не ми е јасно... нели едно време имаа рутина два дена критично па демек починало. .Ама Ова пред 20 год кога не смееше мртво да се покаже на мајката. Сега смее да се покаже. Како би оправдале ако е пак тоа !?! Ко во сендвичара да работат а не со бебиња. Мува не ги лази.
Може татково да не направел хаос ќе го прателе некаде детево... страшно. Среќа моево наследен белег има па не може да ми го сменат. Ја видов одма кога ја извадија.
Каде живееме луѓе? Во Африка? Државата ни е хаос, катастрофа. Колабира едноставно. Ништо не функционира со години. Ништо. Партиски и ситни души си се богатеат, другите мизеруваат. На кому деца им крадат, кој собира пари за лекување, кој едвај преживува. Јас гледам само слика на тажни луѓе кои едвај чекаат да се иселат.
Ова веќе ги помина сите граници. Што е ова родилка умира, бебе замениле, бебе изгубиле. Срамота е ова веќе што се случува, не само што е срамно туку е и страшно. Да се плашеш утре да се пораѓаш, дали жива ќе искочиш од таму или бебето ќе искочи живо или пак по "грешка" го загубиле или "смениле". Се надевам на никој вакво нешто да му се случи.
На краj по дома ке почнат да се порагаат жени. Ова здравствово, директори не знаат коj им оперира у сала, луге им умираат ко на шала, бебинja бе губат демек...што памет, што школо, што специjaлизации имаат? Богдачува. Изгледа, сето kjoро и сакато завршило медицина. Да ги срушиш сосе темел, ништо не губиш. Повеке ке се спасат сами. И иди после, натераj луге да веруваат на доктор, место во бабини лекови и лековити водички. И плати до плафон да им дадеш, со ваков кадар, ваква организациja.....джабе.
Бебето мртво не смеело да се покаже на мајката? Каде тоа, кога, како, вистина е? Како ги закопуваат тогаш, што им прават на бебињата?
После вакви случки да и е страв на жена да треба да раѓа царски... Како можат бе да си дозволат да згрешат? Јас мислев тоа само на филм се дешава Овци да ставиш попаметни ќе се од сестриштава напикани по болниците, со нокти ко канџи и кило шминка, кои се продаваат за 500 ден или едно парфемче Хипократова заклетва, my ass
Пред 30тина год. 80 и некоја. Кога црниот пазар го зазел последниот поголем замав во нашава држава. Ако грешам нека ме исправи некој. Имаше многу приказни за тој период. Се надевам дека ова е само неспособност кај вработените а не такво нешто. едит- за копање наводно у групна бебешка гробница. Кога сме кај мртви плодови нели пред некое време беше најдено на гробишта фетус во тегла??? што ли бидна , како стигнал таму се дозна нешто?
Сега сфаќам дека не сум јас хипохондер туку ми е страв од здравството ни и докторите. Човек не може да им верува. Работава отиде дотаму што мораш да се снаоѓаш и да плаќаш приватно ако сакаш да добиеш некаква услуга. Срамота. Африка не ни е рамна.
Оо господе што слушам на најава, абе ова ни на филм го нема, им го изгубиле бебето, срам ме фаќат што слушам
Можеби некои не земаат да го закопаат го остават.Имам слушнато дека така бебиња мртви ги ставаат во тегли и студентите учат на нив.Сепак треба да се земе бебето како што е ред да се закопа тоа имало душа треба и име да му се даде
отворете ја групата на фб Барање на биолошки родители,браќа,сестри.Не сте свесни колку мн деца се украдени.И тоа има деца кои се родени во иста година со ќерка ми.Значи и не така мн одамна.
Што се случило за бебето има ли нови информации? Сега наидов на овој линк, во кој пишува „Сезона на грип е, и според последните податоци бројот на заболени расте. За да ги заштитите и бебињата и родилките од тоа некој од надвор да внесе вирус или бактерија ќе забраниме посета“. Мене ми изгледа дека сакаат да прикријат нешто. https://sdk.mk/index.php/makedonija...ni-veli-direktorkata-na-skopska-ginekologija/