Не може на секој да му се случи да шутира човек без свест. Да беа нормални ко падна ќе му пружеа помош, не да го доубијат со ударите. Треба да се суди како убиство.
Да расчистиме нешто. Привилиџ не е wow страшно да влезеш сигурно ќе те убијат. Има многу пострашни места каде да ми платат не би влегла, пример терминал. Друго, во Привилиџ не се шмрка повеќе одколку во Станица и Епицентар да речеме. Единствената разлика е клиентелата. Во Привичиџ пуштаат српска музика, а генерално “сељаците” слушаат баш таква. Тие се тие сељаци што си бараат проблем, со фејк версаче маици, виски и сепаре, придружени со женски со низок морал што мешаат качени на маса. Пред 4-5-6 години, ова не беше случај. Да, пуштаа српска ама доста помодерна, не пуштаа секој на врата, и местото стварно беше ко што треба. Што се деси и зошто го расипаа толку не знам, ама немам отидено одкога е вака. Муабетот ми е, 90% од младите биле во Привилиџ некогаш, сите нас ако не убиеа ние ќе бевме криви, зашо што бараме у таква дискотека?
Мене ништо не ми е јасно а цел ден читам и гледам тв, зошто никој не пријавил, го оставија дечкото мртов да лежи, по еден час вработен пријавил…. Господи боже што е ова
Како бе во право е? Кои се сите тие што се мавале со боксови? Дефинитивно не сме сите. Вакви работи се случуваат каде што има култура на насилство, како на пример кај нас на Балканот или гето во Америка. Зашто е нормално да се степаш со некој што ти смета и да му покажеш кај му е местото. И доста веќе младите вака, младите така, ова е останато од "старите" што оправдуваат дека мажот треба да покаже дека е вистински маж. Само не секоја тепачка завршува со смрт, па сега сите ќе глумат нешто као зачудени и шокирани во земја каде што ќотекот е излезен од од рајот. Која иронија.
Обиџуко после 5 дена од настанов со Тот излага дури денес со изјава дека недоразбирање било во прашање меѓу дечкото и девојката Јас очекував ќе каже кај се крие тој ,,фраерот,, и што се чека со меѓународната потерница и зошто не е почната и до кај е истрагава на клинички центар? Ама изгледа многу очекувам. Се ми личи дека пак ќе гледаат да си ги спасат газоите и нема да има асална истрага.
Кажа “овој случај е расчистен.” Се е јасно, го кријат они самите. Е тек сега ќе биде весело кога Хрватска ќе заигра оро. Македонија во Еу - прц. Сами си прават,глумат искусни министри со средно образование. Фуј.
Страшно, ни нема оправање. Тоа ЕУ само кога треба гласови да се збираат им е алатка, во пракса мукла. Или си викаат ај бе и онака нема да не примат наредни 8385 години ќе заташкаме сепак, ко мислиш на пазар се. Дебил до дебил сите...
Мизерен ми е не можам да го гледам. Нормален министер оставка ќе си дадеше. Место да седнат да ја расчистат државата од бедотии они викаат “Случајот е расчистен.” Село гори баба се чешла.
Не се филмајте,никој не пробал да ги скрие сторителите,туку институциите ни се живи неспособни и некоординирани.
Па си купи време Ангелко два дена да испари од државата. Два дена спиеја на тоа уво дека починал од срцев удар.
Братот на Тот не дозволил да се направи обдукција и изјавува дека брат му починал од срцев удар. Зошто ??? Можеби има нешто...
Тоа знам дека му беше првична изјава уште пред да излезе снимката, кога и докторите така лажеа, па најверојатно сакал да им верува на докторите. Сега не знам дали има нова изјава...
Зато шо се живи неспособни и МВР и од Карил таму,се напнаа сите на директорката а таа уствари известува по извештај од лекарите кои го примиле,овие шо го примиле исто живи неспособни или ако нема крв нема насилство,го виделе вака и си рекле ааа не е тепан,тој со внатрешно крварење,беда и јад.
Сигурно веќе го видел и тој видеото шо посакувам јас никогаш да не го видев,изјавата му е првична валда.
Не сум сигурна, но ако е насилна смрт во прашање, мислам дека никој не го прашува семејството дали сака, туку мора да се направи обдукција по службена должност, како дел од истражна постапка или тоа што следува по неа, не ги знам стручните термини и процедурите, но прилично сум сигурна дека не е баш прашање на избор. Но, сѐ е можно.
Не разбирам како уште не го нашле оној Ангелко, како може да испари оние двајцана не знаат ли нешто нека ги притиснат. Ако излегол легално од државата можат да проверат, потерница камо да направат по него... ебати неспособната власт и полиција. Луѓе гинат во Дурмо заташкаа, луѓе горат во болница заташкаа, луѓе горат во патнички автобус заташкаа...секој втор ден некој убиен во тепачка во сообраќајка казна како на улица да плукнал... отиде у к**ац државава дефинитивно...
А како си ти сигурна? Како направи како на пазар да го однеле а не во болница, ептен претеруваш. Инаку направена е веќе обдукција...
Тоа е исто многу нејасно. Што всушност правеле лекарите во целата таа збрка? Кој го донел во болница? Дали имало некој со него? Бил ли во свесна состојба, некој збор си кажале ли? Полиција дошла ли на лице место, тие нели зборнале со докторите? Се прави ваљда некој скрининг, нешто ко анамнеза. Па уште и кажаа дека го реанимирале. Нели правеле снимка нешто, било што, како така човек полумртов им го донеле. Мора Карил да одговара за тоа каква била динамиката на тој тажен обид за спасување на сиротиов дечко.