Црна хроника

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Ицолгудбејбе, 31 март 2017.

  1. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ако девојката имала психички проблеми како што читам тука и сите потфрлиле и дошло до ова до коешто дошло треба да се лечи. Треба и затвор да лежи и никогаш повеќе да не и се даде да го види детето сама.
    Јас сум за да не и се даде никако да го гледа. Наркоманскиот живот е и те како тежок, утре не дај Боже ќе го продава детето за она да стигне до дрога.
    Лечење и затвор. И да скапе таму.
     
    На cresa-jagoda и Осе им се допаѓа ова.
  2. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.742
    Пол:
    Женски
    Не мора да значи дека нека нема да се опорави, до сега институциите не превзеле ништо барем сега да превземат нешто да се следи целата ситуација за почеток да биде сместена во затворскиот одел на Демирхисарската болница, во исто време и да се лекува и да одлежува казна, доколку се утврди дека има напредок во состојбата и се донесе заклучок дека може да се врати во нормален живот и да си го чува детето но и тогаш да биде под строга контрола.
    Затворите не се КД туку КПД.
    Само јас мислам дека може и да излезе а да не биде опраена со вакви институции.
     
    На нина122 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Alexandrite

    Alexandrite Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    1.871
    Допаѓања:
    6.239
    Јас вината ја гледам во државата и институциите, а во овој случај и родителите. Секако и ,,набљудувачите" или сеирџии што седат од страна. Во најмала рака, при тепачка, особено ако човек лежи на земја, неконтактибилен, веднаш се повикува полиција и брза помош. Се чекало да дојде вработена од дискотеката за да ги повика соодветните служби.
    Да почнеме со тоа што таа дискотека немала лиценца за работа, како и повеќето трагедии што се случија изминатиот период токму поради тој институционален крах, мито и корупција. Следно, девојката покажувала тенденции за несоодветно однесување од многу одамна. Што било направено за нејзино подобрување? Каде биле социјалните служби, во периодот додека била малолетник да превземат нешто? Што правеле родителите освен што, претпоставувам, кренале раце? Според снимката, првиот удар бил најкритичен. Јас верувам дека девојката не ни била свесна дека ударите, првичниот и нејзините, може да доведат кон нечива смрт. На 19 години, особено под дејство на алкохол и/или супстанци, степенот за разумно расудување се сведени на минимум. Не би навлегувала во психијатријата на нејзиното однесување, со оглед дека не е мој домен на експертиза, но очигледно е дека таквата агресија има длабок корен. Исто би сакала да прашам, зошто осомничениот што беше во бегство, познат на полицијата поради претходни нелегални активности, е пуштен на слобода?
    Нека му е лесна земјата на младиот дечко, се надевам дека учесниците и одговорните за оваа трагедија, ќе добијат максимални казни. Истовремено да се извлече една немила поука, да не седиме од страна и да си ја гледаме својата работа, туку да повикаме навремено соодветни служби.
    Целата кулминација, можела да има друга перипетија, доколку не биле вклучени алкохол и/или други супстанци и доколку институциите би ја вршеле својата функција.
     
    На violetblue, Stressed Out и Осе им се допаѓа ова.
  4. Noranora

    Noranora Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    2.376
    Допаѓања:
    4.058
    Пол:
    Женски
    Ајде да не се лажеме ова е македонија ќе скапе у затвор колку што и е казната и чича мича готова прича. И ние ќе заборавиме за некој месец. И она ќе искочи. И нека искочи. Само подалеку од тоа златно дете.
     
    На RainbowButterfly, prashinka, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    55.212
    Пол:
    Женски
    Неубаво се изразив, да, и тоа како заслужува голема казна, сите ја видовме како засилена и бесна го шутираше упорно, човек кој лежи беспомошно на под....
    Ама муабетот ми беше да не се оправдува дека таа била жена, па и се вадела секаква историја овде и слично, а на мажите не им се вадела, мислам, тоа е многу важен факт, јер нели, на женски форум сме биле, и како така смееме за некоја психопатка, дрогирашка, лесна женска, да зборуваме дека била се тоа што е наброено, затоа реков виновни се сите тројца, што и стварно е така, сите тројца се иста класа на ѓубриња, и сите тројца се убијци.
     
    На cresa-jagoda, Snowflake97 и BezglasnaBukva им се допаѓа ова.
  6. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Затоа што се трудиш !
    Зошто не бараш изговор во родителите и системот туку во сама себе , зошто не грабна да се дрогираш на првиот проблем.


