Кога сме кај наводната дијагноза,мнолгу луѓе имаат потешки заболувања како шизофренија,биполарно па не извршиле убиство . Социјалното превзема нешто само кога е во прашање мајка со тешка ментална болест ( проверува дали има деловна способност,ако нема го одзема детето ).
@нина122 Девојче ти се дрогираш??????????????? Значи ништо не може да оправда убиство на човек НИШТО.
Леле никој не кажа да се ослободи типката, да и' се прости, да не се казни, аман. У темине за воспитување деца сите скокаат како ако на детето од старт не му се укажува упорно каде греши и не се учи да разликува добро од лошо, тоа дете ќе биде невоспитано без манири и морал. А тука "големи јајца што нејзините ја отфрлиле, што кога била дете била у установа, ко дете се дрогирала, ко дете идела со мажи за пари, што ко дете затруднела и родила дете, итн". Кој курац ја родиле нејзините ако после ја отфрлиле? Првенствено е нивна одговорност барем до 18 како знаат и умеат, сакале или нејќеле, да прават сè што можат за да не прави бељи. Макар и да не успеваат, мора да се трудат! Второ, кај е полицијата што ништо не превзема што дете користи дроги?? А они да мрднат гз да се потрудат да фатат и дилери и корисници, и секој што крши закон! Што не ја уапсиле уште тогаш за користење нелегални дроги, барем ќе ја тргнеа од улица да не може на друг да наштети! Ама никој курац не го боли, па пореметениве што шетаат меѓу нас, а се знае дека се опасни, кога ќе убијат некој како ракометаров, после куку леле како можеше! Истото и за проституцијата, каде се надлежните?! Сите тројца прекршувале закони подолго време, можеле уште од порано да ги тргнат од улица, ама кој да се замара очигледно.
Убиец казна од дома да извршува? Ова сериозно? Е па ако е така сите може да убиеме некој, после дома ќе сме казнети. За овие треба доживотна казна затвор.
Не ја подржувам @нина122 во конкретниов муабет, но не кажа ништо што е спротивно на закон и правно неизводливо. Само не ми е јасно зошто се мешаат браќа, роднини и Др и меѓу себе човек ќе помисле дека вие сте адвокатите на осомничените/жртвата па до толку во расправа да влезете, ова го нема ни во суд.
Се слагам со се што напиша. Криви се родителите, криви се институциите. Сите потфрлиле. Ама, големо АМА сега веќе е касно. Изгубен е човечки живот, таа што не била згрижена на време го шутира додека он лежи на земја без свест. Тоа што некој згрешил некогаш и оваа не била згрижена на време, не значи дека треба да и се даде дете и утре не дај боже тоа дете да има иста судбина како нејзината
@Feminka22 глеам и ти го хејташ Терминал, де кажи зошто, сакам да носам странец во дискотека па ме интересира зошто да се избегнува Терминал
Каква емпатија, каква институција, каква милост кон убиец... За секој би имала разбирање, но за силувачи, манијаци, убијци-НИКОГАШ! И премалку им е затвор на таквите. Тие само на Голи Оток или на Сибир да се носат, да не добијат ни ронка јадење, ни капка вода за пиење и да работат многу тешка физичка работа додека не цркнат. Е, тогаш да видиме дали злоботите ќе бидат свесни дали би можела "обична" тепачка да доведе до убиство.
Точно така, не треба, нек си скапе у затвор. Сега само да не потфрлат со нејзиното дете ако е уште во дом, зошто знаеме како им е на дечињата таму.
Негде прочитав дека од скоро детето било кај бабата, кај свекрвата де. Да се надеваме дека тие се саглам луѓе и ќе го исчуваат како што треба
Ај вие квази феминистки што ја оправдувате девојкава, одете овие оправдувања кажете им ги на фамилијата на Денис да ве видам. Со кој памет барате олеснителна казна за ладнокрвен убиец и психопат? Ваквите треба доживотно да се затворат, опасни се за се и сешто. Кога може да оди по дискотеки, да се дрогира и ладнокрвно да врши убиства, може и мора максимална казна да одлежи.
Алал вера на сите кои ја "бранат" девојкава феминистички настроени, само дека била жена. Мислам, ко да не постои долга листа во светот со сериски жени убијци, па и кај нас по затворите има бајаги женски деликвенти, ама не, на форум Фемина, мора да ја браниме, оти се работи за жена Не, не е помалку или повеќе виновна од другите двајца гнасотии од луѓе, тројцата знаеле што прават, и нема оправдување. И оставете го детето да почива во мир, не го земајте многу во уста, во смисла што барал со нив, вака, така, сите сме се дружеле со секакви, ама не сме станале како нив. На снимката се гледа дека Денис не е насилен, ама овие тројца лудаци СЕ, дали и дофрлил нешто на јакава женска, дали се работи за сосем трето, никој не знае, ама дека треба да си одлежат јака казна, ТРЕБА.
Ако е социопат тешко дека ќе поможи било каква психијатриска рехабилитација. Не постои лек за социопатско нарушување.
А психијатрите па магично стапче имаат и уште утре ќе можи да си го гледа детето, онака најнормално... Никој нема да и' поможи, сама ако не сакала. И кога ќе се случи нешто вакво секогаш се' се дознава за фамилија, се измислува, се наддава, оговара, а нема потреба. Да го насочиме напорот кон институциите за помалку вакви случаи. Јес дека не треба само стручњаци да пишуваат на форум, ама некогаш се оди во крајности од безвезе муабети.
Сега е касно за институции. Она е полнолетна и одговорна за своите постапки. Ако треба да се разбудат службите и да се фатат за работа треба да почнат од најранливите и оние кои имаат шанса, а не да се трошат ресурси за убијци.
Можела да одбере да не учествува во тепачката. Ама, учествувала.И таа е убиец. И да има психички проблеми тоа не ја оправдува. Колку луѓе има со психички проблеми, ама не стануваат сите убијци.
Според мене е ПОВЕЌЕ виновна, од тоа што видовме. Исто има голем дел што не сме виделе, а горе имаше некој постирано каде што е опишана цела вечер. Со доза на резерва, колку е точно не знам. Едниот му го масирал срцето, другиот му давал вештачко дишење, а дотичната пак доаѓала да го шутира. Епа и те како заслужува поголема казна од двајцата.
Само за детето ми е жал. Со голо око не треба да го види, не па да го чува. Девојкава е чист пример кој не заслужува да има дете. Што ако еден ден му наштети и него, или направи ист таков психопат како неа? Ништо паметно нема да научи од таков родител, само поголема штета ќе направи. Се надевам дека ќе го згрижи некој и ќе го чува како што треба, подалеку од монструми како мајка му.