Кај нас јавноста пружање прва помош го сфаќа буквално, као он требало да стане и да реанимира. Пружање прва помош е и викање на брза помош, носење на жртвата (ако е жива со полесни повреди) во болница итн.
Казните мора да ги зголемат, особено минималната, за да не им се остава простор да се намалува, оти имаме случаи каде што лежат и по 1 година, или се извлекуваат со условна и лежење во психијатриска установа. И овде се ствара револтот кај народот, скроз оправдан нели и влијае да луѓето немаат страв доколку згазат пешак, знаат добар адвокат ќе среди да лежат минимално. Оти да не се лажеме, кај овие случаи, со добар адвокат се прават чуда. Да не зборувам пак кога се оштети во прашање. Кои суми се провлекуваат. Работев штети, што се' не се изнагледав. Туку, пешаците уредно си минуваат на пешачки, семафорот трепка жолто, една кола застанала. Случајот си е јасен. Он требал да намали, да прилагоди брзина и соодветно да може да реагира. Овде апсолутно нема зошто или било што да се зима за олеснителна околност. Притворот е правно неоправдан.
Не било намерно. Не бил под алкохол и наркоза како што претходно се мислеше. Бил во шок во моментот. Ти не правиш грешки? Не мислиш дека некогаш може да ти се случи вакво нешто штом седнеш во кола? Може да гарантираш дека секогаш ќе влегуваш со чист ум? Сите кои се возачи подолго време знаат дека вакви работи се случуваат и точка. Да, жално е, прежално. Викторија е мртва и никогаш ништо нема да ја врати. Треба да си ќорав да не видиш пред тебе двајца луѓе! Ама...со 22 години, другар до тебе со кој муабетите безвезе теми, семафор кој трепка жолто, поголема брзина на фреквентно место и ете БЕЉА! Сериозно те прашувам, дали си возач? Ништо лично, не сакам да се расправам, ама сериозно те прашувам дали знаеш колку секунди те делат од тоа да ти се случи нешто вакво поради небрежност?
Ама ова не е баш небрежност. Ја мислам дека има евентуална умисла. Со самото тоа што претекнувал на пешачки премин тој бил свесен дека пошто е пешачки можно е да има пешаци, и свесно продолжил да претекнува. Чиста евентуална умисла. Иако многу е тенка границата од евентуална умисла до свесна небрежност.
каква умисла? како се викаше тој новиот закон што го донесоа ако направиш прекршок -нешто без обзир ли како беше... ич не ми текнува..
Нема дирекна умисла, као он седел дома и му текнало ај ќе идам и ќе згазам некој. Ама мислам дека има евентуална умисла, се редактирав погоре. Небрежност би било кога на пример на автопат ти излета пешак, ама на пешачки премин, свесен си дека може да има пешак и продолжуваш со иста брзина.
Да зависи од некои... најрадо би секој што ќе направи, било каков криминал, право да го каменувате. Шо ќе ти се полиции, судови, адвокати? Земаш лопатата и ти си и полицаец и судија и адвокат и џелат!
Ми се повраќа како успевате да направите жртва од оној што ја прегази Викторија и дечкото. На секој можело да му се деси. Со 50 ако возиш и почитуваш знаци и прописи, сигурно не може на секој да му се деси. Али пошто на секој може да му се деси, не се жалете ако утре некој на хауба ве качи. Засрамете се малку. Отворете денарска сметка бар, платете му ги адвокатските трошоци, кога веќе сте запнале.
Може да се случи. Знам човек што му истрча дете циганче од тие што просат и го прегази. Нема пострашно од ова за еден човек.
Апсолутно се сложувам. Исто како што некои луѓе мислат дека пружање помош значи буквално да реанимираш некого, така изгледа многу мислат дека умисла значи да искочиш од дома со план некого да сокапеш со кола, што не е точно. Направил повеќе прекршоци со свест дека се прекршоци и дека се потенцијална опасност за сите учесници во сообраќајот.
И јас сега кренав да пишам дека ми се повраќа од мислењава во темава. Не смееш да престигнуваш авто кое застанало на ПЕШАЧКИ. Не е било ниту паркирано, ниту имало 4 трепкачи, ЗАСТАНАЛО. Нормално дека е застанато со причина. Дечкото се брзал очигледно. И точка. Нема изговор, не е тој жртва, нема потреба да ви е жал за него.
Никој не го направи жртва него. Поентата на "секој може несреќа да му се случи" е сасим друга. Јас ќе удрев жена на пешачки и ќе немаше никакви шанси да докажам дека не бев крива. А не бев! Среќа возев споро. Жена си одеше по патот и како стигна до пешачкиот нагло се сврте и се симна на улица. Јас мисли не читам. Камери-нема. Уште лута госпожата зашто нагло кочам да не ја зберам јер и со 45 км/ч. Може да удриш. Секако, верувам дека таа е од оние што намерно се џиткаат, ама оди докажи на ваков народ дека ти се џитнала на некој начин. Ти можеш до утре сабајле да мешаш баби и жаби, ама чим седнеш зад волан-сешто може да се случи. И тоа беше ЕДИНСТВЕНАТА ПОЕНТА на Акрониа.
Ете самата кажа дека ќе си удрела, и единственото нешто што те спречило било тоа што си возела споро. Можеше во оваа ситуација да е исто, затоа веруваме тука цело време..
Да беше покомплицирана ситуацијава ќе дискутиравме дека се може да се случи (што е точно), ама човекот направил многу јасен прекршок, што не е нешто што се само случува.
Не нема никаква поента. Еве едно прашање за јас да ти доловам поента. Кога жолто трепка, која би била твојата најсоодветна реакција? А) Да забрзам што повеќе Б) Да ја намалам брзината на движење и внимателно да се движам, согласно условите на патот В) Ако има кола која чудно стои во место, да ја претекнам, за да се уверам дека нема пешаци и да прошибам со господ напред.
И не е само еден прекршок.. Тоа е тоа што го зборуваме цело време. Да, тотално може на секој да му се деси некоја несреќа. Ама кога свесно возиш брзо па и плус претицуваш кола на пешачки на жолто... Не знам како може ова да се гледа како ненамерна несреќа стварно.
Г) Требало да има сообраќаен полицаец на најфреквентната улица во град Скопје Д) И град Скопје има одговорност колку и Ѓоргиев