А бе друже... Каков бил шо бил не е е важно. Мртов е како последица на тепачка со смртни последици. Крај.. И најлош човек да бил, он е жртвата, овие се убијците. Тоа е.
Дечкото легнат на земја, не дава знаци на живот, а они уште продолжуваат да го удираат во ГЛАВА . Колку треба да си нечовечен да удираш некој беспомошен легнат за земја??? И тоа ти кажуваш дека не е убиство со умисла?
Ти факултет за драмски учеше или правен? Ако убиството не е докажано, врз основа на што денес овие добија осуда? Дека се грди? Дека ги мрази судијата? Дека обвинителката ги мрази?
Дека не се правилно проценти околностите, на ова не помисли ама ич? Иначе не би постоела и повисока инстанца.
Ах бе... не знам како може вака да пишувате. Да беше ваше дете 2 метра под земја поради тоа што било истепано сигурно немаше вака да зборувате без срам и перде.
Пијани и бесни биле. Зарем мислиш дека пред да го удрат му мереле пулс или со огледалце проверувале дали диши?
Го шутираа во глава. Ако шутираш во глава ,а не во нозе имаш намера да го убиеш. Свесни ,несвесни ќе се освестат во затвор,а и други насилници. Само со високи казни. Стравот чува лозје. Џабе ќе трошат време со жалби. И да им намалат под 15 год нема да бидат.
Значи дечконо кога ја прегази девојкана кај Сити мол трезен , на клада го ставивте сите па и смртна казна ќе баравте, ама кај овие кои свесно крвнички до смрт претепуваат човек барате олеснителна околност дека биле пијани и бесни?? Ајде бре. Утре и јас да се испијанам да земам да испоубијам се што ме нервира и да си бидам раат а? Шо убаво.
Тебе да те изгази некој што е под влијание на алкохол и дрога нема да ти е голема работа пошо сепак не бил при себе а?
Ау ве читам и не ми се верува. Како може да се развие олкава дискусија и некои да ги бранат овие убијци не разбирам. Ова додека го читаа фацата на Анџело беше ваква: Цело судење правеше фаци, а Клементина изгледаше вака: Додека Андреј изгледаше вака: Говорот на телото на сите тројца ќе ви каже кој си ја сфатил грешката (Андреј) а кој се потсмева и не се кае за стореното дело. (Анџело и Клементина). Изгледа заборавате што се случи таа вечер. Фактите се следни: Тот гние под земја, скапува мртов и ништо не може да го врати. Тот е жртва. Било дали бил пијан, провоцирал, досаѓал,се пуштал, шетал по маси, ма во ниеден случај тој не заслужил да биде претепан до смрт! А овие го убија. Тие што ги бранат нека го прочитаат следново: Тот имал: нагмечување со крвен подлив на кожата, крвен подлив во предел на слузницата од левиот агол на устата, пет ситни подливи во проекција на забите од левата страна на горната вилица, во предел на меката поглавина крвни подливи во регијата на десната темена регија, крвен подлив во тилната регија во проекција на нагмечувањето на кожата на тилната регија и крвен подлив кој продолжува према левата страна на вратот, некомплетна скршеница на десната носна коска, едем на ткивото на мозокот, нагмечување во предел на десниот дел од мозочната хемисфера, со околно крварење под меките мозочни обвивки, нагмечување во предел на базалниот дел од десниот челен резен, нагмечување на мозочното ткиво во почетниот дел на рбетниот мозок, крвна подлиеност на меѓуребрената мускулатура од четврто до седмо ребро на левата страна од градниот кош, а поради нагмечувањето на мозочното ткиво на големиот и рбетниот мозок настапила смрт! (не сум стручно лице, можеби сум утнала некој стручен термин) Убијците (освен Андреј претпоставувам!) Не се ни каат. Немаат душевна болка и тежина што одзеле нечиј живот, затоа не е валиден аргументот дека не треба да се судат за убиство! Овие се монструми, секој што ги брани свака му част. Тот умре, на лице место. Убијциве ќе лежат за стореното дело. Крај.
Имаше убиство во Тетово се сеќавам пред повеќе години, и двајца браќа убиле човек, со предмет по глава го треснале и добија по 1 година затвор, или 2 па намалено на 1. Се работеше за Македонец. Убиениот беше Македонец и семејството протестираше пред судот во Тетово. На што личи тоа? 1-2 години за одземен живот? Самите рекоа тогаш „не сме глупави, само немаме пари и врски“, така нешто. Само строги казни. Нека си полежат. Кога ќе го поминат животот во затвор, најубавите години и кога ќе си ја платат отштетата ќе видат што направиле. И титулата „убиец“ е тоа што останува и кочи цел живот. Буквално луѓе што прегазиле човек несакајќи со години никој никаде не ги прима на работа по излегување од затвор, остануваат без денар в џеб, а за овие па да не правиме муабет.
Нема други околности. Тие се околностите. Многу јасно се гледа има снимки црно на бело скроз. Луд треба да си па да бараш влакно во јајце на вака чиста ситуација. Го убија. Со умисла. И не се покајаа.
Еве пошо читнав Колку фора дена имате за жалба? Пошо коа ќе пројде тоа, отиде сѐ у неповрат. А знаеш дека читнувам