Па адвокатот е портпарол во некојс смисла за тоа го плаќаат. Он може било што да каже, тоа му е работа, сигурно нема да каже дека до 80 или 100 возел, ама затоа вештото лице ќе си каже колку возел
Што и да трескал не треба да се мешаат децата и да се посакува смрт, јас не сум запознаена ама за такви коментари може и да се одговара.
Не изјави никаде дека возел 30 туку кажа дека Јордан изјавил дека според него возел 45-50 но дека тоа треба да се провери, ако го најдам видеото со изјавата ќе го постирам.
Колку што е жално за младото девојче исто толку ми е жал за господинот кој денес е прегазен... Немам многу информации но според прочитаното можеби не бил на пешачки, но тоа не значи дека само тој е 100% виновен на сите ни се случило да претрчаме и да не процениме. Без разлика што изгубила дете во сообраќајна треба да одговара за стореното дело и да пак ќе кажам не возела побрзо од дозволеното туку пребрзо....
На партизанска девојчето што го згазија.. мислам Кристина се викаше ама не ме држи за збор. Татко и организираше протест. И беше мирен. На овој јас нема да отидам. Причина? Ако одам ќе одам со дете. Ама ако не е мирен протестот може да го изложам на ризик своето дете. Тоа е тоа. И уште нешто. Јас сум шофер. Ама јас сум и пешак. И мене ми пречи што се случува ова, ама никад, баш никад не ми текнало преку жардињери да скокам за да поминам улица.
Се сложувам, може да лаже колку сака, само кога ќе искочи извештајот на вештото лице и ќе биде ептен еклатантно дека лажел, тогаш која е поентата. Логиката е дека многу им одговара тоа што јавноста "трза" на случајот, секој виновник може да се претвори во жртва.
Да, и дека колата била пластична затоа толку била искршена. 30км карикирав, не се фаќај за бројката, затоа реков ќе искочи дека ја туркал.
Денеска БМВто скоро нечепнато беше, мене ми е и тоа чудно Цитроенот лом, БМВто ко ново. Тука членка вели женава денес возела 100ка.
за тоа, да. види, адвокатот не може да лаже. вештачењето не може да го побие. може да се бори онолку колку што му дозволуваат законите. ако е добро поткован со знаење и искуство (а реално овој-е), ќе гледа добро да настапи. а да лаже што ќе лаже? не возеше, не смени лента? возеше авион? нема простор за лага коа има камера, сведоци, вештаци. мада нешто задњо што разбрав сведоците не се слушале...
На близок мој што удри човек на кој ништо не му беше, шофершајбната му беше искршена.. Зависи брзината, ударот и падот на човекот... Видеа сум гледала каде ќе ги удри кола, ќе ги фрли дури и ќе станат на нозе А да, зависи и колата..
А и да лаже, што? Секако најчесто одлуката се заснова врз материјални докази, вештачење за брзина, траги на кочење, анализи од крв. Изјавите на сведоци исто ќе играат улога. И сега место јавноста тоа да гледа, да се напраи фер и објективно вештачење, да се обезбедат сведоци, они се фатиле за адвокатот што рекол. Адвокатот може да каже што сака, на крај одлуката ја носи судот. И по закон адвокатот не е обврзан да ја зборува вистината. Дури и обвинетиот да му призне на адвокатот дека возел 100, а не 35, адвокатот не смее тоа да го каже на суд или било каде, без дозвола од обвинетиот. И за тоа нема никаква одговорност адвокатот.
Мене ме собра ауди а7. мојата тогашна кола цела страна лом! од амортизери, врати, абре све. Него фарот пукнат. Толку
Пред да подигне обвинение обвинителот ќе ги има кај себе сите податоци, и од тоа ќе зависи и правната квалификација на делото.
https://lm.facebook.com/l.php?u=https://news24ha.com/archives/8110&h=AT2N2wlo-IFEWGC7noOXgRfVu-tV-F8vRgQZ1JA8cj1FPism1zNgTmJ-k66CVgmputfEZVwZbqcEI7y3tUlxlc4JfCHIMq6GFAeLT2XSV9uz7bo-vfI_RyHwJQILj3nnSg Незнам дали е постирано тука, но еве раширете го ова. Дечкото кој беше удрен со Викторија повикува на мирен собир.