    Затоа што сама не сакала да си помогне. Ако не седнеме сами да си помогнеме џабе ни се сите психијатри на светов и родители, институции и се !
     
    На Snowflake97, BezglasnaBukva, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.243
    Пол:
    Женски
    Зашто го убиле детето умоболниве?
     
    На cresa-jagoda, buba4e89 и Feminka22 им се допаѓа ова.
  8. fana

    fana Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 август 2012
    Пораки:
    16.990
    Допаѓања:
    117.234
    Пол:
    Женски
    Пошто се умноболни
     
    На Waverly Raven, RainbowButterfly, prashinka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    2.565
    Пол:
    Женски
    Веројатно се скарале за таксито. Немало место за уште еден да седне од бандава па Тот го избркале од таксито. И така настанала тепачката. Не можев да поверувам за која глупост има жртва.
     
  10. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.585
    Пол:
    Женски
    Јас и таксистот би го судела за учество во бегство од настанот
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.678
    Допаѓања:
    25.243
    Пол:
    Женски
    Луѓето се дефинитивно болни. За ова да утепаш човек треба да си психопат.
     
    На RainbowButterfly, cresa-jagoda, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Dashing:)

    Dashing:) Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2017
    Пораки:
    1.829
    Допаѓања:
    2.565
    Пол:
    Женски
    И се да си и пијан да си после журка, ќе разберам се. Сите сме се враќале со такси дома.
    Не можам да разберам што имаа против детето? И кога немало место за сите во едно такси сме викале уште едно. Ама никогаш не сум видела нешто вакво.
     
    На cresa-jagoda и Feminka22 им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    AFEA7367-B60F-42FB-8DEF-3B613B6F5088.jpeg
     
    На kukla21, FridaodaMk, Waverly Raven и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.385
    Пол:
    Женски
    1.Музиката е крш, пресељачка
    2.Ентериерот ако е таков како кога беше Миднајт, не се дише внатре
    3.На таа сељачка музика, иам видено на стори, имаше еднаш плесачици.На жена од султана се опнала у танга и мрежасти и игра на дедовци
    4.Клиентелата е ужас, од по селата по крај на Скопје доаѓаат мочковци неизживеани, разведени старци да плакнат очи на плесачиците.Сељаци, старци, лихвари, шљам тежок
     
    На Billy Idol, Directioner005, bertold и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.307
    Пол:
    Женски
    Со погрешни личности и за бомбона ќе се испокараш.
    Од погрешен поглед може и у кома да се најдеш.
    Случајов е жален, но воопшто не ме чуди.
     
    На Youknow, Billy Idol, Stressed Out и 7 други им се допаѓа ова.
  16. VDT2906

    VDT2906 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 август 2017
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    19.699
    Пол:
    Женски
    За толку мала држава многу вакви примери има како девојкава, други држави со број на население како нас стапка на криминал имаат речиси нула. Овде место нема веќе по затвориве, тука го гледам народот пред се крив што на власт носиме дебили ко Зајко, Мицко, Грујо... што ни ја сотреа државава они се збогатија обичниов народ го осиромашија. Како викаат " Сиромав човек жив ѓавол". Луѓево останаа без работа фирми се затворија, депресија, алкохол, насилство стана секојдневие во многу македонски семејства. Деца растени во насилство тоа им станува нормално кога ќе пораснат. Тука се и образовните институции ако родителите потфрлат, од мало дете се гледа однесувањето какво му е тие деца од мали се насилни и малтретираат други деца. Социопат не се раѓаш социопат стануваш, овде институциите за крив к не ги бива и да ги однесат во соодветна установа таму бетер ќе ги пореметат, вработените таму ги малтретираат. Се сеќавате на девојчињата од поправниот дом 14 годишни што се проституирале и незнам по колку пати ги носеле на абортус... и сето тоа се криело со години и тоа од институциите кој треба да ги заштитат да ги рехабилитираат тие повеќе ги " убиваат психички". Ова влече корени од се ова што набројав и не не ја бранам ќе си одлежи колку што треба... ама еден ден ќе излезе уште полошо зошто никој нема да и пружи соодветна помош и тогаш може уште полошо нешто да направи.
     
    На winnie02, deskarada, KateKane и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Anaroz1

    Anaroz1 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2021
    Пораки:
    2.224
    Допаѓања:
    5.343
    во Скопје е роден, комшија ми е и го познавав лично, пред некои 10 тина години се преселија во Словенија, не знаев дека е вратен овде, знаев дека се дрогира, ама ова.. страшно
     
    На cresa-jagoda, Ta-mara и Feminka22 им се допаѓа ова.
  18. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.776
    Допаѓања:
    22.791
    Туку ме интересира.
    Му опнаа астрономска казна на диското како што беше со гевгеличанецот што имал гости со фејк сертификати?
    Или само го затворија?
     
