Еднаш имам одено во Идризово на посета, една жена торта донесе и за да ја внесе пред тоа има претрес нели, кога зема полицаецот со ноже да и ја сече тортата, сол ја направи за да провери да не има дрога внатре и најдоа едно кесенце ама не видов што беше ја тргнаа настана.. Башка што има на вратата детектор, да не внесеш нешто метал, оружје.. Таму се може да се деси, освен вразумување на некого, тоа мислам никогаш не се десило во Идризово кај затвореник.
Blagodaram, ne znaev za ova. Me interesira dali imaat pravo da izleguvaat na vikend do doma, oti sum slusala taka na vesti ete izbegale zatvorenici ne se vratile, isto i kiceec bese iskocen koga se desi soobrakajkata, jas se si mislev vlagaat u zatvor imaat poseti i toa e toa, iskacanje duri koga ke zavrsi kaznata.
Па во затворите имаат сѐ Од дрога, до девизи, телефони ама сѐ Исто ко надвор да се, само у мизерни услови шо седат. Ич не им е лошо да не ги жалите Иначе да @butterflysk како шо ти кажа нена, смеат да работат ама после одредено време мислам.Другар после првата година почна да работи, и преку фирма искача, ќе си сработи и пак назад
Ако лежи за некоја помала казна пример затајување данок има право да оди на викенд тие се во полуотворен одел. Другите кој имаат тешки дела не излегуваат се додека не ја одлежат казната.
Милина затвориве кај нас. Цел ден си бркаш работа и се враќаш да преспиеш место да плаќаш хотели, мотели и кирија.
Да точно е тоа што го кажа нена. Колега на мм е во затвор ама секој ден си работи и после си се враќа назад во затворот. За сообраќајка е нешто во затвор, што точно не знам.
Па поубаво е така, ќе ги научат на ред, што дека само ќе лежи таму ако е пример внатре за затајување на данок, барем нека работи.. А и ова важи за полесни дела, сообраќајка, кражба, за убијци, педофили, силувачи сигурно дека не важи..
Не пишувај работи извадени од ракав. Пошто ова што си пишала нема врска со реалноста. Прво научете да разликувате притвор од казна затвор. Потоа и истражен затвор од затвор. Притворот не е казна, туку е мерка за обезбедување на присуство. Се изрекува кога постои опасност дека сторителот ќе избега, ќе го повтори делото, ќе влијае на истрагата. Протворениците се носат во Шутка, пошто Шутка е истражен затвор (не е никаква установа за рехабилитација). И верувај престојот во Шутка не е воопшто наивен. Притвореното лице е осомничено лице или обвинето за кривично дело, ама уште не е осудено. Казна затвор е кога има правосилна судска пресуда и лицето е осудено на ефективна казна затвор. Тие лица казната затвор ја издржуваат во Идризово или друг казнено поправен дом. Дечково сеуште е осомничен, уште не е ни обвинет, пошто допрва ќе се подига обвинение. Изречена му е мерка притвор 30 дена, однесен е во Шутка, тоа е максимимот што може во оваа фаза. Дури дискутабилен е притворот што му е одреден од правен аспект.
Зависи за што лежи, во кој дел од затворот е итн. Имаш отворен дел, полуотворен и затворен. Во кој дел ќе си зависи за што лежеш и колку е казната. Сторителите на најтешките дела, убиства, силувања, се во затворениот дел. Функцијата на затворот е да ги рехабилитира и реинтигрира сторителите, ама за жал, кај нас ништо од оваа нема, па ги прави уште поголеми криминалци. Ние имавме многу дебати повразни со казните и извршување на истите. На пример како ќе казнеш обвинет за компјутерски криминал? Со затвор? Не. Нема ефект. Одземи му ги средствата со кој го вршел криминалот. Или финансиски криминал. Очигледно е дека веќе се коментираат работи за кои се нема ни основно познавање и се тера темата во друга насока. Па затоа ќе се воздржам од коментирања, оти дегутантно ми е веќе да се расправам особено на оваа тема.
Кај нас како почнала работава, ќе бараат од лице место дирекно на гилотиња да се носи сторителот. Нити судење, нити право на одбрана, како во 13 век. На плоштад една бесилка и сите од страна да аплаудираат за егзекуцијата. Ја лично сум за да се зголемат казните за сообраќајните несреќи со смртни последици. Разбирам и дека има акумулирано незадоволство кај сите нас, ради тоа што многу сторители не беа соодветно казнети. Ама и некој од муабетиве овде се нон сенс.
Пошто те сметам за најстручна овде сакам да те прашам нешто. Знам дека се зимаат сите околности во предвид. Од сув/влажен коловоз, до осветленост. Семафорот што не работел е главен семафор, не е спореден, на раскрсница е. Мислиш ли дека ќе се земе како олеснителна околност тоа што таму ако закочи кола буквално цела раскрсница ја закочува и има големи шанси некој да го собере некој тој што закочил? Ете, може тој бил убрзан, за да избегне да се судри со тој што закочил, намалил брзина и сменил лента. Зошто мислам дека закочил. Мислам дека закочил претходно бидејќи телото ќе беше отфрлено многу подалеку, а на сликата е непосредно до пешачкиот. Вториов дел игнорирај го, тоа другото ме интересира, ова е само размислување.
Тоа зависи од сопственото убедување на судијата. Јас да одлучувам, тоа нема да го земам како олеснителна околност, пошто не е автопат каде ограничување е минимум 120 па да не смееш да закочиш во место зашто некој ќе те собере, туку е во населено место е, каде ограничување е 50, на секој двеста метри има пешачки, плус и семафорите иако не работат се некаква сигнализација дека треба да се успори. Мислам дека тоа нема да му го земат како олеснителна околност. Олеснителни околности му се што е неосудуван(ако е), што не избегал од лице место, ако признае вина и тоа би било тоа.
Видов. Мислам дека тој удар бил пресуден. Ама некако... не можам скица да си направам во глава. Како и да е, да не шпекулираме, затоа реков игнорирајте вториот дел зошто не е битно.
Веднаш признал вина ко што разбрав. Ај тоа што не пружил прва помош зошто се укочил, може да му се прости јер шок. Дете е. Убил човек. Секој може да се стаписа од такво дело. Тенкс на одговорот.