, но надвор од тоа ништо не значи за објективно решавање на случајот. Ние народот може да дадеме притисок и да го одржуваме случајот актуелен, ама не и да носиме заклучоци за кои постојат правни лица.
Абе види пешачки имаш на секој 200-300-500 метра, не знам јас кој е тој што пред секој пешачки намалува брзина, или треба да возиш со 30 па така, а таков нема. Сите што сме шофери знаеме дека ваква и било каква несреќа се случуваат за секунда овоа и јас милион пати го кажав до сега. Можеше и ти да бидеш зад воланот во случајов, и мислејќи дека колата е застаната така (бидејќи не е редок случај ова на сред улица некој да си паркира или си чека) и си се престојуваш автоматски на другата лента за да поминеш, притоа дечкиве кога виделе дека првава кола има застанато сигурно имаат претчано, така да претпоставувам дека дечково возел од прилика негде 60-70 со оглед на колата во каква состојба е, и во секундата некој да ти излезе пред тебе и 50 да возиш не можеш толку брзо за секунда да ја укопаш во место (закочиш) колата во таа секунда. Ама сега воа дете не е на министер па затоа волкав линч доби на интернет, и од сите можни страни, уште какви не сценарија извртевте тука. Не е невин, ама и не е ни убиец како што го нарекувате.
Луѓе, никој од нас кога излегува од дома не помислува дека ќе биде убиен или дека ќе стане убиец. Дечково како што прочитав пред скоро ја добил колата (не е важно дали ја купил или му ја купиле), можеби бил и радосен за тоа, семафорите трепкале жолто, неискусен возач може помислил и да забрза за да го фати семафорот, никој не знае што му се вртело во глава тогаш. А, тоа дека не излегол да помогне, зарем вие да бевте на негово место немаше да се изгубите, за секунда станал убиец, јас сигурно би си пресудила сама во тој момент. И најлошиот, најподмолниот, најразгалениот човек да биде сигурно не сака да стане убиец на тие години. Греота за девојката, нека почива во мир, нема веќе живот за нејзините блиски. За убиецот, треба да одговара и најстрога казна да добие, ама најголема казна во случајов ќе му биде неговата совест, се надевам дека малку ја има и ќе одговара.
Човече. Има снимка една на Јутуб каде камион во три секунди застанува камион каде дете му претрчува, и да тука беше криво детето што трчаше ама замисли камион што е едно три пати потежок од џипов застана. А тоа што типов возел со 60+ не го оправдува, не знам како да ти кажам. И да нема пешаци и семафори, во населено место е 50. Мене за себе ми е страв да возам повеќе, дури инструкторот ме караше некогаш дека на слободна улица се влечам, не па кога има пешаци и остало. Ако првиов застанал, не му излегле во секунда. Сите сме биле зад волан да. Ама сите сме секојдневно и пешаци. Ај секој ден да го живееме како последен зашто " се случува"
Не смее да изнесува круцијални докази од постапката во оваа фаза. Не знам Луциферка дали напиша нешто плус што веќе не се знае. А и не знаеме дали и кој стои зад нејзиниот лик. Може трола дека соработуваат.
Чисто да видите што значи инстинктивно удирање кочница кај камион. Видеото е малце вознемирувачко ама детето е океј А знаеме дека колку е поголемо возилото, толку подолго време е потребно да закочи. А бтв ако немаш развиено струјни рефлекси, не треба да возиш брзо. Всушност воопшто не треба да возиш брзо, ама сакам да кажам, додека ги усовршиш, многу повеќе пазење. Јас уште ги немам, затоа не возам сама и не брзам.
Ги прочитав двете страни. И таа на Ѓорѓиев (поточно на неговиот адвокат) и на таткото на момчето што заврши на клиника. Не мислам дека не е виновен, но не се согласувам ни со тоа дека е убиец. Постапката треба да се води по законот за обвинение за загрозување во сообраќајот по лица и имот. Ќе се води како убиство од небрежност како што првично и напишав во објавата пред два дена. Како олеснителна околност за Ѓоргиев сигурно ќе се земе општата сообраќајна состојба со семафорите - трепкачките жолти светла, потоа фактот што не избегал (иако од др. страна не ни помогнал што е кривично дело), и што се покајал за делото. Воедно, олеснителна околност веројатно ќе биде и тоа што нема индикации дека бил во изменета состојба на свесност поради конзумација на опојни средства или алкохол. 30 години затвор се премногу за дело кое не било сторено со намера, сепак да не претеруваме, дечкото не е масовен убиец и не тргнал со умисла да го изврши делото, што веќе беше образложено и потврдено во јавноста. 4 години најмногу треба да се дадат (според мене), затоа што мислам дека со вината и моралниот линч ќе се носи до крајот на животот. Исто тука ќе додадам дека млади луѓе не треба да добиваат возачка дозвола на 18 години (повторно според мене). Додека што се однесува до таткото на другото момче кое заврши на клиника, мислам дека е лут и гневен поради настанот што е разбирливо кога станува збор за едно вакво дело, меѓутоа не мислам дека е правилно тој револт да се канализира така што ќе објавува постови полни бес со целно повикување на јавноста. Зошто овој случај не припаѓа на јавноста, припаѓа на законодавниот дом на чело со полицијата. И да, ко за крај, ова нека биде една добра поука до "децата" на 18 години што возат бесни мечки, дивеејќи по Скопските улици. Да биде поука дека не се Господ зад воланот, туку дека кога влегуваат во автомобил секој ден потенцијално се соочуваат со лицето на смртта.
А зошто престигнувал возило на полна лента пред пешачки? И дај ве молам, не се гледало на Партизанска пред сити мол, глупости. Баш тој дел е добро осветлен, а и цела улица не е до толку темна за да не видиш семафор. Не мислам дека дечкото е убиец, ама направил грешка и реално со нова кола како почетник не смеел да дозволи да не внимава. А сообраќајки се случуваат, кога си секој ден во сообраќај може да настане секаква ситуација, ама затоа треба да се внимава. Секунда е доволна да изгубиш фокус и да направиш глупост.
За прв пат не се согласувам со тебе. Точно, на секого може да му се случи. Ама пешачките не се ставени за украс. Еве јас од страв од вакви случки, секогаш намалувам брзина во близина на пешачки. Не знам како се одвивала ситуацијата, ама ни пешаците не се цвеќе за мирисње, 100 пати ми има претрчано на на пешачки и на др места. Ако е пешачки не значи дека треба во последен момент да прелеташ, кога јас веќе сум тргнала. А коливе дека треба да намалуваат во близина пешачки треба. Еве пред една недела баба од над 70 години на црвено му претрча на мм на партизанска. Ја пцуеше од силбо до систина. Ќе ја залепиш, па ќе ја лежиш. Затоа што е сигурно, сигурно закочи си во близина на пешачки, има секакви шофери и секакви пешаци.
@Snowflake97 на пешачки со две ленти ако има застанато една кола ти забрзуваш или успоруваш? А, ако не гледаш на пешачки дали има пешаци верувај има луѓе кои гледаме дали има пешаци.