    На Осе му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Ова за гевгеличанецот десетти пат го читам во два дена, се релативизира и споредува со дискотеката, нема поента затоа што неговата казна беше вкупно за сите прекршоци меѓу кои и неосигуран персонал, неиздавање фискални сметки, и тоа бил опоменуван повеќе пати од претходни контроли, така да многу е глупо да го користите како аргумент. Инаку и типот излезе и се извини после некој ден за протестот и лажните вести кои се раширија околу случајот.
     
    На FridaodaMk, buba4e89 и Stressed Out им се допаѓа ова.
  20. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.714
    Допаѓања:
    13.459
    Пол:
    Женски
    Според А1он:
    Место во такси е причина за кавгата
    Клементина, која на снимките кои протекоа крвнички го клоца неподвижното тело на Тот, пред да влезат во таксито разговара со него без знаци дека за неколку секунди ќе го нападне. Прво на задното седиште во такси-возилото е седнато единственото момче кое подоцна го штити Тот од удари. По него влегува Анџело заедно со Клементина. Тие му прават место и на убиениот Тот, кој како четврти патник седнува на задното седиште. Во тој момент уште едно момче од друштвото ја гаси цигарата и отвора врата за да седне како петти патник на задното седиште во таксито на спротивната страна од Тот. Бидејќи нема место за него, Андреј, кој е седнат на совозачкото седиште, излегува од таксито, ја кружи колата и го вади надвор Тот.
    Ракометарот разговара со Анџело и Клементина додека излегува. По неколку секунди, кога Андреј се повлекува за одново да влезе во таксито, Клементина излегува и го напаѓа Тот. Тој ѝ ги задржува рацете за да не го удри, по што излегува и Анџело.
    На Тот му пресудил првиот удар.
    Тот и Клементина ги раздвојува Анџело, кој му удира бокс на Тот. Ракометарот губи рамнотежа, но Анџело го удира и вторпат. Додека Тот паѓа, Анџело замавнува и третпат, но го промашува. Тот паѓа на земја. Третоосомничениот Андреј прв го шутира, па по него и Клементина. Тука за првпат истрчува дечкото кој е прв седнат во таксито. Ги трга Клементина, Анџело и Андреј од Тот и се обидува да му помогне. Тој се бори и со Клементина, која успева да се протне и уште еднаш да го шутне Тот во делот на вилицата. Анџело е веќе незаинтересиран, па и ја собира падната чанта на Клементина. Девет лица го гледаат целиот настан, а само дечкото кој претходно ги тргаше осомничените од Тот, му помага на ракометарот. Андреј го удира со рака.
    Додека Тот лежи во бесознание, Клементина и Анџело повторно влегуваат во таксито. Го повикуваат единствениот кој го штити Тот од удари за да влезе, но тој одбива оти уште пробува да го освести ракометарот. Додека трае обидот за освестување на Тот, Клементина повторно излегува од возилото, и го гази ракометарот уште двапати на стомакот. На крај, Анџело ја убедува и таа третпат влегува во таксито. Но, тука првпат се вмешува таксистот, кој е сведок на целиот настан, ја вади Клементина од возилото и самиот заминува со празно такси.
    Откако му удри боксови, првоосомничениот за убиството се обидува да го оживее ракометарот.
    Тепањето на Тот трае нецели три минути. Откако си заминува таксито, осомничените остануваат без превоз. Од дискотеката излегуваат уште неколкумина и заедно со дечкото кој постојано го штитеше ракометарот, од грб го легнуваат на десна страна, го полеваат со вода. Го враќаат повторно на грб и пак дечкото кој цело време го штити почнува сам да му го масира срцето на ракометарот. Приоѓа и Анџело, кој претходно со боксови го онесвести Тот. Двајцата се обидуваат да го вратат во живот. Анџело го презема масирањето на срцето, а дечкото кој го штитеше му дава вештачко дишење. Им приоѓа и Андреј, помага во масирањето на срцето.
    Додека тие се обидуваат да го оживеат, вработена во клубот повикува брза помош. Таа не е сведок на претепувањето на Тот, се појавува десетина минути откако тие излегуваат од клубот. Клементина е единствена од осомничените која не приоѓа да му помогне на Тот. Таа постојано кружи наоколу додека трае обидот да се спаси ракометарот.