Ти не разбираш за што јас зборувам. Нормално дека сите сме виновни. Кај реков дека не е така. Ти пиша дека не знаеме за многу сообраќајки оти не не известуваат,а јас ти пишав зошто е така.Всушност ти го изврти муабетот во твоја корист,да испаднеш паметна.
Абе на колешка ѝ се слоши додека чекаше автобус за на работа,колега што стоел до неа не ѝ помогнал,ни да ја праша што ѝ е,а не пак некој од страна. Бедни луѓе сме бе,само за наш газ си гледаме
А што не е јасно? Во првиот коментар што си го цитирала не мислев само на кумановката туку за сите други како неа,а ги има многу.
Ако Кумановката, или сите други слични или исти како неа, не се казнети, како тоа има врска со Јордан? Не разбирам дали сакаш или не сакаш селективна правда. Треба да бидеме лути што Јордан го казниле или што Кумановката не ја казниле? Затоа што од твојот коментар, а и сите претходни (да не ти ги цитирам, бидејќи ти, нена и уште две ја спомнувате буквално во секој втор муабет, мислиш на сите, ама само неа ја спомнуваш), тебе ко да ти пречи што Јордан го казниле. Појдовната точка не ти е никогаш "леле абе зашто оваа не ја затворија", туку " леле абе детево го осудија". Тоа се вика замена на тези.
Ако ние го бранеме Јордан,што не е така, тогаш и ти ја бранеш кумановката. Некој си ја има мувата на капата. Мене не ми менува ништо дали него ќе го затворат на 3 или 30 години. Јас не реков дека не е виновен. Ако прочита така еве кажи
Уште една замена на тези. Јас ја спомнувам само затоа што таа жена се спомнува барабар со Јордан, кај се спомне тој, се уфрлаш ти и твоето друштво да не потсетите на неа, иако упорно се зборува дека двата случаи не се исти и затоа нивната разврска не може да биде иста, но упорни сте. Целта на нејзиното спомнување е која точно? Знаеш ли до каде е воопшто случајот, со сигурност знаеш дека поминала или ќе помине неказнето? Ако не ти менува дали ќе го затворат 3 или 30 години, зашто воопшто коментираш во темава, за каква правда зборуваш и зошто воопшто пиша дека го осудиле на 3 години?
Јас имам спротивно,позитивно искуство.Непознат човек ми помогна,кога ми се слоши, а бремена бев.Ме внесе во поштата, им рече на вработените да викнат Брза помош, дојдоа и ме прегедаа...Господ здравје и среќа да му даде, има благослов од мене. Има добри луѓе,иако многу ретки се денес.
Сто пати пишав, дека за разлика од многумина што се расфрлаат со информации од "прва рака", јас тоа што го пишав го прочитав во весник. Мене ме интересираат казните и правдата, затоа и пишувам тука и се трудам да следам. Тебе ете не те интересира, но се наоѓаш у муабет сепак. Уште едно неодговорено прашање остана.
https://www.slobodenpecat.mk/bekteshi-diskotekata-privilidzh-nema-licenca-za-rabota/ Има ли некој воопшто лиценца за работа во државата? Во главен град, ноќен клуб работи без лиценца. А баш ќе коментарив, кога веќе е толку проблематичен локалот, може полиција пред или околу него да има.
Имаат, тие шо не работат.А вака објекти, тешко мислам.На Првилиџ, бар еден од прошлите газди е врзан во ВМРОто, а и си има ланец на ресторани по Скопје, па може нема дозвола.Ко шо знам нов газда е сеа на Привилиџ.Знам дека УЈП и полиција знаат да влезат.Полиција највеќе ради малолетници, УЈП ради фискалните За УЈП и полиција знам од сигурен извор дека е ради тоа.Ама пазарна инспекција некад да поминеше.Или треба да се деси скандал за да почат со ревизија на документите?
Не ти менува, извини. Не ти менува висина на казна, но не сакаш селективна правда. Три прашања поставив, ме мрзи пак да цитирам затоа што нема веќе поента, тој што сака да се прави наудрен ќе продолжи да го прави тоа.
И лиценците се за пари како се останато. На улица со монструми се разминуваме. Колку само луѓе починаа на пешачки. Страв ми е каде ке го растам син ми.
Налетав на еден коментар каде вели дека би избегала од местото. Добро, што очекувате понатаму? Или изгледа луѓето поинаку ќе си изреагираат ако Тот беше нивен син/внук/брат???? Секако дека да! Тоа се тие двојни стандарди.