https://m.mkd.mk/makedonija/sudstvo/koj-i-shto-krie-za-smrtta-na-hrvatskiot-rakometar-denis-tot Овој е тој што се бара Битно има икони позади Господ ќе ги казни бе
*** Ај некој лекар на форумов нека каже Дали на снимки или уатевр се разликува оштетување на мозок настанато од потрес/удар и она настанато од недостаток на кислород или па при мозочен удар? Оти јас мислам да. Или слободно можеш да отепаш некој со удар во глава и да речеш, аа не знам, нешто рандом му се слоши и падна, изгледа некој удар доби. Додуша не знам, затоа прашувам. Ама ако е удрен во глава, нема шанси да нема ебана џумка на глава. Побогу се акнав од гранка и имав јасна џумка, а немав ниту потрес ниту нешто сериозно, само малку болеше, не па некој да ме истепа до смрт. Ае многу зборам...
И јас се прашувам. МВР кого не штителе и кој не им избегал. Ама лудост е да испадне дека и цел лекарски тим е некако замолчен.
Можно е и падот да го предизвикал недостатокот на кислород во мозокот ако паднал наназад…ама не знам. Нека каже постручен некој. Се крие нешто друго тука. И зашто ако не се криви уапсените не останале покрај него туку се дале во бегство? На Ангелко му дале два дена слобода да испари?
Не знам ама зборот ми е нема шанси ако паднеш на глава или те удри некој апла јако да нема на главата надворешно оток, џумка што велам.
Пред два дена пишано е ова а денес: Воспоставена е срцева акција Пазам на ситници.Баш кога читав сеа ми текна дека првичната изјава беше друга. https://a1on.mk/macedonia/rakometarot-denis-tot-pred-da-pochine-bil-napadnat-od-dve-lica/ Еве ја од пред 2 дена изјавата Абе ни сами не знаат што зборат.Ј’зк второ: паднал на земја, сигурно има модрица некоја позади, бил шутирам во ГЛАВА.Бил ШУТИРАН.Важи дека немало бар модрица.Ја бубулици кога копам сум модра целата после, не па да ме рогне некој Кого лажат овие бе. Уште осудувале шпекулации.На овие треба да им се забрани да работат веќе бе дебили класични кучиња се, како им свирнат од МВР така прават.
Јас сметам дека пресудно било тоа што паднал, веќе било прекасно за било што, не сум некој експерт далеку од тоа, ама вака како што пишуваат... Тажно, млад дечко.. На човек да му е страв да излезе веќе по овие дискотеки и со кој се дружи, никогаш не се знае кој што ти мисли...
Можно е да паднал назад на главата, да изгуби свест и да остане мозокот без кислород, бидејќи пола час го реанимирале. Штетата зависи и од тоа, за колку време е реанимиран. Може главата му била набиена, да нема никакви видливи знаци на насилство. Може и фаталниот удар е од падот. Обдукцијата најдобро ја објаснува причината. Ако сакале да се заташка и Извештајот на Судска ќе беше таков за јавноста. Вакви убиства нема само во Македонија. Јас знам дека сме дно, катастрофа, ама не се случува ова само кај нас.
Мене не ми е јасно што е тоа што може некој да ти го дофрли и така душмански да го тепаш до смрт. Замислете да ги убивавме сите што нешто ни пререкле во животот. Па уште млада девојка замислете потрошила 2 саати на спремање, отишла да си помине убаво и завршува со мавање клоци во нечија глава. Што им е на луѓето бре, како животни некои со уличарско понашање. Е ова е за протест директно пред ургентен, а не тие да протестираат за повисоки плати. Одвратно.
Човеков е ракометар, тие ракометарите ако некој не знае постојано се удираат кога играат, цели се со модринки, имав школски што тренираше ракомет и затоа знам, буквално со модрици се сегде.. Можеби затоа, и да виделе модринка, мислеле дека е од тоа..
Дупка е Привилејџ, таму одат селјаци што немаат пари, пијат за евтини пари и после прават глупости, сигурно и овие биле под дејство на алкохол.. Последен пат сум била во Привилејџ кога беше на кеј, негде кај Градски парк, сега не знам каде е, ама тоа е класична дупка, кога си одевме во близина таму сегде луѓе повраќаа, исполегнале по тревата, мизерно за гледање..
Еднаш сум била искрено на забава кај другарка. Не идев ради музиката ама тогаш кога бев беше прилично ок. Сигурно биле пијани, да нокаутираш ракометар со бокс треба малку посилен да си или да не бил во можност да се одбрани.
Вака и на Саздо пробуваат да го заташкаат. Се закачнале, паднал и удрил глава, никако не било обид за убиство. Може ветрот го дувнал, не го турнале они. Да, почина од ударот во главата ама битно е што претходело на тоа.
Да. Саздо се води-насилство со смртни последици. Не е ниту убиство од небрежност ниту убиство со умисла. И погоре некој што праша за дали може да се види снемување кислород или оток на мозок од удар-да, се гледа. различно е.