Па некогаш не гледам фајде што постојат. Во иста држава сигурно не важат различни закони за различни луѓе, барем не треба да важат. Не може сообраќајка со смртни последици каде намерно е направен прекршок да ти донесе слобода ама ако си се одбранил од насилници со пепер спреј да одлежиш притвор и огромна казна и оштета да треба да платиш. Големината на казната треба да е пропорционална со штетата и тежината на делото и условите при кои е извршено. Само што на судијата никој нема да му оспори ако по свој памет лупа казни.
Клементина, Анџело и Андреј се насилници, да бидиме реални малку, Клементина била како што разбрав во психијатриска установа уште на 13 години, проблем со однесување, има 2 годишно дете, а се влечка по клубови со сомнителни ликови, тоа многу кажува за неа како личност. Анџело произведувал дрога во Словенија, единствено за тој Андреј не разбрав. Да беа личности кои никогаш ништо не направиле можеби ќе беше реакцијата на многумина не толку бурна изреагирале несоодветно, во афект, ама не, тука станува збор за проблематични личности и верувам дека тоа придонесе и да биди толку висока казната, што и им е заслужена.
Убиство е,таман се осудени. Сакаш да бидеш насилник, да одземеш туѓ живот, ќе бидеш осуден за делото, дали Клементина не била добра со паметот, дали Анџело и Андреј биле дрогаши, убиле дете на мајка. Родителите на Тот немаат веќе дете заради битангиве погоре. Ова нека биде наравоучение и на останати насилници.
Туку 9.000.000+9.000.000+8.000.000 = 26.000.000 денари или 422.765 евра како оштета што треба да ги платат на семејството на Тот од кај ќе ги најдат? А имаат рок 6 месеци. Што ако не ги платат, што ќе се случи? А плус треба и судски трошоци да платат во рок од 30 дена, не запамтив точни суми, ама знам високи беа. Што ако не платат?
Кога некој е спремен така ноншалантно да одземе нечиј живот, исто така ќе си се спреми да одлежи строга казна за стореното.
Знаете што ги закопа " невиниве"? Тоа што кога дошла брза помош не кажале дека се тепале дека има повреди од тепање. Прикривање на убиство се вика тоа без разлика дали е со или без умисла. Да кажеле дека се тепале, во КАРИЛ ќе го третирале поинаку, а не како да имал срцев удар, не како да имал мозочен удар затоа што немал видливи удари на телото од тепачка. Крај на муабетот.
Не се слагам воопшто Нена. Во болница, особено во болница ко Карил, не треба да се потпираат на изјави на овој, оној, се знае како е обучен медицицинар, да третира состојби и болести спрема симптоми, не спрема изјави на очевидци. Со прикривање на убиство се занимава полиција и правен систем, на здравствен систем му е важно да добие информации, но треба да е спремен дури и ич да не добие. Јас можам да се јавам анонимно да кажам дека некој по улица е онесвестен и обврска е на брзата помош и на сите следни инстутиции што ќе го третираат, да откријат што му е, не јас да им кажам.
Друго е да најдеш некој, друго е да си ти тој кој нанесол повреди, да знаеш што се десило и да криеш.. Да кажеле, да не киднеле, да соработувале од прв момент а не да кријат и да бегаат многу поолеснителни околности ќе имаше.
Да, мислам. А вие со двојниве аршини што да ви праам? Кога таа од Велес го уби маж и (или дечко и беше) сите на нозе правда бараа, сега пошо овој хрват, девојкава наркоманка ко што прочитав, ако и е. Вас да ве вознемирува некој ќе барате правда во оваа скапаница или ќе соберете некој со вас да му одржи лекција на момакот? М? @Серотин а тоа што имам дете е важно за случајов или?
Тоа е точно, но сакам да кажам пак тоа е од правен аспект. Од здравствен аспект не смее да се потпира брзата помош и болница само на изјави од луѓе, има разлики меѓу повреди кои медицинар ги знае и треба да ги гледа, а обичен човек не ги гледа и не верувам дека во Карил се збуниле и затоа има ваков исход. Тоа што го криеле овие, веројатно им дошол како плус еден отежнителен фактор во однос на пресудата...
Од правен аспект они прикриле убиство и крај. Самата докторка кажала дека кога го примиле им било кажано дека овие двајца на Брза Помош им кажале го нашле паднат, а не признале дека го тепале.
Прво, не прај глупи споредби, тоа што ѝ се деси на девојката од Велес, е морбидно, језиво и страшно. Не е за заебавање. Ова, ја фатил за рака? Или дека ја удрил? Од кај знаеме дека не лажат за да си намалат вина? Судијката убаво ги потопи при крајот на судењето, рече дека НЕМА докази дека ја бутнал/удрил. Вие ќе се праите попаметни? уопште не се исти случаите не знам шо мешате баби и жаби. Ќе се научите ли више еднаш на форумов сите вие, да дискутирате нормално? Со факти, аргументи, или издржани ставови? Посл од вас те 30+, а муабетите ви паѓаат у вода ако ви ги дувнам. 2 тупаници Паѓа Андреј го мава у граден кош Клементина еднаш у глава Па пак у глава Андреј у глава Клементина у глава и ова е најјакото значи ако е ракометар убиј го од ќутек, така? Камен да удрите од земја два пати, ќе се расклопи. Уше Анџело ѝ рекол на Тања ,,кај ќе ви иде душата”. па после ова се надевам у рајот у први реф, а твојата на дното на пеколот
Жената од Велес во самоодбрана го уби мажот,откако била тепана. Како го поврза со овој случај? Анџело,Андреј и Клементина во самоодбрана го убиле Тот? Немој. Убиство е со умисла. Го удираа каде стигнаа. Не е битна националноста,зошто потенцираш хрват бил? Па и индиец да беше.
Не само што и е ако, туку и малку и е Ана. Се надевам дека примерот на Климентина нема да ѝ го посочиш на ќерка ти како правилен пример како треба да се брани од некој што ѝ се пушта.