Напишаново нема врска со Санте Плус, него општо за извесни случки. На училиште имав еден професор стално 'цвркнат' т.е поднапиен. Сите го знаеа и никому ништо, дека не направил беља. А, нас што ни смрдеше на алкохол и што не ни даде убаво образование, никому ништо. И малку забеган беше, дека постојано алкохолизиран. Имавме и еден женкар. Во една болница, нема кој не бил таму, да не знае, лекарот беше постојано поднапијан. И сите одеа кај него дека немаа избор, ама никако да стават друг на негово место или да реагираат некого. Сеуште се на работа овие. И луѓето знаат и персоналот и цел град знае, ама никој не реагира. И утре кога ќе се случи нешто кој е крив !
Инаку според твојот ум сите здравствени лица во фамилија и биле и како можно она да не може природно да зачне?К Како одма не и го решиле проблемот сите нејзини здравствени лиаца а? Нејзиниот случај е судбина. Нема понатамошен муабет.
Многу лоша работа, кога отиде на прв преглед после операција, не ни сакаше да ја прегледа, немал време па стажант и ја гледаше раната. Доктор на ниво.
Да, од 200 до 500 евра бараат нашите доктори на гинекологија за таква операција. Секој доктор си имаше тарифа. Мајка ми пошто немаше да даде ни денар, ја третираа како беспомошно животно. Жално.
Знам за што пишуваш.Трагично жалосно е.Иако има и многу поштени д-ри знам и за такви. Види се е до карактер на човек. Его-трип манија во бел мантил е многу честа појава. п.с.Има голема веројатност стажантот да шиел а Игор да присуствувал само и затоа уште поголема е веројатноста зашто не сакал д-ров ни да ја види мајка ти.Муабетов стажанту ти правеше ти справувај се и учи.На државна колку стажанти се огрешиле и однеле души на луѓе ехеее,само таму во операционите сали остануваат тајните што цел кадар ги знае.
http://netpress.com.mk/slucaj-sante...a-na-karil-edniot-treba-da-vrati-50-000-evra/ Кога ќе почнат со суспензии и одземање лиценци, тогаш ќе нѐ биде како држава
сите обвиненија гледам сепак се насочени кон карил....... санте ќе си го извадат газот пак само тешко на жената што си почина и парите што и ги зедоа и ја пратија на карил на крај не НИКОГАШ нема да не биде држава
Се пишуваше едниот од анестезиолозите дека треба да ја врати сумата на специјализацијата 50 000евра како казна дека специјализирал бесплатно под услов 10год.по спец. да работи во КАРИЛ. Ама вистината е дека е албанец и директорот на Карил е албанец и си се штитат. Директорот рекол дека тој не потпишал договор дека овој треба 10год.да работи на карил.Се покриваат.
јасно ми е не можам да разберам како може да бидеме ваков народ?без осет,без чуства,без грижа на совест.. душа ме боли за девојчето барем малечкото се спаси да порасне во силно јуначе,гордост на мама
уз пат и ова за овде... каде бе со 2.5 промили алкохол во крв!? со толку не можеш да стоиш не па да возиш! директор бил, ништо не е!! идиот е ! http://denesen.mk/web/infomaks-drag...ili-alhohol-pregazil-devojche-vo-kisela-voda/