Да сакале да го удираат по главата факт видено и од снимки но не знаеме дали сакале да го убијат. Ударите во глава не се доволна причина да докажеш дека има умисла.
Чоек од удар у глава може сѐ да се деси. Тоа викам. Не моеш да очекуваш да рогаш некој во глава и да стане и да ти реле фала
Може да се Деси се точно и ја тоа викам ама пак не можеме да кажеме дали е со намера да го убијат. За вакви случаи си има дело убиство при тепачка.
Точно си има дело за нивното и нека си сносат последици за стореното, но не е правда ОЈО што му накалемува друго дело.
'Наркоманкава' може има пари да те купи сосе партали. Нема потреба од дерогативни коментари. Наркоманијата е болест, не е нешто за навредување.
Не мора да ја жалите, само да не бидете безобразни и да го користите зборот 'наркоманка' како навреда. Болест на зависност е.
Aма ја не пробувам да ја вреѓам. Она сама се вреѓа со тоа што е наркоманка. Башка за убиец само лоши зборови Ја не сум од тие емпатичните и што ги жалат сите.
Ако ги расцепкам овие 4 реченици да ги објаснам, толку долго ќе пишувам, што најверојатно ќе умрам пред мониторов дури да завршам. Мрза ми е...
Неутрализирање со шутирање по глава? Аха. Епа ела да те шутнам за среќен роденден. Бладаш. Многу бладаш.
Ако не сакала да го убие ќе го шутирала во нога не во глава. Џабе им објаснуваш, преумни сакаат да бидат.
Па тука може да се каже дека и тоа се случило...бидејќи намерно го удираат со намера да му нанесат барем тешки телесни повреди...еве како во случајов би се разграничило со или без умисла? Не ни имаше тепачка, само едната страна тепа додека другата страна е несвесна.
Па по логиката ниедно убиство не може да се разграничи дали е намерно или не. Си го застрелал? Може си сакал да го повредиш не и да го убиеш. Исто и монструмот детето што си го уби пред неколку дена. Може и он немал намера нели И полицаецот што го уби Нешковски. И ред други. Затоа (според мене) има фактори кои влијаат дали било намерно или не. На пример непружање помош после прва повреда/удар е еден од нив.
Добро да, тоа сѐ си е така. Ама конкретно за случајов зборам. Не знам, намерно шутирање во глава, тепање на веќе онесвестен човек, непружање помош...баш тоа мене ми оди во намера за убиство. Можеби и не сум во право.