Да ти е страв да пуштиш дете во градинка. Не може секој да ја работа оваа работа. Потребно е личност со многу трпение, да знае како да постапува со деца. Исто и оние кои работаат со стари лица. Зар немаат грижа на совест?
А како ќе се расветли настанот, удрила или не? Па и вие одма ја осудивте, божем со сигурност знаете дека го удрила детето...
Каква грижа на совест?! Сигурно не и е прв пат да удри. Сега посилно замавнала или на грешка место удрила. Некои од воспитувачките не се способни да си ја работат работата. Треба да се тестираат секоја година за да се провери нивната психофизичка состојба. Работа со деца е не е со дрво или друг материјал. За пропусти овде нема место. Кога една еднаш ќе биде избркана од работа и притоа да нема можност никаде никогаш да се вработи како воспитувачка, да видиш после како ќе внимаваат сите. И...не е голема инвестиција камери да се постават.
А зошто би му верувале на дете од предшколска возраст 100%, без грам сомнение? Малце објективност. И секој е невин додека не се докаже спротивното.
Затоа што мајката кога го земала од градинка приметила оток и веројатно ја прашала воспитачката. Ако приметила дома веројатно се јавила да праша. Пријавила во полиција поради оградувањето на воспитачката од настанот. Во колку случаи на насилство врз деца излегува на крај дека децата лажат? Во ниеден.
Тоа што пријавила е во ред, правилно постапила. Ама страната на воспитачката не ја знаеме, затоа би се воздржала од осуди пред време. Ако навистина го удрила, не само што треба да ја избркаат од работа, туку и кривично да одговара.
^Ај да видиме што ќе излезе на крај, иако се сомневам дека воспитувачката е во право и дека без основ е обвинета. Па, нивна задача е да ги образуваат, чуваат, негуваат децата. Треба да бидат заштитници, не насилници. Е сега ако не си стават ред на работата и сакаат да се кафедисуваат со колешките или да се лакираат, децата не им се криви што понекогаш не се мирни. Тие деца имаат многу енергија и таа енергија треба правилно да се канализира.
Не ја работат, за осуда се сите нивни постапки, од нечовечко однесување кон пациенти, до ред други работи за кои слушнавме или прочитавме. Не разбирам како некое човечко битие, личност која е медицинско лице да направи такво нешто. Страшно е. Ама кој бил на ГАК знае каков хаос е таму. Навистина има малку вработени кои не знаат главата кај им е, во одредени ситуации кога сум била у гужва и јас не сум била најфината личност, знам да викнам кога не треба и на личност која не е ни најмалку виновна. Нивното однесување не е за оправдување, ама делумно можам да разберам јер работат под огромен притисок. На актуелната тема, мислам дека деца од 6 години одат во забавиште т.е. прво и се во целодневна. Или грешка сум? Малку скандали ли имаше со градинките? И ја да сум родител, и ја би се сомневала дека моето дете не е третирано соодветно.
A kakvo e vaseto razmisluvanje koga dete, deca tepaat vospituvacki? Sto i kako da se sankcioniraat takvite deca?
Деца кои полнат 6 во јануари ,февруари ,одат во градинка. Не судам предвреме,да видиме дали е вистина,да не испадне дека некое дете го удрило на крајот. Инаку точно,има деца кои клоцаат или гризат негувателки.
Не секој треба и може да работи во градинка со деца. Треба трпение и голема посветеност. Стварно треба да се размисли на кого ги оставаме нашите деца. Во последно време се такви случаи во градинка, со дадилка која малтретира деца... страшно Ако е ова точно ( што мислам дека е бидејќи детето имало отоци и е доволно големо да си каже ), нормално дека треба веднаш отказ на воспитувачката па и кривично да одговара
споредуваш удар од дете од 15 кг со удар од воспитувачка од 80 кг? внука ми има 6 и од септември е во школо. До тогаш во градинка.
Пред да почнам да се разбереме,значи ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ НЕ оправдувам насилство врз деца. НО,големо но,кога ќе видам какви родители има и како си ги воспитуваат децата јасно ми е зошто се случуваат вакви работи..
Пред некое време во ЖДМ имаше некоја жена пишано дека видела како воспитувачка удира дете, мислам дека за истата градинка стануваше збор, така да не ми е невозможно Стварно не разбирам зошто некоја одбира да работи како воспитувачка или сестра, кога нема трпение, нерви и хуманост
Ако немаш останато белег од тогаш, ништо... Сигурно без причина не е удрено. Колку треба да те исклучи дете за да кренеш рака на него. За оток не верувам. Сигурно не го мавала со сета сила. Од шлаканица не може да отече.
Па и затоа е таа таму всушност, да се справува со децата. Не ги знам двете страни, па не би да судам. Ама не ме чуди ништо дури и оток да има. Се сеќавате како дадилката го тепаше бебето?